fbpx

Трпески: Зад штрајкот на професорите во гимназијата во Охрид стои СДСМ

-

Директорот на општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“, Звонко Трпески, обвини дека зад штрајкот стои СДСМ од Охрид.

– Иако на почетокот штрајкот требаше да биде за остварување определени синдикални права, сепак од изјавата на членот на штрајкувачкиот одбор, Ристо Николески, дадена за локален медиум, јасно се гледа дека зад штрајкот стои СДСМ , што членот на штрајкувачкиот одбор јасно го истакнува – вели Трпески преку допис до медиумите.

Според него, некоректно е, на воспитно-образовниот процес да се ставаат политички етикети.

– Апелирам до колегите кои сега веќе и јавно потврдија која е заднината на овие протести, да се вратат на настава во интерес на нормалното одржување на воспитно-образовниот процес. Како директор на ОСУ „Св. Климент Охридски“, ќе ги преземам сите законски мерки што ми стојат на располагање, а сè за учениците да не претрпат штета од оваа политички мотивирана активност – вели во писмениот допис до медиумите, директорот на охридската гимназија, Звонко Трпески.

Околу 25 професори од оваа образовна установа утрово почнаа штрајк, со што им се приклучија на останатите членови на СОНК кои протестираат, барајќи од Владата зголемување на платите во образованието за 25 проценти, укинување на казните за екстерното тестирање, како и поедноставување на работата со електронскиот дневник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За прв пат во земјава е регистрирана епидемија на ХИВ кај одредена популациона група

Според резултатите од последното истражување од 2018 година, кај мажите кои имаат секс со мажи во Скопје, проценетата преваленца е 5,4 отсто, што значи дека во РСМ за прв...