понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Совет за безбедност | 60 резултати

Вонреден состанок на СБ на ОН за Сирија

октомври 7, 2016

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи вонредна седница за Сирија, откако специјалниот известувач на ОН, Стефан де Мистура, предупреди дека источниот дел на Алепо може да биде целосно уништен во следните неколку месеци во руската и сириската воена офанзива. Русија побара одржување на вонреден состанок по извештајот на Де Мистура, кој ќе се […]

СБ на ОН едногласно го поддржа Гутерeш за генерален секретар

октомври 6, 2016

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска едногласно го номинираше поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш за генерален секретар на светската организација и му порача на Генералното собрание на ОН да го именува со мандат од пет години, од 1 јануари. Генералното собрание веројатно ќе се состане следната недела за да го одобри именувањето на 67-годишниот Гутереш, […]

Гутереш на чекор да биде избран за нов генерален секретар на ОН

октомври 5, 2016

Поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш, речиси со сигурност ќе биде новиот генерален секретар на Обединетите нации (ОН) откако на денешното гласање ниту една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН не стави вето на неговиот избор, јавуваат светските агенции. Денешното, шесто неформално гласање за нов генерален секретар на светската орагнизација беше […]

Русија од денеска претседава со Советот за безбедност на ОН

октомври 1, 2016

Русија од денеска е нов претседавач со Советот на безбедност на Обединетите нации (ОН), во екот на силни тензии поради војната во Сирија. Делегацијата на Русија го презема претседавањето со Советот на безбедност на ОН во моменти кога состојбата во Сирија се влошува и кога изборот на нов генерален секретар на Светската организација е во […]

Францускиот амбасадор во ОН тврди дека во Алепо се извршени воени злосторства

септември 26, 2016

Францускиот амбасадор во ОН, Франсоа Делатр, пред почетокот на заседанието на Советот за безбедност, рече дека во сирискиот град Алепо се извршени воени злосторства. Непосредно пред заседанието на Советот на безбедност по повод ескалацијата на воената кампања во Сирија, францускиот амбасадор во ОН истакна дека во Алепо се извршени воени злосторства и побара тоа да биде […]

Керим меѓу првите четворица по денешното гласање за генерален секретар на ОН

септември 9, 2016

Кандидатот на Македонија за генерален секретар на Обединетите нации (ОН), Срѓан Керим, е меѓу првите четворица по завршениот четврти круг на гласање, соопштија од неговиот кабинет. По денешниот неформален круг на гласање, на прво место и понатаму е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, втор е кандидатот од Словачка, Мирослав Лајчек, а на трето место е […]

Советот за безбедност на ОН ја осуди Северна Кореја за ракетните проби

август 27, 2016

Советот за безбедност на Обединетите нации ја осуди Северна Кореја поради лансирањето на балистички ракети и соопшти дека ќе преземе „значајни мерки“ како одговор на последните проби. Тоа Пјонгјанг го оцени како провокација. Текстот на резолуцијата за осуда на балистичкото тестирање беше едногласно усвоен вчера и за него гласаа сите 15 членки на Советот за […]

Советот за безбедност на ОН ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот

август 25, 2016

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот на политичко ниво, со оценка дека и понатаму постојат бројни предизвици кога е во прашање безбедносната ситуација на Косово. На денешната седница, на која бил претставен извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, за работата на УНМИК, амабасадорот […]

Бан Ки-мун сака следниот генерален секретар на ОН да биде жена

август 16, 2016

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки-мун изјавил дека тој лично би сакал, кога ќе му истече мандатот, на негово место да дојде жена, што би било првпат од основањето на светската организација пред повеќе од 70 години, јавуваат светските агенции. Бан, чиј втор мандат од пет години како генерален секретар на ОН му […]

Гутереш води и по вториот круг гласање за нов ген-сек на ОН, Керим останува во трката

август 6, 2016

Во Советот за безбедност на Обединетите нации се одржа вториот прелиминарен круг на гласање за избор на нов генерален секретар на Светската организација, во кој најмногу гласови, како и во првиот круг освоил поранешниот премиер на Португалија Антонио Гутереш. Според дипломатски извори, за кандидатурата на Гутереш гласале 11 членови на Советот за безбедност, двајца биле […]

Македонија нема да ја подигне безбедноста – таа е зголемена уште од нападите во Париз

март 22, 2016

Македонија нема потреба да гo подигнува нивото на мерките на безбедност по терористичките напади во Брисел, бидејќи, како што неофицијално велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР), тие се на повисоко ниво уште по нападите во Париз од 13 ноември минатата година и таквата состојба е сè уште на сила. Од МВР велат дека […]

Иванов: Македонија ќе ги преземе сите мерки за заштита на државните граници и на националната безбедност

март 16, 2016

Македонија ниту е членка на Европската Унија, ниту на НАТО, ниту е дел од шенген-зоната и не може да ги трпи последиците на неединствената политика на Унијата, порача претседателот Ѓорге Иванов по седницата на Националниот совет за безбедност во поширок состав, свикана откако околу 1.500 бегалци илегално влегле во Македонија од Грција. – Синоќа се случи […]

Почна седницата на Советот за безбедност во проширен состав

март 15, 2016

Седницата на Националниот совет за безбедност во проширен состав почна во претседателската резиденција на Водно. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ја свика седницата откако вчера на македонска територија нелегално влегоа 1.500 мигранти преку јужната граница со Грција. На седницата на Советот за безбедност, субјектите на системот за управување со кризи задолжени за превенција […]

Иванов за вечерва го свика Советот за безбедност

март 15, 2016

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва по враќањето од официјалната посета на Египет, ќе го свика Советот за безбедност во проширен состав. На седницата на Советот за безбедност, субјектите на системот за управување со кризи задолжени за превенција и за справување со кризната состојба, ќе ги информираат претседателот и членовите на Советот за безбедност за заканата […]

Советот за безбедност усвојува резолуција за прекин на финансирањето на ИД

декември 17, 2015

Советот за безбедност на ОН денеска треба да усвои резолуција за начинот на прекинување на финансирањето на милитантите на Исламска држава преку илегална продажба на нафта и на антиквитети, земање пари за ослободување бегалци и преку други криминални активности. За таа цел, првпат ќе се сретнат министрите за финансии на 15 земји-членки на Советот. Десет […]

Бодликава жица на границата со Грција ако бегалската криза излезе од контрола

ноември 15, 2015

Советот за безбедност по синоќешната седница, која траела до доцна во ноќта, изрази најостра осуда за терористичките напади во Париз и длабоко и искрено сочувство до граѓаните на Француската Република. Во врска со заканите од насилниот екстремизам и од странските терористички борци, констатирано е дека институциите редовно преземаат мерки и информираат. Безбедносните служби реферирале за сите […]

Страна 3 од 3