fbpx
Таг: шарената револуција

таг: шарената револуција

„Шарената револуција“ протестираше во Штип, Струмица и во Тетово

Неколку десетици граѓани со блокада на главните сообраќајници во центарот на Штип го почнаа протестот на „Шарената револуција“. Штипјани испратија порака дека сакаат Македонија да ја видат во ЕУ и дека на криминалците местото им е в затвор. Првпат од почетокот на протестите, на штипските поддржувачи на „Шарената револуција“ им се придружи и „Белизе бенд“. - Додека се местевме со инструментите, помина едно момче...

Од кабинетот на Иванов не одговараат на прашања со зборот на буквата „о“

„Прашањето е примено, одговор ќе добиете понатаму“, ваква реакција добивме вчера од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов на прашањето дали претседателот има намера да си поднесе оставка. Денеска од кабинетот на Иванов никој не одговара на телефонските повици. Иако двапати претседателот ја погази и ја поништи одлуката за аболиција, а во Собранието за него се води расправа за импичмент, од неговиот кабинет...

„Шарената револуција“: Од денеска одбројуваме!

„Шести јуни е датум со силно значење за сите нас, датум со крв врежан во нашите сеќавања. Ден кога сите ние дознавме за свирепоста, бруталноста и за способноста на власта да сокрие убиство на дете - Мартин Нешковски“, пишува во најавата на „Шарената револуција“ и на „Протестирам“ за денешниот протест. Се очекува настанот да биде помасовен од претходните протести. „Досега им...

„Шарената револуција“: Не ви се плашиме, секој ден сме сè побројни

Исмаил Малиќи, еден од 26 демонстранти кому денеска му беше поднесена кривична пријава, на вечерашниот протест порача дека и покрај пријавите, притисоците и заканите, учесниците на протестите на „Шарената револуција“ не се плашат од власта. - Не ви се плашиме, секој ден сме сè побројни и еден ден ќе бидеме горди на ова што го правиме – рече Малиќи пред Собранието. https://twitter.com/meta_agency/status/738787016645697536 Поранешната...

Кривични пријави за седум „шарени револуционери“

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против седум лица поради основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело. Кривични пријави се поднесени против лицата П.Б., М.З., И.М., С.С.К., А.Г. и Н.П. од Скопје и А.К. од Охрид. Во соопштението од Министерството пишува дека првото кривично дело е извршено за...

„Шарената револуција“: За секој одземен чатал, ќе се враќаме со два нови

Фонтаната на плоштадот „Македонија“, и објектите на Владата и Собранието денеска повторно беа мета на чаталите на „Шарената револуција“. Тргнувајќи од пред Специјалното јавно обвинителство, демонстрантите  по булеварот Климент Охридски, се упатија кон владата. Таму со два чатала ја обоија фасадата на владата и порачаа дека за секој одземен чатал, тие ќе се врќаат со два нови. #ШаренатаРеволуција повторно ја обои...

Заев: Избори може да има во октомври

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за агенцијата „Бета“, што го пренесе српскиот јавен сервис РТС изјави дека Договорот од Пржино може да се реафирмира и дека до октомври може да се подготват услови за фер и демократски избори. Заев рекол дека опозицијата предводена од неговата партија ќе победи на изборите. - Анкетите покажуваат дека опозицијата води во Македонија, ние...

Работници го чистат ОЈО од боите на „Шарената револуција“

Неколку работници денеска, качени на скала го чистеа објектот на Основното јавно обвинителство кое вчера вечер во герила акција беше офарбано од припадниците на „Шарената револуција“. Синоќа, додека демонстрантите беа пред полициската станица „Пролет“, за поддршка на приведениот возач на пикапот на „Шарената револуција“, неколкумина беа пред Основното јавно обвинителство на Марко Зврлевски и оставија печат со боја.

Ослободен возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“

Пуштен е на слобода возачот на „пикапот“ на „Шарената револуција“ кој што беше приведен синоќа. Тој бил приведен поради кривично дело „оштетување на туѓи предмети“, а при претресот во комбето во полициската станица „Пролет“ биле пронајдени пакети со неотпакувана боја, водени детски пушки, и валјаци. Сето тоа било запленето, информираше неговиот адвокат. Возачот беше приведен по завршувањето на синоќешниот протест, во близина на Градска болница...

„Шарената револуција“: Играјте си вие со ајварот, ние ќе се погрижиме за се друго

Шарените револуционери денеска повторно ја обоија „Порта Македонија“ затоа што приодот кон плоштадот, каде што беше планирано да се протестира, беше затворен од кордон полицајци. Пред Портата демонстрантите порачаа дека ќе протестираат се дури целосно не се повлече аболицијата и претседателот Ѓорге Иванов не си даде оставка. Лупчо Николовски од СДСМ рече дека после толку потрошена енергија и после толку протести...

Се чисти Собранието од боите на „Шарената револуција“

Неколку работници денеска, качени на дигалки го чистеа Собранието од боите кои зад себе ги остави „Шарената револуција“ и демонстрантите кои месец и половина протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари и нивни соработници против кои се водат кривични постапки. Зградата на Законодавниот дом досега неколку пати беше гаѓана со балони со боја од демонстрантите, кои за...

Вечерва протест на „Шарената револуција“ и забава „Информативен разговор“

Протести на „Шарената револуција“ во 18 часот и забава насловена „Информативен разговор“ пред полициската станица „Беко“ во 20 часот ќе се случуваат вечерва во Скопје. Од граѓанското здружение „Протестирам“ порачуваат дека парцијално повлекување на аболицијата не прифаќаат и нема да дозволат „поигрување на претседателот со правдата“. Нема да запрат со протестите додека аболицијата не се повлече целосно. Целта на забавата „Информативен разговор“...

Забавата „Информативен разговор“ ќе се одржи во сабота пред ПС „Беко“

Забавата „Информативен разговор“ закажана за утревечер пред полициската станица „Беко“ се преместува за во сабота, информираат организаторите. Предвидено е забавата да започне во 20 часот, а најавен е и музички перформанс. Како што пишува во информацијата испратена до Министерството за внатрешни работи, целта на забавата е министерот Митко Чавков да може да ги праша учесниците на „Шарената револуција“ се што го...

Во петок пред полициската станица „Беко“ ќе има забава наречена „Информативен разговор“

Во петок навечер во 21 часот пред полициската станица „Беко“ ќе се организира забава насловена како „Информативен разговор“. Настанот е креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Откако стапи на функцијата министер за внатрешни работи, нашиот ценет Митко Чавков се отвори кон граѓаните за информации. Човек учи додека е жив нели. По тој повод овој петок свечено Ве покануваме сите на „Информативен разговор“...

„Шарената револуција“: Не не плашат заканите и притисоците, продолжуваме со протести

Од оваа борба нема откажување! Нема да не заплашат заканите и притисоците! Нема да не заплашат повици за информативни разговори! Протестирам е прво лице еднина, но сите ќе бидеме солидарни се додека луѓе се под притисок на режимот. Протестирам затоа значи и грижа за другите, пишува во најавата за денешниот протест на „Фејсбук“ страницата. „Марширајќи по улиците се ослободуваме, а...

Ве плаши будењето на народот, изгубени сте, порачаа демонстрантите

Притисокот треба да биде насочен кон мафијата и не треба да се очекува Ал Капоне да седи во влада, туку да оди кај што му е местото. Ова беше едно од проширените барања на „Протестирам“ кое Бојан Маричиќ од Македонски центар за европско образование го соопшти на протестот пред Собранието. Тој ги повтори барањата на демонстрантите за целосно повлекување на аболицијата,...

Кукли со ликовите на аболираните ставени во импровизиран затвор

Kукли на дување со ликовите на аболираните поранешни министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и на Мартин Протоѓер шефот на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски беа ставени во импровизиран затвор и донесени на почетокот на денешниот протест на „Шарената револуција“. https://twitter.com/meta_agency/status/734794346965372932 Демонстрантите со транспарент порачаа „Не за криминалот, не за аболиција“. Транспарентот беше напишан и на влашки јазик по повод Денот на...

И денеска протести пред СЈО во 18 часот

Граѓанските движења „Протестирам“ и „Шарената револуција“ денеска повторно ќе излезат на протест. Марширањето ќе започне пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот, а маршрутата на движење е се уште не позната. Според граѓанските активисти, после повеќе од една година протести, преговори помеѓу партиските лидери и меѓународна медијација, Македонија стигна до работ и, како што велат, оваа криза не се решава...

„Протестирам“ најавува блокади, окупации и пеколно лето

„Шарената револуција“ и „Протестирам“ денеска во 18 часот од СЈО ќе им порачаат на политичарите „блокирам“, „окупирам“ и „го менувам системот“. Од движењата велат дека по повеќе од една година протести, преговори меѓу партиските лидери и меѓународната заедница, државата стигнала до работ. Според граѓанските активисти, оваа криза не се решава со преговори, затоа што, како што велат со криминалци не се...

„Протестирам“ и „Шарената револуција“: Судии застанете на страната на правдата

„Протестирам“ и „Шарената револуција“ денеска јавно се обратија до судиите во Уставниот суд. Тие ги повикаа судиите „да застанат на страната на правдата“. „Судии, денес ќе треба да одлучите дали да поведете постапка по иницијативата за преиспитување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието. Да ве потсетиме дека таа Одлука беше донесена пред рокот предвиден за нејзино донесување, односно...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...