fbpx
Таг: штрајк

таг: штрајк

Венецуела се соочува со пивска криза

Венецуела се соочува со недостиг од пиво поради штрајк на работниците во две пиварници во земјата, пренесува „Би-Би-Си“. Притисокот за затворање на пиварниците дошол од синдикатите, поради спор околу платите со „Полар“, фирмата што произведува 80 отсто од пивото во Венецуела. Според медиумите, половина од пиварниците биле затворени, додека останатите работат со половина од своите капацитети. Како што пренесува „Би-Би-Си“, спорови меѓу синдикатите и...

Кајчарите се вратија во водите на Охридско Езеро

Охридското Езеро од денеска си го врати препознатливиот лик, разбранувано од мноштво кајчиња и од поголеми пловила, кои ги превезуваат туристите на кратки разгледувања до најблиските дестинации, како што се Канео, Инекс-Горица, Свети Стефан и натаму кон туристичката населба Пештани. Кајчарите се вратија да ги превезуваат патниците откако во локалната самоуправа имаа средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, како...

Активистот Суад Мисини го прекина штрајкот со глад

По седум дена штрајк со глад, активистот за човекови права, Суад Мисини, го заврши штрајкот поради делумно исполнување на неговите барања да се реши проблемот со мигрантите. - Денеска можеме да констатираме дека јавноста во Република Македонија, но и меѓународната јавност и странските медиуми и организации, се целосно свесни и информирани за проблемот со прифатниот центар во Гази Баба, кој...

Вработените во Ајфеловата кула штрајкуваат поради ограбувањето туристи

Ајфеловата кула денеска е затворена за посетители поради штрајкот на вработените кои протестираат поради џепчиите, кои стануваат сè поагресивни и ги ограбуваат туристите, чија бројка на дневно ниво изнесува неколку илјади. Протестот почна еден ден откако париските власти соопштија дека криминалот на туристите во главниот град на Франција се намалил благодарение на зголеменото присуство на полицијата и на видеонадзорот. Компанијата што управува со Ајфеловата...

Штрајк во државните болници во Грција

Лекарите, медицинските сестри и персоналот на итната помош на државните болници на Грција и на здравствените домови денеска почнаа 24-часовен штрајк во знак на протест поради недостигот од персонал и недоволното финансирање на здравството, како и поради доцнењето на платите предизвикано од финансиската криза во Грција. Болниците работат со минимален персонал, а повеќето од вработените денеска ќе протестираат пред Министерството за...

Штрајк на кралскиот персонал во Виндзор

Персоналот во палатата Виндзор денеска гласаше за стапување во штрајк поради премногу малите плати, соопшти денеска синдикатот на јавните служби и трговија ПЦС. Од 200 вработени на позиции за одржување на најголемата кралска резиденција, 120 се членови на синдикатот ПЦС, од кои 85 отсто гласале за стапување во штрајк во знак на протест поради дополнителните задолженија кои им се наметнати,...

Француските контролори за летање ги приземјија авионите

Околу 40 отсто од летовите во Франција денеска се откажани поради почеток на дводневниот штрајк на контролорите на летање. Како што јавуваат француските медиуми, синдикатот на вработените во цивилното воздухопловство е незадоволен од условите за работа и од возраста за заминување во пензија, која од 67 е зголемена на 69 години. „Ер Франс“ соопшти дека штајкот, сепак, не влијае врз прекуокеанските...

Под земја, без храна и вода се 150 рудари

Без храна и вода, во рударкото окно, веќе втор ден се 150 рудари од Тораница. Тие одбиваат да излезат додека не им се исплатат платите за февруари. На рударите од прва, втора и од трета смена од вчера, денеска не можеа да им се придружат и рударите од денешната прва смена. За рударите клучно барање е целосна исплата на...

МЕСО: СОНК направи грешка со прекинување на штрајкот

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) смета дека раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) направило грешка прекинувајќи го штрајкот и оневозможувајќи да се решат многу прашања во сферата на образованието. ОД МЕСО ги оценуваат како недоволни и половични резултатите од преговорите помеѓу Министерството за образование и наука и СОНК во врска со наградувањето и казнувањето на наставниците врз...

Пораст на цената на нафтата

На светските берзи, денеска е забележан пораст на цената на нафтата откако беше најавено дека вработените во рафинериите во САД ќе го прекинат штрајкот со кој дојде до пад на цената на нафтата. Американската лесна нафта за испорака во април на електронските тргувања на Њујоршката берза поскапе за 12 центи на 47,18 долари за еден барел, додека цената на северноморскиот „брент“...

Прекинат штрајкот на железничкиот сообраќај

Синдикатите на машиновозачите го прекинаа штрајкот на патничкиот и на товарниот железнички превоз по средбата со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Возовите ќе сообраќаат според утврдениот возен ред. В понеделник ќе почнат преговори за исполнување на барањата на машиновозачите, а колективен договор ќе биде потпишан во рок од две недели до еден месец. Независниот синдикат ќе преговара и...

МЕСО: Штрајкот е прекинат без да се исполни ниту едно барање

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) целосно го осудува прекинот на штрајкот на СОНК и изразува револтираност бидејќи таа одлука е донесена во пресрет на организирани масовни протести кои можеле да резултираат со уште поголем притисок кон власта за остварување на работничките права. - Уште повеќе сме револтирани што штрајкот е прекинат без решавање на ниту едно од барањата. Единствено слушнавме...

МЕСО: Сегашното раководство на СОНК е некомпетентно

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) најостро ја осудува објавата за прекин на штрајкот во образованието, која раководството на СОНК ја донесе без консултација со сопственото членство и без да биде усвоено ниту едно од барањата со кои го почна штрајкот. „Сето она што е договорено во спогодбата со Министерството за образование е премногу неодредено за да може да биде оквалификувано...

Битолски наставници: Кој направи пуч со прекинот на штрајкот?

Кој го направи пучот во штрајкот на СОНК е главната дилема на дел од битолските наставници, по прекинот на штрајкот. Наставници од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, кои од првиот ден на штрајкот беа стопроцентно солидарни, денеска се револтирани поради неодговорените прашања од страна на СОНК. Зошто СОНК го прекина штрајкот, а штрајкувачите за тоа дознаваат од...

Гимназиските професори од Охрид: Забраните создаваат лицемери и духовни инвалиди

Професорите кои штрајкуваат во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“, со јавен апел се обратија до родителите, учениците, колегите, сограѓаните и до целата македонска јавност, барајќи разбирање и слобода за самостојно одлучување. - Не сакаме да бидеме ни виновници, ни сосила соучесници. Едноставно, сакаме слободно да се одлучиме. И се случи она од што најмногу се плашевме - дека браниме партиски...

„Професорски пленум“ го поддржува штрајкот на СОНК

„Професорски пленум“ ги поддржува членовите на СОНК и ги охрабрува да продолжат со штрајкот сè до постигнување на крајната цел и до исполнување на нивните барања. „Правото на штрајк е уставно загарантирано во Република Македонија и никој нема право да го спречува, особено не носителите на јавни функции и претставниците на власта. Затоа, исклучително важно за демократскиот амбиент во државата...

Партиската поделба на професорите ги подели и учениците во Охрид

Поделбата на професорите по партиска линија ги подели и ученици од охридската гимназија „Свети Климент Охридски“. Наместо на часови, тие од утрово стојат пред влезот на училиштето и не влегуваат во училниците за да одржат настава. Се солидаризираат со професорите кои вчера стапија во штрајк и покрај ставот на Унијата на средношколци да се оди на настава. Директорот на училиштето, Ѕвонко...

Трпески: Зад штрајкот на професорите во гимназијата во Охрид стои СДСМ

Директорот на општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“, Звонко Трпески, обвини дека зад штрајкот стои СДСМ од Охрид. - Иако на почетокот штрајкот требаше да биде за остварување определени синдикални права, сепак од изјавата на членот на штрајкувачкиот одбор, Ристо Николески, дадена за локален медиум, јасно се гледа дека зад штрајкот стои СДСМ , што членот на штрајкувачкиот одбор јасно...

Во Охрид штрајкуваат само наставниците членови и симпатизери на СДСМ

Професорите и вработените во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ го подржуваат, односно одбиваат штрајкот на СОНК токму по линијата на партиската поделеност, а која во овој случај е „фифти-фифти“. Штрајкуваат професори кои се активисти, симпатизери или функционери во СДСМ, додека оние кои се наклонети на владејачката ВМРО-ДПМНЕ не штрајкуваат. Сепак, нарушено е нормалното одвивање на наставниот процес, настава посетуваат само неколкумина...

Наставниците од „Орце Николов“ со повик до колегите да се приклучат на штрајкот

Штрајкувачкиот одбор при скопската гимназија „Орце Николов“, преку отворено писмо, им се обрати на своите колеги наставници кои не штрајкуваат, а во кое, меѓу другото, наведуваат дека со ваквото нивно однесување само го потврдуваат општоприфатеното мислење дека да бидеш просветен работник е бедна професија, не само од материјален апсект, туку и од духовен. „Не можеме да ја сфатиме инертноста на...

Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Објавата шири морбидна лага дека починал политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чијашто фотографија е злоупотребена. Кога ќе го отворите линкот за да ја дознаете вистината, тој ве води на страница...