fbpx

„Цивил“ реагира на превирањата во ССМ

-

„Превирањата во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) продолжуваат. „Цивил“ веќе подолго време инсистира на ставот дека правото на синдикално организирање е едно од основните права на работниците, а силен и независен синдикат со демократска структура е од суштинско значење за заштита на работничките права“, реагира „Цивил“.

„Следејќи ги последните настани во ССМ, ја изразуваме нашата загриженост поради одложувањето на седницата на претседателството на ССМ, на која треба да се констатираат два кандидати за избор на претседател на ССМ. Уште позагрижувачки е тоа што ова одложување се користи за дополнителни притисоци врз синдикатите што го поддржуваат Симон Силјановски, противкандидатот на досегашниот претседател, Живко Митревски“, пишува во соопштението на „Цивил“.

Од „Цивил“ нагласуваат дека правото на синдикално организирање е неприкосновено, а синдикатот (ССМ) мора да има демократска структура за да може доследно и транспарентно да дејствува и да ги застапува правата на работниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...