fbpx

Кривичниот совет ги укина притворите на уште двајца осомничени во „Транспортер“

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на денешната седница ги уважил жалбите на двајца осомничени во случајот „Транспортер“ и наместо мерката притвор, што им ја одреди судијата на претходна постапка, им определил мерки за обезбедување присуство, соопштија попладнево од Кривичниот суд.

„Жалбите на одбраната на обвинетите С.М. и А.Ш. против решението на судија на претходна постапка за определување мерка притвор се уважуваат и решението на судијата се преиначува така што се определуваат мерки за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа, обврска на осомничените да се јавуваат во судот во Битола и забрана за осомничените да го напуштаат живеалиштето“, стои во соопштението од судот.

Минатиот петок, Кривичниот суд по жалба на одбраната, му го укина притворот и на првоосомничениот во „Транспортер“, С.Б., секретар во Општина Битола и најблизок соработник на градоначалникот Владимир Талески. Со ова Кривичниот совет ги преиначи сите одлуки на судијата на претходна постапка со кои им беше одредена мерка притвор на тројца осомничени во случајот.

На денешната седница, како што информираат од судот, било одлучувано и по жалбите на СЈО против одлуката на судијата да не им одреди притвор на двајца осомничени во случајот „Транспортер“. Кривичниот совет ги одбил жалбите на СЈО и го потврдил решението на судијата на претходна постапка за определување мерки за обезбедување присуство.

„Жалбите на Обвинителството против решението на судијата на претходна постапка се одбиваат и се потврдува решението на судијата со кое на лицата В.Д. и А.А. им се определуваат мерки за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа, обврска на осомничените да се јавуваат во судот во Битола и забрана за осомничените да го напуштаат живеалиштето“, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Специјалното јавно обвинителство на 14 април отвори истражна постапка поради основани сомневања за сторена злоупотреба со превозот на ученици во Битола, во која осомничени се вкупно 22 лица.

Осомничен во случајот е и битолскиот градоначалник Владимир Талески, против кого не се води постапка бидејќи е еден од 56-те лица што беа аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...