fbpx

Регистрирана чвореста кожа кај говедата, нема опасност за луѓето

-

Регистриран е прв случај на болеста чвореста кожа кај говедо во Република Македонија, информираше денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.

– Болеста не е типична за овој регион, но, за жал, и покрај будното следење на состојбата, на 18 април годинава е регистриран првиот случај и кај животно во Македонија, во Демир Капија. Не се пренесува од животни на луѓе, но е многу опасна кај говедата бидејќи може да предизвика големи економски штети – рече Поповски.

Тој вели дека инкубацијата на болеста трае две-три недели, а симптомите се зголемена температура над 40 степени, апатичност на животните, исцедок од носот и од устата, неконсумирање храна редовно и пад на млечноста.

– Болеста е лабораториски потврдена на 21 април по земените примероци и извршената анализа во Бугарија, од едно говедо кај едно домаќинство во Демир Капија, во местото Чифлик. Станува збор за вирус и болеста се пренесува преку вектори, односно преку каснување од комарци и од муви, но може да се пренесе и преку директен контакт на самите животни и преку храна и вода – вели Поповски.

За сузбивање и за спречување на ширење на болеста, животното е убиено и отстрането, исто како и животните што биле во контакт со него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...