fbpx

Утре конференција „Е-општество“ за слобода и за приватност на интернет

-

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“, што ќе се одржи утре во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Франција.

Бардил Јашари, директорот на „Метаморфозис“, вели дека целта на конференцијата е да се пренесат научените лекции од регионот и од ЕУ, а истовремено да се презентираат и да се разговара за предизвиците со кои сме соочени во Македонија.

– Рамнотежата помеѓу слободата на изразување, приватноста и безбедноста на граѓаните е многу комплексна и чувствителна. За жал, многу често, предложените законски решенија и политики кои, всушност, треба да ја обезбедат таа рамнотежа, се неефикасни поради недостиг на јасно и на универзално разбирање на самиот концепт на приватноста и уште понеефикасната имплементација. Се случува во име на безбедноста и на сигурноста на граѓаните, владите многу често да го дерегулираат тој баланс. Во Македонија имаме драстично назадување на слободата на изразување, а истовремено беше загрозена приватноста на илјадници граѓани – вели Јашари.

На конференцијата, во четирите сесии, ќе бидат опфатени теми како што се човековите права како основа на современото општество, приватноста, слободата на изразување, споделувањето на најдобрите практики во едукацијата за човекови права, алатките за подобрување на безбедноста и на приватноста на интернет, новинарските стандарди и човековите права и борба против говорот на омраза, човековите права и избори, други човекови права, како и заклучоци и препораки за идни чекори.

Конференцијата ќе ја отворат француската амбасадорка Лоренс Оер, заменикот министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов, државниот секретар за европски прашања Ана Блажеска, директорт на меѓународниот институт за човекови права и мир, Жонас Боша и директорт на „Метаморфозис“, Бардил Јашари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...