fbpx
Таг: СЈО

таг: СЈО

Милион евра во „Луи Витон“ – објавени видео и аудио снимки поврзани со случајот „Рекет“

Италијанскиот весник „Ла Верита“ (Вистината) на своето онлајн издание објави делови од видео и аудио снимки кои се поврзуваат со случајот „Рекет“ во Македонија, во кој Бојан Јовановски - „Боки 13“ и Зоран Милевски - „Кичеец“ се сомничат дека изнудувале пари за да влијаат врз случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство, односно за одредена сума на пари да го...

Мицкоски до Заев: Нема да поддржиме закон за амнестирање на криминалот на Заеви

По вчерашното видеообраќањее на премиерот Зоран Заев во кое тој ја повика опозицијата да биде конструктивна и да ги поддржи новите законски измени на законот за јавното обвинителство, но истовремено ја нарече ВМРО-ДПМНЕ „партијата што ѝ донесе неправда на земјата“, Христијан Мицкоски одговори преку Фејсбук. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ работела конструктивно, но сега не може да поддржи „закон кој има...

Заев повторно ја повика опозицијата да ги поддржи реформите на обвинителството

Премиерот Зоран Заев преку видеообраќање денеска ја повика опозицијата да биде конструктивна и да ги поддржи новите законски измени на законот за јавното обвинителство, со кој СЈО треба да стане одделение на главното обвинителство. „Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас. Огромна е одговорноста кај политичките субјекти во оваа борба...

Палмер опоменува: Нерасчистувањето на „Рекет“ ќе ги поткопа изгледите за преговори со ЕУ

Американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер смета дека ако не се заврши истрагата за случајот „Рекет“, во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, може да бидат поткопани изгледите на Северна Македонија за почеток на долгоочекуваните пристапни преговори со Европската Унија. Тој порачува и дека двете најголеми партии - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат со политикантство и...

Судот одби да му го врати пасошот на Мијалков за да се лекува во странство

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје како неосновано го одби барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да му биде вратен пасошот. Мијалков го бараше пасошот со образложение дека има потреба од оперативен зафат кој треба да му биде извршен во странство. -Барањето на еден од осудените лица со првостепена пресуда во предметот со КОК бр. 62/17...

Блупринт групата бара СЈО „да се интегрира, а не да се асимилира“ во Обвинителството

Специјалното јавно обвинителство „треба да се интегрира, а не да се асилимилира во јавнообвинителскиот систем“ со новиот Предлог - закон за Јавно обвинителство што е доставен до Собранието на Република Северна Македонија, порачува Блупринт групата на невладини организации што ги следат реформите во правосудството. Ова, како што изјави Натали Петровска, директорка на невладината „Сите за правично судење“, е една од...

Jанева: Не сум ја злоупотребувала должноста, Бојан Јовановски го злоупотребил моето име

Најодговорно тврдам дека не сум ја злоупотребувала должноста ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување, ниту со несторување не сум ја злоупотребила должноста која во моментов сè уште ја извршувам. Не само Бојан Јовановски, и други го злоупотребувале моето име, изјави денеска Катица Јанева на прес конференција во СЈО. Таа се појави сама на говорницата, а откако го прочита тоа...

Предлог законот за Јавно обвинителство во Собрание, Села бара обвинител од странство

Новиот предлог-закон за јавното обвинителство, денеска влегува во собранска процедура. Тој предвидува Специјалното јавно обвинителство да премине под капата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, како Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, а со него да раководи обвинителката Вилма Русковска, која сега е прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција...

Српски медиум со куп дезинформации за и околу Катица Јанева

Српскиот портал „Информер“ излезе со текст со кој уште во насловот ја дезинформира јавноста. Во гломазната насловна конструкција: „Аферата „Рекет" ја тресе Северна Македонија! "Падна" Боки 13, главниот обвинител под истрага, а сега се огласи и премиерот Зоран Заев!“, (AFERA "REKET" TRESE SEVERNU MAKEDONIJU! "PAO" je BOKI 13, glavna tužiteljka POD ISTRAGOM, a sada se oglasio i premijer Zoran Zaev!)...

Како македонската Моника Маковеј од симбол на правдата стана „случај“ во афера за милионски рекет

Специјалната обвинителка на Северна Македонија Катица Јанева, од персонификација на борбата против деценискиот режим на Никола Груевски изразена во крикот „нема правда нема мир“, преку еден буквално неверојатен сплет на случувања, се трансформираше во предмет на јавен линч и потсмев исполнет со повици за нејзино апсење и безброј шпекулации и дезинформации околу целиот случај. Јавноста, сè уште во шок од...

Ристовска: Постапките на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО, стоиме зад работата што досега е завршена

Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска на денешната прес-конференција апелираше за побрзо расчистување на случајот „Рекет“, но и почитување на пресумпцијата на невиност. Реакцијата следува откако вчера Основно јавно обвинителство отвори случај, во кој, поради поткуп и перење пари приведени се Бојан Јовановски - Боки 13 и Зоран Милевски - Кичеец, а на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева ѝ...

Јанева депонираше оставка – ќе ја активирала кога партиите ќе се договорат

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесе оставка од тоа да биде на чело на Специјалното јавно обвинителство. „Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник“, се вели во соопштението од СЈО. Таа додава дека чест ѝ било да и служи на државата и да...

СЈО ќе ја обжали ослободителната пресуда за Латас и неговите браќа

Обвинителката Елизабета Јосифовска денеска најави дека СЈО ќе се жали на одлуката на Кривичен суд Скопје кој ги прогласи за невини новинарот Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа за случајот „Тревник“. -Нема дилема дека ќе жалиме пред Апелациониот суд. За нас обвинението е издржано и основано - рече обвинителката. Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан беа...

ВМРО-ДПМНЕ бара со закон да ги отстрани Јанева, Фетаи и другите од СЈО

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека со новиот предлог-закон за Специјалното јавно обвинителство, нема да бара амнестија за обвинетите лица, но ќе предложи постапка според која ќе се смени сегашниот тим на СЈО, предводен од Катица Јанева, известува „Порталб“. -Секако предлагаме нов тим на СЈО, никој не е вечен. Во една демократска држава, во таква институција, секој треба да биде предмет на...

Кичевското обвинителство поднесе кривична против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево соопшти дека поднело Обвинителен предлог против Ел Чека, кој еден месец наназад објавува прислушувани разговори од врвот на ДУИ, обвинувајќи ги за криминал. Тој од Чикаго, каде живее, а е по потекло од кичевското село Туин, објавува прислушувани разговори за кои тврди дека ги добил од припадниците на групата од случајот „Диво насеље“. Обвинителството го товари за...

СЈО: „Бомбите“ на „Ел Чека“ не потекнуваат од кај нас

Ја уверуваме јавноста дека сите аудио-материјали со кои располага ова Јавно обвинителство се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите, се вели во соопштението на Специјалното јавно обвинителство по повод сомнежите во јавноста дека, „бомбите“ кои ги објавува „Ел Чека“ потекнуваат од СЈО. Тие додаваат дека новообјавените разговори на фејсбук-профилот со псевдоним...

Апелација му го укина притворот на Груевски за „Космос“, СЈО бара нов притвор

Апелацискиот суд Скопје му го укинал притворот на избеганиот екс-премиер Никола Груевски за случајот „ТНТ“, а обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара повторно Кривичниот суд да му одреди притвор, иако Груевски од Македонија избега уште на 11 ноември минатата година и е во Унгарија, каде доби азил. Рустеми побара повторно одредување притвор, велејќи дека Груевски веќе еднаш...

Јанева и тимот се надеваат да останат уште еден мандат

Откако денешната средба за судбината на СЈО меѓу министерката за правда Рената Дескоска и преговарачот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски,  заврши со договор за повторно седнување на маса в петок, првиот човек на СЈО, Катица Јанева рече дека сака и таа и целиот нејзин тим да останат да работат заедно уште еден мандат. Таа очекува партиите да се договорат бргу за...

Дескоска: Нема никакво поместување во однос на разликите за Законот за јавно обвинителство

Нема никакви поместувања во однос на разликите помеѓу власта и опозицијата околу Законот за јавно обвинителство, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска, по завршувањето на новата рунда разговори за клучните прашања од реформата на правосудството. -За Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија - рече Дескоска пред почетокот на конференцијата...

Мицкоски не го дели оптимизмот на Заев за СЈО

Наспроти тврдењето на премиерот Зоран Заев, кој во телевизиско интервју изјави дека преговрите за СЈО се, како што рече „на добар пат“ откако биле прифатени 30 амандмани од опозицијата, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, не е оптимист. -Во овој момент не сум оптимист, но треба на процесот да му се даде шанса, бидејќи овој процес е од исклучително значење  во Македонија...