fbpx

Кајчарите се вратија во водите на Охридско Езеро

-

Охридското Езеро од денеска си го врати препознатливиот лик, разбранувано од мноштво кајчиња и од поголеми пловила, кои ги превезуваат туристите на кратки разгледувања до најблиските дестинации, како што се Канео, Инекс-Горица, Свети Стефан и натаму кон туристичката населба Пештани.

Кајчарите се вратија да ги превезуваат патниците откако во локалната самоуправа имаа средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, како и со претставници на Секторот за локален економски развој, УЈП и со Пазарниот инспекторат.

Постигтнат е договор проблемот да се решава со измени во законот за спречување вршење нерегистрирана дејност, иако истиот беше донесен во април годинава. Секторот за туризам при Министерството за економија треба најитно да покрене постапка за дополнување на Законот за туристичка дејност, со кој досега беше регулирана дејноста што ја извршуваат кајчарите.

Дотогаш, тие ќе можат да вршат превоз на туристи. Доколку пратениците изгласаат брзи промени, ќе се најде решение и за кајчарите кои веќе платија казни, а сега се во судски процедури. Иако тоа никој не го дефинира така, практично, солуцијата е најдена во тоа да се постапува како и досега, кајчарите да плаќаат годишен паушал во УЈП.

Охридските кајчари минатата недела стапија во штрајк незадоволни зашто од нив се бара да вршат превоз единствено ако имаат регистрирано фирма, а не како досега, кога превозот со такси-кајчињата го вршеа како физички лица. Од страна на пазарната инспекција, поради неисполнување на законската обврска, беа казнети неколку кајчари, кои треба да платат казна во висина од 500 евра.

Казните се во согласност со обврската што произлегува од новиот закон за спречување вршење нерегистрирана дејност, кој стапи на сила во април годинава, а според кој, за да вршат превоз на патници, треба да имаат регистрирано фирма или да се формира трговско друштво за кое би работеле кајчарите и кое би функционирало како и такси-компаниите.

Кајчарите се задоволни што локалната самоуправа брзо се вклучи во решавањето на проблемот, а оттаму, пак, нагласуваат дека активностите и средбите ќе продолжат со надеж дека ќе се најде прифатливо решение, бидејќи превезувањето патници со чамец по Охридското Езеро претставува традиционално препознатлив дел од туристичка понуда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...