fbpx
Таг: шарената револуција

таг: шарената револуција

И денеска ќе се протестира против еднопартиските избори

„Шарената револуција“ денеска повторно ќе протестира против еднопартиските избори. Во најавата за настанот на „Фејсбук“, поддржувачите на „Шарената револуција“ пишуваат дека борбата ќе биде долга и макотрпна. „Еднопартиски избори нема да дозволиме. Нема да им дозволиме ни да избегаат со украденото, а камоли да останат во земјата несоочени со правда. Нема да дозволиме повторно заташкување на ситуацијата и губење на...

И Хелсиншкиот комитет доби боја

Две непознати лица вчера по полноќ истуриле црвена боја врз натписот на влезот во Хелсиншкиот комитет за човекови права. Боењето е снимено од камерите што се поставени на објектот. Уранија Пировска, директорка на комитетот, го карактеризира чинот како „контрабоење“ бидејќи Хелсиншкиот комитет ја поддржува „Шарената револуција“. - Настанот се случил околу 2 часот по полноќ. Не се води сметка дека тоа што го бои „Шарената револуција“...

„Шарената револуција“ денеска ќе бара да се поништи одлуката за одржување на изборите

„Шарената револуција“ денеска на протестот, кој ќе почне во 18 часот, ќе побара од Собранието да ја поништи одлуката за одржување на изборите на 5 јуни. „Собрание, собери се! „Шарената револуција“ бара итно поништување на одлуката за одржување на изборите на 5 јуни. Бараме итно поништување на одлуката за одржување избори на 5 јуни и итно поништување на одлуката за аболиција на...

„Какво распуштање, нема опуштање“, порачаа демонстрантите пред Собранието

Со пораки „Собрание, собери се“, „Какво распуштање, нема опуштање“ и „Владо, мори, душманке“, испишани со боја на улиците низ главниот град, „Шарената револуција“ покажа што мисли за одлуката на Трајко Вељаноски да не го свика Собранието за да ги одложи изборите. Протестот традиционално почна пред Специјалното јавно обвинителство, од каде што демонстрантите се упатија кон Собранието. Таму тие им порачаа...

Денеска од боја ќе се чисти Порта „Македонија“

Денеска претпладне ќе се чисти фасадата на Порта „Македонија“, најавија преку соопштение од Музејот на македонската борба. - По неколкунеделното вандализирање на објектот, констатирани се сериозни оштетувања на фасадата, кои стручни служби ќе се обидат да ги санираат  – пишува во соопштението. Чистење на другите споменици вчера најавија и од Градот Скопје. Оттаму информираа дека ќе ги чистат спомениците кои се во...

Град Скопје ќе ги чисти спомениците

Од утре, Град Скопје ќе почне со чистење на спомениците во паркот Жена-борец и на плоштадот Македонија, што се во надлежност на оваа институција. Од Градот информираат дека за оваа намена ангажирале фирма за одржување и за чистење на спомениците. Спомениците и фасадите кои се дел од проектот „Скопје 2014“ беа цел на „Шарената револуција“. Активисти и поддржувачи на „Шарената револуција“...

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира за правда, еднаквост и за слобода

Денеска, во 18 часот, „Шарената револуција“ ќе протестира против социјалната неправда и лошите политики за вработување. „Протестирам против социјалната неправда и лошите политики за вработување. Транзицијата ја осиромаши Македонија, а оваа власт ја закопа! Режимот веќе предолго ги држи нашите сограѓани како заложници за сопствените потреби: да гласаат, да прават списоци, да одат на контрапротести, да чистат споменици и мора...

Вкупната штета од демолирањето на канцеларијата на Иванов е 8.500 евра

Околу 8.500 евра е вкупната штета од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија на протестите на 13 април. Оваа сума е утврдена со вештиот наод и мислење што ги изработи Бирото за судски вештачења, а изнесува 522.000 денари или 8.487 евра. Застапникот на Државното правобранителство на денешното рочиште на Филип Наковски и на Никола Аризанов, првите демонстранти обвинети за демолирање...

„Шарената револуција“ и ГДОМ и вечерва протестираа во Тетово

„Шарената револуција“ и вечерва го искажа незадоволството од одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов пред Основниот суд во Тетово. Оттаму демонстрантите порачаа дека ќе протестираат сè додека не замине оваа, како што ја нарекоа, ненародна власт. - Во Македонија, една мала секташка група успеа да украде голема сума пари, притоа ветувајќи им на своите сограѓани дека ќе им ги симне...

„Шарената револуција“ побара оставка од Иванов поради „фикус-аболицијата“

Тема на денешните протести на „Шарената револуција“ беше аболицијата и граѓаните протестот од Специјалното јавно обвинителство го продолжија кон резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов. Вечерва демонстрантите порачаа дека не ја признаваат „фикус-аболицијата“. Тие беа пресретнати од кордон полицајци на крстосницата на улиците Ацо Караманов и Партение Зографски. Таму демонстрантите го открија, како што рекоа, „споменикот на Хорхе од Паљурци“, по што фрлаа...

Утре ќе се протестира и во Брисел

Македонската заедница и пријателите на Македонија во Белгија најавуваат протест пред состанокот на советот на министри за надворешни работи на Европската Унија. Како што е наведено во нивното соопштение, собирот е предвиден за четврток напладне. „Бараме од земјите членки на Европската Унија да воведат ефективни индивидуални санкции против членовите на владејачката партија и нивните соработници против кои е поведена кривична...

Денеска „Шарената револуција“ ќе протестира против задолжувањето

Денеска „Шарената револуција“ продолжува во 13 градови низ Македонија. Протестот во Скопје почнува во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, а ќе биде во знакот на економската состојба на државата и на задолжувањето. „Протестирам затоа што Македонија е сиромашна и пропадната земја, иако може да биде успешна економска приказна! Македонија е сиромашна земја затоа што ја владеат арамии, кои го крадат јавното,...

Битолчани со поддршка за притворените Савески и Куновски

Група од дваесетина битолчани денеска во 10 часот се собраа пред Основниот суд во Битола за да искажат поддршка на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски. На двајцата членови на новоформираната партија им се суди за учество во толпа на протестите на „Шарената револуција“. Никола Славески, член на левица од Битола, рече дека во општество каде политичарите од...

„Протестирам“: Сите сме жртви на фашизмот инсталиран однатре

Во знакот за борба против фашизмот помина денешниот протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“. Неколку илјадници демонстранти се собраа пред просториите на СЈО и оттаму тргнаа кон паркот Жена-борец, каде што во име на „Шарената револуција“ положија цвеќе на споменикот на паднатите борци. На присутните им се обрати Димче Најчевски, 91-годишен борец против фашизмот. - Почитувани учесници на протестите на „Шарената револуција“,...

Уште еден член на Левица повикан на информативен разговор

Мариглен Демири, член на президиумот на Левица, денеска е повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, поради неговото учество во протестите и демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Од Левица информираат дека по тој повод, денеска, во 13 часот, ќе одржат прес-конференција пред ОЈО. - Потсетуваме и дека по претходните приведувања и апсења, граѓанскиот револт само се зголемуваше....

Маичките „Шарената револуција“, „Протестирам“ и „СЈО“, нова мода на скопските улици

Сè повеќе луѓе со маички на кои пишува „Шарената револуција“, „Протестирам“ и „СЈО“ има на протестите кои десет дена се случуваат на скопските улици, а се организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“. „Шарената револуција“ е израз за масовните протести што десет дена се случуваат низ цела Македонија поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари од судски процеси. Демонстрантите како знак на незадоволство од,...

Протестите од „Шарената револуција“ ќе продолжат в понеделник

Граѓанската иницијатива „Протестирам“, која 11 дена организира протести против одлуката на претседателот Иванов да помилува 56 политичари, денеска нема да протестира. Наредниот протест ќе биде утре, со почеток во 18 часот, пред зградата на Специјалното јавно обвинителство. „Соборци и соборки, поминавме уште една недела на улиците низ цела земја, здружени и одлучни во остварувањето на заедничката цел. Наместо утре, со протести...

„Протестирам“ вечерва пред Уставен суд

Единаесеттиот ден на протести на граѓанската иницијатива „Протестирам“ поради одлуката на претседателот Иванов да аболира 56 политичари од судски процеси, ќе почне во 18 часот пред СЈО, а ќе продолжи пред Уставен суд. - Протестираме и денеска, гласно против режимот, здружено во целата наша шареноликост! Ако врне, понесете чадор и дојдете со нас! Во 18 часот се собираме на старо место, пред...

Денеска во 14 часот, протест на Бит-пазар, во 18 пред СЈО

Денеска во 14 часот, на булеварот Крсте Петков-Мисирков, на Бит-пазар, ќе протестираат Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, Организацијата на воени ветерани на ОНА, Движењето за реформи – ДПА и НДП. Како што се вели во повикот за протест, организаторите ќе бараат владеење на правото, департизацијата на институциите и целосна еднаквост на Албанците и na Македонците. Протест...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...