вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: слобода | 46 резултати

СДСМ: Никола Груевски е проблемот за иднината на Македонија

7 април 2016

Денешното правдање на Никола Груевски паѓа во вода исто како што тоне самиот Груевски, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ велат дека Никола Груевски е проблемот за иднината на Република Македонија, а дека Македонија застанува на страната на слободата, на страната на вистината, на страната на демократијата и дека почнува […]

Уставниот суд донесе срамна одлука, реагираат опозицијата и граѓанските задруженија

16 март 2016

Опозициските политички партии денеска ја осудија одлуката на Уставниот суд со која на претедателот на државата му се овозможува да помилува и да аболира лица гонети за изборен криминал, педофили и нароко-дилери. Од опозицискиот СДСМ велат дека срамната одлука на Уставниот суд не е ништо друго освен класична злоупотреба на партиските инсталации во судството, со […]

ССНМ: Ниту еден партиски центар нема да ни држи лекција по новинарска етика

4 март 2016

Самостојниот синдикат за новинари и медиумски работници денеска излезе со став за тоа што, всушност, новинарите добија од Договорот од Пржино, односно дека новинарите сега се уште поисплашени и помалодушни, дека сега има посилна офанзива за да се отстранат неподобните новинари, се прават нови групирања и поделби меѓу новинарите. Од Синдикатот се сомневаат дека сметката […]

Спасовски: Кулминира притисокот врз новинарите

10 декември 2015

„Нема прогрес таму каде што имате уценети, тепани или затворани новинари. Институционалната репресија е инструмент на тоталитаризмот, на диктатурата, какво и да е пакувањето во кое таа се нуди“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во обраќањето на конференцијата на тема „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“, организирана од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). […]

„Е-општество“: Мора да има рамнотежа меѓу слободата на изразување и правото на приватност

10 декември 2015

Треба да се постигне рамнотежа меѓу слободата на изразување и правото на приватност, е заклучокот од денешната единаесетта меѓународна конференција „Е-општество“, посветена на слободата и на приватноста на интернет, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и на Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Франција. Амбасадорката на Франција во Македонија, […]

Денеска конференција „Е-Општество“ за слобода и за приватност на интернет

10 декември 2015

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“, што се одржува денеска во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир од […]

Утре конференција „Е-општество“ за слобода и за приватност на интернет

9 декември 2015

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“, што ќе се одржи утре во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир […]

Хан: Само целосно спроведување на Договорот од Пржино ќе обезбеди фер избори

4 ноември 2015

Само целосното спроведување на Договорот од Пржино ќе овозможи во април да се одржат фер и демократски избори, оцени еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на денешната конференција во Брисел „Спик ап“ („Проговорете“ или „Кренете глас“) за медиумската состојба во земјите од Западниот Балкан и во Турција. Еврокомесарот вели дека изборите во април 2016 година ќе бидат набљудувани од огромен […]

Заев: Идната година во вистинска слобода да го дочекаме Денот на независноста

8 септември 2015

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од партиска делегација, Денот на независноста го прослави со граѓаните во месноста Три Круши. Заев, на присутните им кажа дека делегацијата го посетила гробот на Киро Глигоров и својот говор го почна цитирајќи го првиот македонски претседател со говорот што го одржа на денот кога беше прогласена независноста. Претседателот на […]

Писториус ќе излезе од затвор по 10 месеци

13 август 2015

Олимпиецот Оскар Писториус на 21 август ќе биде пуштен на слобода, само 10 месеци откако беше осуден за убиството на својата девојка Рива Стинкамп, извршено пред две години на Денот на вљубените. Писториус е осуден на пет години затвор, но ќе биде пуштен многу порано, поради „добро поведение“. Како што јавуваат светските медиуми, иницијативата за […]

Лишени од слобода неколку лица, меѓу кои и 65-годишна жена

19 јули 2015

СВР-Скопје, постапувајќи по судска наредба, го лиши од слобода лицето Али К. (35) од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од 10 месеци за кражба. Истиот е спроведен во полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка. СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба ја лиши од слобода Санда Н. (65) од Скопје, која […]

Хан од балканските влади бара поголема слобода за медиумите

12 јуни 2015

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во видеообраќање на регионалната конференција на БИРН во Сараево „Предизвици за медиумската слобода“, изјави дека состојбата со слободата на медиумите на Балканот предизвикува голема загриженост и бара итно внимание. Хан рече дека слободата на медиумите на Балканот останува точка на особена загриженост за Европската комисија, особено прашањето на владиното мешање и […]

Орав: Македонија има проблем со демократијата, слободата и со правата

19 мај 2015

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, вели дека Македонија има сериозни проблеми во поглед на вредностите за демократија, слобода и за правда кои ги промовира Европската унија. Орав на дебатата насловена „Европската унија треба да се прошири и да ги вклучи земјите од Западен Балкан“, рече дека единствените позитивни моменти од изминатава година за […]

„Цивил“ реагира на превирањата во ССМ

11 април 2015

„Превирањата во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) продолжуваат. „Цивил“ веќе подолго време инсистира на ставот дека правото на синдикално организирање е едно од основните права на работниците, а силен и независен синдикат со демократска структура е од суштинско значење за заштита на работничките права“, реагира „Цивил“. „Следејќи ги последните настани во ССМ, ја изразуваме […]

Советот на честа на ЗНМ ја осуди реакцијата од кабинетот на претседателот Иванов

9 април 2015

Советот на честа при Здружението на новинари изразува загриженост и го осудува непримерниот речник  во реакцијата на Кабинетот на Претседателот на РМ, по повод текстот „Иванов во изолација на Водно“. „Советот смета дека е неприфатливо оваа државна институција во реакцијата потпишана од генералниот секретар, Борис Јосифовски, да користи вокабулар од типот ’Вашите лични фрустрации, комплекси […]

Заев за ХРТ: Да ги вратиме слободата и демократијата

16 март 2015

„Јас знам дека ова ќе трае се додека не се врати слободата и демократијата во Македонија“ , изјавил лидерот на СДСМ за хрватската телевизија „ХРТ“. – Ништо ниту помалку, ниту повеќе, не ме интересира мене, раководството на најголемата опозициона партија и целата коалиција, коишто сме со исти ставови. Девет години сме опозиција. Можеби заради тоа […]

Пленумци: Нè има и на Универзитетот „Гоце Делчев“

17 февруари 2015

Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип им дадоа поддршка на своите колеги од „Студентски пленум“ во окупацијата на факултетите. Штипските студенти попладнево одржуваат координативна средба за следните насоки за дејствување. Окупација на фукултетите на УГД засега нема, но студентите се огласија со соопштение до јавноста. Во него, тие потврдуваат дека пленумци има и во Штип, но […]

„Фридом хаус“: Македонија е делумно слободна земја

28 јануари 2015

„Фридом хаус“ соопшти дека минатата година бил забележан „вознемирувачки“ пад на слободата, а според нив, најмалку слободна земја е Сирија, додека руската инвазија врз Украина е оценета како удар по демократијата. Во годишниот извештај, под наслов „Отфрлање на демократијата: Враќање на железната тупаница“, се вели дека зголемениот број терористички напади и интензивирањето на агресивните тактики […]

Обвинителство се согласи Вранишковски да биде условно пуштен

12 јануари 2015

Со издржување на повеќе од половина од затворската казна и со надоместување на штетата за која е осуден, исполнети се законските услови Јован Вранишковски да биде условно ослободен, информираат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и на корупција. „Осудениот Јован Вранишковски е правосилно осуден на единствена затворска казна од пет години и […]

Ердоган: Турција има најголема слобода на медиумите

27 декември 2014

Турција има најслободен печат во светот, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, отфрлајќи ги на тој начин критиките дека медиумските слободи се сериозно ограничени за време на неговото владеење, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“. „Никаде низ светот печатот не е послободен отколку во Турција. Многу сум сигурен во себе кога ова Ви го кажувам“, изјави Ердоган во говор на […]

Страна 2 од 3