fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

„Стоп за цензурата“ и „Бомбите не ги даваме“, порачаа граѓаните пред Собранието

Неколку стотини граѓани денеска се собраа пред Собранието на Република Македонија на протест против најавениот предлог-закон за забрана на објавување на прислушуваните материјали и порачаа „Стоп за цензурата“ и „Не ги даваме бомбите“. Демонстрантите протестот го одбележаа со тоа што на разглас пуштаа дел од „бомбите“ што ги објавуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Билјана Бејкова од Граѓанската платформа „Ајде“...

Скопската обиколница и денеска затворена

Скопската обиколница и денеска ќе биде затворена за сообраќај, заради снимањето на францускиот филм „А фонд“, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), во име на продуцентската куќа „Шик филмс“ (Chic Films) и „Мануфактура продукција“. Како што информираат од АМСМ, обиколницата околу Скопје за сообраќај ќе биде затворена до сабота (10 октомври), за потребите на снимањето на филмот.

Денеска свеченост по повод Светскиот ден на институтите „Конфучиј“

Денеска, во организација на Институтот „Конфучиј“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, во Скопје ќе бидат одбележани 26 септември - Светски ден на институтите „Конфучиј“, Празникот на средината на есента и 1 Октомври – Националниот ден на НР Кина. Светскиот ден на институтите „Конфучиј“ ќе биде одбележан со отворени часови по кинески јазик и култура, додека Празникот на средината на есента...

Од стан во Скопје украдени 300.000 денари

Во периодот од 14 до 16 септември годинава, во Скопје, на булеварот Кочо Рацин, непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба во стан, сопственост на О.С. (55), од каде одзел разновиден златен и сребрен накит, по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопската обиколница и денеска отворена за сообраќај

Обиколницата околу Скопје денеска повторно ќе биде отворена за сообраќај поради најавата за дожд, информира македонската продукција „Мануфактура“ во име на продукцијата од Франција „Шик филмс“, која таму го снима филмот „А Фонд“. Филмот почна да се снима во понеделникот, кога обиколницата беше затворена за движење на возила. Поради неповолната временска прогноза, екипата денеска нема да снима и автопатот ќе биде...

Затворената обиколница направи тесно грло од центарот на Скопје

Метеж и нервоза кај возачите денеска има низ улиците во Скопје, а се предизвикани од затворањето на обиколницата за потребите за снимање на францускиот филм „A Фонд“. Тоа создаде тесно грло по улиците и по булеварите низ центар на градот. Метежот е интензивен по булеварот Никола Карев, односно т.н. Пластичарска улица, а колона возила има и по булеварот Илинден. „Никаде во светот не е...

Во продажба билетите за „Скопски џез-фестивал“

Билетите за претстојното издание на „Скопски џез-фестивал“, кој оваа година ќе се одржи од 15 до 18 октомври, се пуштени во продажба. Билетите можат да се набават на билетарниците на „Југотон рекордс“ и на Македонска опера и балет, како и преку интернет на www.mktickets.mk. Цените на билетите и сите други детали околу продажбата се достапни на веб-страницата на фестивалот www.skopjejazzfest.com.mk.  

Запалено возило на скопјанец

Непознат сторител, вчераутро, со запалива течност предизвикал пожар на возило, марка „хонда“, сопственост на скопјанецот М.С. (32). Според полицијата, возилото, кое било паркирано на улицата 1010, било запалено околу 2.10 часот. Пожарот го изгасила екипа на скопската противпожарна бригада, а тим на Секторот за внатрешни работи Скопје извршил увид на местото и работи на откривање на сторителот и на расчистување...

Скопјанец се удави во Вардар

На кејот на Вардар, во близина на спортска сала „Јане Сандански“, вчера Случајни минувачи вчера во близина на спортската сала „Јане Сандански“забележале машко лице на возраст од околу 60 години како се дави во реката Вардар. Минувачите успеале да го извадат лицето од реката и со Брза помош пренесено е на токсикологија каде починало. Утврден е идентитетот на лицето,...

Груевски ги посети Моране, Студеничани, Долно Количани, Љубош, Батинци и Цветово

Премиерот Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директори на повеќе јавни градски претпријатија денеска ги посети Моране, Студеничани и Долно Количани. За време на средбите со премиерот граѓаните побараа продолжување на автобуската линија на ЈСП до центарот на Моране, а...

Почна да се гради панорамското тркало

По неколкумесечна пауза, почна да се гради панорамското тркало меѓу Камениот мост и мостот Гоце Делчев. За неговата изведба, како дел од проектот „Скопје 2014“, се издвоија 18,3 милиони евра. Тркалото ќе има дијаметар од 57 метри и ќе биде високо 73 метри. На тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми. Како придружни...

Посебен сообраќаен режим за Илинден

По повод одбележувањето на националниот празник Илинден, во рамките на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин Камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, Кумановско, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим заради непречено и безбедно одвивање на закажаните настани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите на МВР, в недела со почеток од 10.30 часот, во централното градско подрачје во Скопје, за...

Иванов во Крушево, Груевски во Скопје, Заев во Пелинце за 2 Август

Премиерот Никола Груевски во Скопје, а претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, во Крушево ќе го одбележат 2 Август, Денот на Републиката. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе одржи говор во Пелинце. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, со делегација, на 2 Август ќе присуствува во Пелинце. Заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, ќе биде во Крушево, а потпретседателот Дамјан Манчевски - во...

Одбележани 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Цвеќе во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија денеска делегации на Градот Скопје, на Владата,  Собранието, Министерството за одбрана на РМ, делегации од политичките партии и од сите општини на Град Скопје, дипломатскиот кор во Македонија, како и од здруженија на граѓани и други организации. Цвеќе положија и делегации на јавните претпријатија и на културните установи на Град Скопје, членови...

„Рајанер“ планира да лета од Скопје

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ планира да лета од Скопје, пишува „Ексјуавиејшн“ (exyuaviation.com). Според овој медиум, од компанијата потврдиле дека имале разговори со македонската Влада, за Скопје да биде потенцијална дестинација на оваа компанија. Македонската влада би им ги дала сличните субвенции како и на нискобуџетниот оператор „Виз ер“, наведува медиумот.

Пуштена е во употреба реконструираната улица Јордан Мијалков

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и премиерот Никола Груевски денеска официјално ја отворија за сообраќај улицата Јордан Мијалков. Сообраќајницата во изминатиов период се прошируваше и се реконструираше на потегот од крстосницата со улицата Герман до раскрсницата со улицата Павел Шатев. - По проширувањето, оваа сообраќајница доби три коловозни ленти со ширина од по 3,25 метри, улично осветлување, сервисна коловозна...

Нуланд ќе порача дека договорот од 2 јуни е основа за решавање на кризата

Помошничката на американскиот државен секретар за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, в недела ќе допатува во Скопје, потврдија за „Мета“ од Амбасадата на САД во Скопје. Нуланд в понеделник наутро ќе има одвоени средби со лидерите на политичките партии, а околу пладне ќе се сретне и со премиерот на Република Македонија, Никола Груевски. „САД и ЕУ работеа заедно со политичките лидери...

ТРТ ќе отвори претставништво во Скопје

Турската радио-телевизија (ТРТ) ќе отвори свое претставништво во Скопје. Генералниот директор, Шенол Ѓока, кој престојува во посета на Македонија, во Македонската радио-телевизија (МРТ) се сретна со вршителот на должноста генерален директор, Харун Ибрахими. Шенол Ѓока во рамките на посетата се сретна и со раководниот кадар и со вработените во емисиите на турски јазик на Македонската радио-телевизија, од чија страна беше информиран за...

Најмногу бебиња се раѓаат во Скопско

Жителите од североисточниот регион најмногу се иселуваат од село во град, додека во полошкиот регион се повеќе застапни меѓуселските преселби, пренесе „Здравство 24“. Според податоците од Државниот завод за статистика, вообичаено поголем е бројот на преселби од село во град и тука најголемо учество има североисточниот регион со 40,8 проценти. Скопскиот регион, пак, во континуитет покажува позитивно миграциско салдо како...

Викторија Нуланд на 13 јули во посета на Скопје

Викторија Нуланд, помошничка на американскиот државен секретар за европски и за евроазиски прашања, доаѓа во посета на Скопје на 13 јули, пренесе „Плусинфо“. Таа во Скопје ќе има средби со политичките субјекти за да се најде решение за политичката криза во земјава. Нејзината посета на земјава е дел од планираната посета на регионот.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...