fbpx

Кривични пријави за двајца разбојници од Скопје

-

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Љ.Ј.(22) поради сомневање дека сторил три кривични дела, од кои две разбојништва и еден напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, и против скопјанецот В.П. (34) поради постоење сомнеж дека сторил две разбојништва, при што обајцата стекнале противправна имотна корист од околу 15.050 денари. Судија на претходна постапка на пријавените им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што соопшти полицијата, првото разбојништво го извршиле на 28 ноември годинава, околу 2.30 часот, на тој начин што откако дошле до раскрсницата помеѓу улицата Димо Хаџи Димов и улицата Народни херои, поточно во киоскот „Томи“, Љ.Ј. со закана по неговиот живот му ги побарал парите на вработениот и во тој момент го откорнал шалтерското стакло, се протнал и ја извлекол фиоката од регистар-касата, при што го оштетил и стаклото од влезната врата. Откако ја одзеле фиоката од регистар-касата, во која имало 9.000 денари, и три штеки цигари „бос класик“, го напуштиле местото на настанот.

Второто разбојништво пријавените го извршиле на 4 декември, околу 4.20 часот, на улицата Филип Втори Македонски, поточно во киоскот „Екстра кофи“. Додека В.П. стоел до киоскот, Љ.Ј. со употреба на физичка сила и со удар со нога, го скршил стаклото од влезната врата, која била затворена, но не заклучена, влегол внатре и на вработената се заканил да му ги даде парите, по што таа одбила, а тој го зел држачот каде што биле наредени кутиите со цигари, ја турнал вработената, излегол од киоскот и заедно со В.П. со трчање се упатиле во правец на паркинг-просторот зад киоскот, каде што биле забележани од полициски службеници. Во истиот момент В.П. бил фатен и приведен, додека Љ.Ј. избегал кон булеварот Кочо Рацин, каде бил фатен од припадници на единицата „Алфа“. При обидот да биде легитимиран, тој се оглушил на дадените наредби и почнал да ги омаловажува и навредува полициските службеници, при што во еден момент со нога удрил еден од полициските службеници во пределот на главата. Истиот бил приведен, по што бил извршен разговор и со потврда за привремено одземени предмети, од него биле одземени цигарите и држачот за цигари.

Врз основа на судска наредба од судија на претходна постапка, извршен бил претрес во домот на пријавените, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело разбојништво извршено на крајот од минатиот месец.

Против Љ.Ј. претходно се поднесени четири кривични пријави за извршени четири кривични дела од кои две одземања моторно возило и две загрозувања на безбедноста во сообраќајот, додека против В.П. се поднесени три кривични пријави за фалсификување пари, фалсификување исправа и за тешка кражба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...