fbpx

„Протестирам“: Сите сме жртви на фашизмот инсталиран однатре

-

Во знакот за борба против фашизмот помина денешниот протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“. Неколку илјадници демонстранти се собраа пред просториите на СЈО и оттаму тргнаа кон паркот Жена-борец, каде што во име на „Шарената револуција“ положија цвеќе на споменикот на паднатите борци.

На присутните им се обрати Димче Најчевски, 91-годишен борец против фашизмот.

– Почитувани учесници на протестите на „Шарената револуција“, нашата денешна борба не е многу поинаква од таа што се водеше порано. Досега на сите протести против ненормалниот и ненародниот режим нашата револуција симболизира борба. „Шарената револуција“ е израз на гласните желби за социјална правда, мир и за борба против тиранијата – рече Најчевски, кој имал 17 години кога учествувал во Втората светска војна.

Тој на крајот ги поздрави демонстрантите со познатото мото на „Протестирам“ – „Нема правда нема мир“.

На протестот говореа претставници на „Наставничкиот пленум“ и од левичарското здружение „Солидарност“.

– Ние сме жртви на нашиот фашизам. Ако порано се боревме против фашизам кој беше инсталиран однадвор, сега се бориме со фашизам инсталиран однатре. Се бориме против она за што нашите мајка и баби се бореле во 1945 година. Да не дозволиме тоа да ни се повтори – рече Соња Стојадиновска од „Солидарност“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...