fbpx
Таг: СЈО

таг: СЈО

Предлог-законот за јавно обвинителство в четврток на комисиска расправа

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби за в четврток ја закажа седницата на која ќе се расправа за Предлогот на закон за јавното обвинителство и за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители. Артан Груби во текот на денешниот ден имал консултации со координаторите на пратеничките групи и со претседателот на...

Рускоска: Камчев во исказот за споменува дека само го пријавил „Рекет“ кај Заев

Обвинителката Вилма Рускоска денеска информираше дека премиерот Зоран Заев бил споменат во исказот на бизнисменот Орце Камчев за предметот „Рекет“, но само еднаш и во поинаква конотација од она што беше објавено во дел од медиумите деновиве. - Заев не е споменат во исказот на Камчев, освен во делот дека кај него прво го пријавил рекетот - изјави обвинителката Вилма...

Законот за јавно обвинителство влегува во Собранието по скратена постапка

Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), денеска е на дневен ред на 108. собраниска седница. Законот влегува во собраниска процедура со европско знаменце и по скратена постапка. Вчера, министерката за правда Рената Дескоска рече дека нема напредок во разговорите за законот, по средбата на работните групи. – Разговаравме за прашањата...

Дескоска: Нема напредок во разговорите за Законот за јавно обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека нема напредок во разговорите за Законот за јавно обвинителство, по средбата на работните групи. – Разговаравме за прашањата отворени од самиот почеток, меѓу кои и за статусот на предметите кои ги води СЈО. Клучните непремостливи разлики се оденсуваат токму на ова прашање. Желбата на другата страна е овие предмети да не завршат ефикасно....

Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, вели Фетаи

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште најави дека ќе го повика премиерот Зоран Заев да сведочи за случајот „Монструм“. На следното судско рочиште на 5 септември во судницата ќе се слушаат телефонските разговори кои беа објавени во „бомбите“ на СДСМ, а коишто беа поврзани со петкратното убиство кај Смилковско езеро. На денешното рочиште за случајот „Монструм“ од обвинителството...

Спротивставени реакции на власта и опозицијата по приведувањето на Јанева

Власта и опозицијата излегоа со дијаметрално спротивни реакции по проведувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева. Владиниот портпарол Муамет Хоџа денеска изјави дека одговорност за предметот „Рекет“ мора да има за секој инволвиран, повикувајќи на темелна и независна истрага за овој случај. Хоџа наведе дека со денешното приведување на Катица Јанева се потврди оти пред правдата и законите буквално секој е...

Обвинителството бара притвор за Катица Јанева за случајот „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е уапсена по налог на Обвинителството за организиран криминал и корупција, потврди републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Поранешната шефица на СЈО е новото осомничено лице во предметот „Рекет“, а се товари за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Обвинителката Вилма Русковска на денешната прес-конференција потврди дека уапсената Јанева прво е однесена во просториите...

Приведена Катица Јанева

Полициски сили предмалку влегоа во домот на Катица Јанева во скопската населба Козле. По наредба на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, специјалната јавна обвинителка е приведена. Како што потврдија од Обвинителството, Катица Јанева е приведена поради кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата“ за предметот „Рекет“, за кој веќе се во притвор Бојан Јовановски...

Јанева по распитот: Не чувствувам вина, не знам дали ќе бидaм осомничена во „Рекет“

По четиричасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал, шефицата на СЈО, Катица Јанева, во изјава за медиумите рече дека не чувствува вина за предметот „Рекет“, но и дека не знае дали истрагата ќе се води и против неа. - Ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации. Ќе има најверојатно судење и таму ќе се кажат работите -...

Катица Јанева пристигна на распитот во Обвинителството за организиран криминал

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, претпладнево пристигна на распит во Обвинителството за организиран криминал. Таа е повикана како лице што треба да даде исказ за предметот „Рекет“, во кој осомничени за рекетирање бизнисмени се Бојан Јовановски - Боки 13 и Зоран Милески - Кичеец. Јанева пред влезот во Обвинителството изјави дека се надева оти нејзиниот денешен исказ ќе помогне за...

Катица Јанева одлучила да не ги изземе Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева донела одлука да не ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3“, пренесуваат медиумите сите повикувајќи се на неофицијални извори од СЈО. Писмената одлука на шефицата на СЈО денеска е испратена до скопскиот Кривичен суд. Одлуката на Катица Јанева доаѓа откако утрово адвокатот на одбраната Еленко Миланов во предметот „Титаник 3“...

Кичеец беше на распит за „Рекет“, утре – Катица Јанева

Второосомничениот во предметот „Рекет“ Зоран Милески - Кичеец денеска бил на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал. Тој утрово од затворот Шутка бил однесен во обвинителството. Зоран Милески - Кичеец се сомничи за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. На распит денеска била повикана и пензионерката Лилјана Тодоровска, која е потписничка на проектот за европски центар за...

Рустеми: Не почувствував закана или влијание од Јанева што да кажам на распитот

Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, кој денеска сведочеше пред обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за истрагата за „Рекет“ не даде детали за исказот, туку потенцираше дека немало обид да се влијае врз него. - Можам да кажам само дека јас лично не почувствував закана или влијание од некого за што да кажам или што да не кажам...

Катица Јанева во вторник ќе дава исказ за „Рекет“ кај Русковска

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е повикана да даде исказ за предметот „Рекет“ во обвинителството во вторник, во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи обвинителката Вилма Русковска. Сведочењето на Катица Јанева следува неколку дена по објавувањето на снимените разговори од италијанскиот весник „Ла Верита“, во кои се слушна нејзиниот глас заедно...

Одложено сведочењето на обвинителот Рустеми за „Рекет“

Одложено е сведочењето на Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство, Бурим Рустеми, кое требаше да се случи денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК). Рустеми требаше да дава исказ за „Рекет“, но тоа е одложено поради денешното судско рочиште за случајот ТНТ, во кое Рустеми е обвинител. Одложувањето е поради неговите обврски на денешното рочиште...

По пет часа распит, Стефанова не откри детали за исказот во Обвинителството

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова, денеска, излегувајќи од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) по пет часа распит, не соопшти детали за нејзиниот исказ пред колегите за случајот „Рекет“. Поради „Рекет“ во притвор се Бојан Јовановски - Боки 13, Зоран Милевски - Кичеец, а италијанскиот весник „Ла Верита“ објавува снимки од примопредавање пари и...

Српски медиуми повторно во напад врз Заев, иако го нема во „Рекет“

Дел од српските медиуми блиски до тамошната власт и во вчерашните написи за аферата „Рекет“ и новите објавени снимки од италијанскиот весник „Ла Верита“, продолжија со тактиката директно да го врзуваат премиерот Зоран Заев со овој скандал. Впечаток е дека овие медиуми оркестрирано излегоа со сензационалистички наслови во кои јасно се препознава намерата да се дискредитира актуелната македонска Влада...

Јанева: Обврска ми е да комуницирам со осомничени, но не сум тргувала со влијание

Првиот човек на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева (во оставка) денеска преку изјава објавена на веб-страницата на СЈО, порача дека имала многу разговори со осомничени, ама никогаш не го прекршила законот. Вели дека имала оправдана причина да му каже „не се секирај за ништо, сè ќе биде ок“ на осомничениот во случајот „Империја“ Јордан Камчев, како што можеше...

Стефанова: Панделески и Камчев се обидоа да вршат влијание врз истрагата за случајот „Империја“

Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО, реагираше јавно по објавата на новите снимки во италијанскиот десничарски медиум „Ла Верита“. Таа вели дека во август минатата година, осомничените Цветан Панделески и Јордан Камчев во случајот „Империја“, се обиделе да влијаат на предистрагата на Специјалното јавно обвинителство. „Во месец август 2018 година, осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделески се обидоа да извршат влијание...

Ла Верита со нови аудио снимки за „Рекет“ – тврди дека се слуша и Катица Јанева

Италијанскиот дневен весник „Ла Верита“, кој вчера на својата веб-страница го објави видеото на кое се гледа како Боки 13 заминува откај Орце Камчев со „Луј Витон“ чанта во која наводно има огромно количество евра, денеска објави нови аудио снимки од разговори и дружење на Боки 13, Орце Камчев и Зоки Кичеец, а според весникот, во еден момент се...

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...