fbpx

МЕСО: Сегашното раководство на СОНК е некомпетентно

-

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) најостро ја осудува објавата за прекин на штрајкот во образованието, која раководството на СОНК ја донесе без консултација со сопственото членство и без да биде усвоено ниту едно од барањата со кои го почна штрајкот.

„Сето она што е договорено во спогодбата со Министерството за образование е премногу неодредено за да може да биде оквалификувано дури и како најмал позитивен исчекор од гледна точка на вработените во образованието. Истакнуваме дека потпишаната спогодба, покрај тоа што не поседува никаква конкретна придобивка за вработените во образованието, не содржи одредби дека е постигнат договор да им се исплати плата на вработените кои штрајкуваа, а, исто така, не содржи одредби за укинување на крајно штетните одредби за штрајк во основното и во средното образование, кои Владата ги воведе во септември 2014 година. Она што особено фрапира е што одлуката за прекин на штрајкот е донесена во пресрет на закажаните протести во повеќе градови во Македонија, кои можеа да се искористат за да се изврши поголем притисок за Министерството да ги исполни работничките барања. Сето тоа ја покажува големата некомпетентност и синдикалниот дилетантизам на сегашното раководство на СОНК“, се вели во соопштението од МЕСО.

Од МЕСО прашуваат со какво лице раководството на СОНК ќе им објасни дека повеќе од десет дена ги изложи на притисоци и на опасност од губење на работното место, на трошење на огромна ментална и физичка енергија за да ги одбранат своите права од работен однос?

„Ги повикуваме членовите на СОНК добро да размислат на кој синдикат му ја даваат својата доверба и кому му даваат право да води социјален дијалог и да потпишува колективни договори. Мултиетничкиот синдикат на образование е подготвен да ги прифати незадоволните членови на СОНК за заедно да се бориме за одбрана на правата и на достоинството на вработените во образованието“, велат од МЕСО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...