fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Дедомразовска трка во центарот на Скопје

Денеска, во 12 часот, во центарот на Скопје ќе се одржи Дедомразовска трка, како дел од празничната новогодишна програма на градот. Подигнувањето на стартните пакети е од 9 до 11 часот. Патеката по која ќе се трча почнува од плоштадот Македонија во правец на Градската болница, новата зграда на МНР, по мостот кај „Холидеј ин“, покрај кејот на Вардар кон...

Скопје: Наши пари за нивни скапи проекти и за политички поени

Три проекти на три скопски општини ги обединува едно -  сите имаат првенствено декоративна функција. Паркот на езерата во Аеродром, Боемската улица во Центар и плоштадот Делфина, иако во различни општини, имаат заеднички именител – висока цена и постојано фалење со тоа зошто и колку многу наши пари потрошиле нивните ментори. Општините во Скопје во последниве години вложија многу пари во разубавување на јавните простори,...

За билет купен од возачот, ЈПС ќе наплаќа 60 денари

Oд 1 јануари следната година, доколку сакате да купите билет директно од возачот на автобусот на ЈСП Скопје, ќе мора да платите 60 денари, предвидува новиот ценовник на Град Скопје и на Јавното сообраќајно претпријатие. Предлогот треба да го гласаат градските советници на седницата што ќе се одржи во вторник. Ќе може да се плаќа со електронска картичка и со мобилен...

Спектакуларни фотографии на пилот на „Виз ер“ од Скопје во магла

Пилотот на „Виз ер“, Хрвоје Булиќ, на својот фејсбук-профил објави неколку фотографии од Скопје под магла. Единствено по што се препознава дека станува збор за главниот град на Македонија е светлечкиот крст на Водно. // Dragi moji Makedonci, posto ste napravili toliku pomutnju oko slike evo vam ih sve u boljoj rezoluciji, ako tko zeli full verziju neka se javi pa...

„Чех ерлајнс“ ќе лета Скопје – Прага од 20 мај 2016 година

„Чех ерлајнс“ (CSA) ќе почне со летови на линијата Скопје - Прага од 20 мај 2016 година и ќе лета двапати неделно кон аеродромот „Александар Велики“. Редот на летање е направен да одговара на македонските деловни и туристички патници кои патуваат во Прага, односно Чешка. - Авиокомпанијата „Чех ерлајнс“ оваа линија успешно ја опслужуваше од 2005 до 2012 година. Повторното летање за...

Кривични пријави за двајца разбојници од Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Љ.Ј.(22) поради сомневање дека сторил три кривични дела, од кои две разбојништва и еден напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, и против скопјанецот В.П. (34) поради постоење сомнеж дека сторил две разбојништва, при што обајцата стекнале противправна имотна корист од околу 15.050 денари. Судија на претходна постапка на...

Ограбен стан во Аеродром

Непознато лице вчера ограбило стан во скопската населба Аеродром, сопственост на 32-годишниот Д.Ц. Како што соопшти полицијата, крадецот украл златен накит, мобилен телефон и машки рачен часовник во вредност од 70.000 денари. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

В недела привремен сообраќаен режим на Трета македонска бригада

В недела, на дел од улицата Трета македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев, ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 17 часот, а на коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација. Привремениот сообраќаен режим ќе се воведе поради изведување прекопи за поставување подземни инсталации. Градот Скопје апелира до сите...

„Коха диторе“: Најмалку седум борци на ИД се кријат околу Скопје

Најмалку седум косовски државјани што се бореле на страната на Исламска држава (ИД) во Сирија пред три недели се вратиле на Балканот и се засолниле во регионот на Скопје, пишува денеска косовскиот весник „Коха диторе“. Повикувајќи се на информации од разузнавачките агенции, вклучувајќи ја и косовската, весникот пишува дека меѓу џихадистите повратници биле и Лавридим Мухаџери и Ридван Хакифи и уште...

Црниот петок и дождот го наполнија Сити мол

Полни продавници и ходници со луѓе, главно млади, со по неколку кесиња тешко се движат низ гужвата во Скопје сити мол по повод т.н. Црн петок – првиот ден по американскиот празник Ден на благодарноста, кој како можност за шопинг со попусти, очигледно заживува и кај нас и добива македонска димензија. Приодите кон Сити мол и паркинзите од утрово се...

Уапсени три лица барани за извршување затворска казна

СВР-Скопје, по судска наредба, лишила три лица од слобода, барани за издржување затворска казна. Полицијата го лишила од слобода 46-годишниот скопјанец Никола П., кој се барал за издржување затворска казна во траење од четири години за измама, како и 25-годишниот Сабухан М. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од осум месеци за прикривање. Третиот лишен...

Украдени два пиштола

Непознато лице во средата ограбило куќа на скопската улица Финска, сопственост на 33-годишниот С.Б. Крадецот од куќата одзел пиштол марка „танфоглио“, калибар 9 милиметри, по што го напуштил местото на настанот. Полицијата, која вчера добила пријава за кражбата, работи на целосно расчистување на случајот. Истовремено, дебарската полиција добила пријава дека од домот на 53-годишниот И.В. (53) од селото Мал Папрадник, во периодот од 18 ноември до...

Полицајци разубедија човек да не се фрли од скеле на зграда во центарот на Скопје

Oткако полицајци во цивил го разубедиле и го задржале работникот што сакаше да скокне од скелето на зградата над „Мекиците од стража“, на улицата Македонија, заврши спасувачката драма во строгиот центар на Скопје. Според сведоците, неколку граѓани се обидувале да го одвратат работникот од намерата да скокне од скелето на четвртиот кат додека не дошла полиција. Полицајци во цивил за неколку минути се...

Марш за поддршка на бегалците во Скопје

Во центарот на Скопје се организира марш за поддршка на бегалците, на кој присуствуваше и француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер. Настанот е во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а активистите на улица носеа транспаренти на кои пишуваше „Сите сме дојдени од некаде“ и „Македонија, земја на хумани и солидарни луѓе“.  

Денеска се одбележуваат 71 година од ослободувањето на Скопје

Со низа активности и свечености денеска се одбележува 71-годишнината од ослободувањето на градот Скопје. На партизанските гробишта во Бутел, владина и делегација од Градот ќе положат свежо цвеќе. Исто така, свежо цвеќе ќе се положи и пред споменикот на генералот Михајло Апостолски, како и пред споменикот на ослободителите на градот, кој се наоѓа на платото пред Владата на РМ. Претходно градоначалникот...

Иако е во Приштина, Хан не доаѓа во Скопје и по договорот

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој денеска е во посета на Косово, сепак, нема да ја посети Македонија. Од прес-службата од канцеларијата на еврокомесарот, на прашањето „дали ќе ја посети Македонија по вчерашното постигнување на договорот“, кратко одговорија „не“. Хан е во посета на Приштина по повод потпишувањето на спогодбата за стабилизација и за асоцијација на Косово...

Завршна конференција за проектот за зајакнување на капацитетите во затворите

„Изградба на капацитетите на агенциите за спроведување на законот за соодветен третман на притворените и на осудените лица“ е проект финансиран од ЕУ и спроведуван од Советот на Европа, за кој денеска во Скопје ќе се одржи завршна конференција. Проектот се фокусира на две главни компоненти – казнениот систем и полицијата. Целта е зајакнување на организациските и на раководните капацитети...

Дуке Бојаџиев за 2016 година најави концерт во Скопје

На 20 февруари во арената „Метрополис“ во Скопје, ќе се одржи концерт на композиторот, пијанист и продуцент Дуке Бојаџиев, насловен „Дуке и пријателите“. На својот најголем концерт во досегашната кариера, Дуке ќе настапи заедно со своите пријатели и соработници: пејачките Каролина Гочева и Тања Царовска, актерот Никола Ристановски, кларинетистот Исмаил Лумановски и перкусионистот Матијас Кунзли - сите придружувани од камерен оркестар. Ова...

„Трип адвајзор“: Скопје најпосетено од туристите, Охрид на второ место

На врвот на листата на македонски градови што странските туристи најмногу ги посетуваат, се наоѓа Скопје, а потоа следат Охрид, Битола, Струга, Тетово и Струмица. Во Охрид туристите се најмногу воодушевени од Охридското Езеро и од црквата „Св. Јован Канео“, како и од националниот парк Галичица, заклучува најпознатата светска страница за информирање на туристите, „Трип адвајзор“. Во Струга, која е на четвртото...

Автопатот Скопје – Градско затворен за сообраќај, се вози по стариот пат

Екипата на францускиот филм „A фонд“ го заврши снимањето на скопската обиколница и од вторникот снимањето е на дел од автопатот од мотел „Македонија“ до Градско. Поради тоа, од 5 до 18 часот сообраќајот се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација. Снимањето е планирано да се одвива во работни денови. Поради обилни врнежи од дожд, сè уште е...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...