fbpx

Советот за безбедност усвојува резолуција за прекин на финансирањето на ИД

-

Советот за безбедност на ОН денеска треба да усвои резолуција за начинот на прекинување на финансирањето на милитантите на Исламска држава преку илегална продажба на нафта и на антиквитети, земање пари за ослободување бегалци и преку други криминални активности.

За таа цел, првпат ќе се сретнат министрите за финансии на 15 земји-членки на Советот.

Десет земји, меѓу кои САД, Франција, Велика Британија и Шпанија, веќе го потврдија своето учество на состанокот, кој ќе се одржува попладнево по средноевропско време.

Со резолуцијата, од земјите-членки на Советот за безбедност се бара „енергично и одлучно“ реагирање за да се секнат изворите на финансирање на ИД.

Државите се повикуваат во своите национални закони да го прогласат за тежок криминален акт финансирањето на тероризам и да ја интензивираат размената на информации на оваа тема и меѓу владите на земјите и на друго ниво.
Советот за безбедност во февруари усвои резолуција за казнување поединци и групи што ја финансираат ИД преку купување шверцувана нафта или археолошки артефакти украдени од Сирија и од Ирак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...