fbpx

Дедомразовска трка во центарот на Скопје

-

Денеска, во 12 часот, во центарот на Скопје ќе се одржи Дедомразовска трка, како дел од празничната новогодишна програма на градот. Подигнувањето на стартните пакети е од 9 до 11 часот.

Патеката по која ќе се трча почнува од плоштадот Македонија во правец на Градската болница, новата зграда на МНР, по мостот кај „Холидеј ин“, покрај кејот на Вардар кон Археолошкиот музеј, плоштадот Филип Втори, Камениот мост, до целта на плоштадот Македонија.

Учеството во трката чини 199 денари, а секој натпреварувач добива стартен број и новогодишна капа. За првите 250 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и од брада. Учесниците кои немаат дедомразовски костум, треба да носат новогодишна капа и да бидат облечени во облека во црвена боја.

Покрај натпреварувачки, трката има и забавен карактер. Добродојдени за учество се сите старосни групи. Должината на патеката е 1,5 километар, можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето е преку веб-страницата www.prvdovrv.mk.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и на освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Трката ја организира Град Скопје преку Конгресниот центар „Александар Македонски“ и Здружението „Прв до врв“, а нејзин главен поддржувач е „Кока-кола“.

Ова ќе биде второ издание на трката во која учесниците се облечени во дедомразовски костуми, по ланската премиера.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...