fbpx

Одложен распитот на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“

-

На барање на адвокатите, денеска во Основниот суд Скопје 1 повторно се одложи распитот на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за уривањето на комлексот „Космос“ на бизнисменот Фиат Цаноски.

Како што информираат од Кривичниот суд, одбраната од судијата на претходна постапка побарала дополнително време за да го заврши увидот во предметот и во доказите, поради што распитот е презакажан за 23 мај.

„Во однос на случајот во јавноста познат како „ТНТ“, денеска во просториите на Основен суд Скопје 1 по барање на одбраната се одложи предвидениот распит на четворица осомничени за кои Обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) предложи определување мерки за обезбедување нивно присуство. Одбраната од судијата на претходна постапка побара дополнително време за да го заврши увидот во предметот и во доказите, со што следниот распит е закажан за 23 мај 2016 година“, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Распитот на осомничените првично беше закажан за 10 мај, но беше одложен за денеска, исто така на барање на одбраната.

Првоосомничена во случајот „ТНТ“ е градежната инспекторка во Општина Гази Баба, Елисавета Најдовска, иако, како што рече обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, при образложувањето на случајот, уривањето без сомневање било направено по налог на поранешениот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, а во координација со актуелниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски. Против нив не се води постапка бидејќи беа аболирани од претседателот Ѓорге Иванов.

За Најдовска, СЈО бара од судот да ѝ биде одземен пасошот и да ѝ се наметне обврска да се јавува пред надлежен суд, а истите мерки тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, ги бара и за другите тројца осомничени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...