fbpx
Таг: Северна Македонија

таг: Северна Македонија

Европската комисија ја предаде предлог-преговарачката рамка за Македонија на земјите-члeнки

Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија и документот е испратен до земјите-членки. „Преговарачката рамка од страна на ЕК е конципирана врз основа на новата методологија за пристапниот процес. Основна цел на овие измени е пристапниот процес да биде поизвесен, поконкретен, поверодостоен, подинамичен, со засилено политичко управување, влијание од страна на земјите-членки, засновано на...

Српскиот јавен сервис редовно го употребува терминот „Северномакедонци“ иако таква нација не постои

Српскиот јавен медијски сервис Радио-телевизија Србије (РТС) објавувајќи прилог во вчерашните вести повторно употреби придавки од категоријата „северномакедонско“ и сопствена именка „Северномакедонци“, што е манипулација со публиката, бидејќи таква националност не постои. Станува збор за вест од областа на спортот со наслов „Бугари нуде Северномакедонцима заједничку кошаркашку лигу!“ (Бугарите им нудат на Северномакедонците заедничка кошаркарска лига!), во која и покрај...

Борисов: Готови сме да помогнеме на Северна Македонија, но ги кажавме нашите услови

Бугарскиот премиер Бојко Борисов по вчерашната онлајн-средба ЕУ- Западен Балкан порача дека Бугарија не сака Северна Македонија да си тера внатрешна политика на нејзин грб, јави бугарското радио „Дарик“. - ЕУ целосно го поддржа ветувањето кон партнерите од Западен Балкан за соработка за нивно придружување. Бев многу поддржан од други колеги, зашто искажав разбирање кон нашите колеги, вклучително и за...

Над 7.000 заболени од Ковид-19 на Балканот, најголем број во Србија и во Грција (видео)

Додека бројот на регистрирани случаи на заболени од корона вирусот на светско ниво достигна над еден милион, во земјите од Балканскиот полуостров до 3 април се регистрирани вкупно 7.200 заболени. Најголем дел од нив се во Грција - 1.613 и Србија - 1.476, а најмал број се до сега откриени во Црна Гора - 197 и Косово - 126. Северна...

Новите пасоши – нова (погрешна) нервоза во Грција околу името

Грчкиот портал newsbreak.gr објави текст во кој, почнувајќи од насловот, се демонстрира голема нервоза поради тоа што новата пратка од 100.000 обрасци за македонски пасоши која се очекува кон крајот на март ќе биде од „старите“, односно на нив ќе пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“. Притоа се тврди дека е тоа спротивно на Преспанскиот договор. Текстот не е...

Како парите од Орбановите пријатели преку Словенија влегоа во македонски проопозициски медиуми

Најмалку четири милиони евра што Унгарците ги платиле од август 2018 година за финансирање медиуми од „кругот на партијата СДС“ во Словенија и политичко-разузнавачките операции за поткопување на зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, во Словенија влегле преку сметки и компании што луѓе од најтесниот круг околу унгарскиот премиер Виктор Орбан ги отвориле во Лондон, пишува словенечкиот центар за...

Бугарски медиум ги „помеша брзините“ – Македонија не ги зголеми сообраќајните казни

Пишувајќи за зголемувањето на сообраќајните казни во Бугарија, кое треба да се случи на 21 јануари, бугарската агенција „Блиц“, во рубриката за автомобилизам, пласираше една дезинформација за Македонија. Имено, изнесувајќи ги износите за новите сообраќајни казни што ќе се изрекуваат во Бугарија за неполни две седмици, „Блиц“ пишува дека казните во текот на летото се зголемиле „во Грција, Северна Македонија,...

Директорот на бугарскиот Архив: Со македонските колеги ќе објавиме факсимилно издание за Гоце Делчев

Бугарскиот и македонскиот архив ќе издадат заедничко издание со документи за животот и делото на Гоце Делчев, изјави за бугарската новинска агенција БГНЕС доц. д-р Михаил Груев, претседател на бугарската Државна агенција „Архиви“. Тој вели дека тоа е договорено при посетата на директорот на Државен архив на Република Северна Македонија, д-р Емил Крстевски, на Софија на 12 и 13...

Бугарски „Стандарт“ со „исплашен“ наслов за реакциите на Заев и Димитров на негаторството од БАН

Бугарскиот весник „Стандарт“ објави на својата веб-страница денеска текст со наслов „Нè плашат со крај на пријателството со Македонија“, со кој е озаглавен текст за реакциите на министерот Никола Димитров и премиерот Зоран Заев на потегот на Бугарската академија на науките (БАН) да нагласи дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. На едно место во текстот на „Стандарт“ се наведува...

Филипов: „Македонија“ во името на државата е наша предност во разговорите за трговските марки

Во поглед на трговските марки, со името „Македонија“ и другите изведенки од него, ние имаме предност со тоа што сме единствената држава во светот што го има зборот „Македонија“ во своето име, но сепак во поглед на марките и трговските имиња, оние што треба да ги постигнат договорите се стопанските комори, бизнисмените. Во Македонија има околу 3.200 фирми што...

Заев и Димитров денеска се среќаваат со шефот на грчката дипломатија

Во рамките на состанокот на Светскиот економски форум во Женева, Швајцарија, на тема „Стратешки дијалог на Западен Балкан“, премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи ќе се сретнат со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас. Информацијата ја објави Дендиас во разговор за радиото “Тема ФМ”. Гениматас вели дека на средбата ќе се разговара главно за Договорот од Преспа и за...

Михаел Рот: Нема да ја подобриме Европа со прекршување на нашиот збор

Западен Балкан останува проба на издржливост за трајниот успех на мирот на европскиот модел. Нема да ја подобриме Европа со прекршување на нашиот збор, вели германскиот државен министер за Европа и заменик министер за надворешни работи, Михаел Рот во својата колумна објавена во германскиот весник „Ди Велт“. „Да, мораме да ја реформираме Европската Унија (ЕУ)! Но, задоцнетото продлабочување на ЕУ...

Заев и Палмер: Северна Македонија и САД убедени во успех во евро-атлантските интеграции

На денешната средба премиерот Зоран Заев и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер, и амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, се согласиле дека „е непоколеблива определбата на земјата за евро-атлантските процеси и дека Северна Македонија и САД го делат оптимизмот дека ќе бидат успешно заокружени“, соопшти Владата. Заев до Палмер изразил благодарност за...

По ратификацијата на Сенатот во САД, остануваат уште четири земји до членството во НАТО (инфографик)

Сенатот на Соединетите американски држави денеска го ратификуваше Протоколот за пристап на земјава во НАТО алијансата. Со тоа, преостанува ратификацијата да се заврши уште во четири членки на Сојузот за на крајот целата процедура да заврши со потпишување на Вашингтонскиот договор во Собранието на Северна Македонија. !function(e,i,n,s){var t="InfogramEmbeds",d=e.getElementsByTagName("script");if(window&&window.initialized)window.process&&window.process();else if(!e.getElementById(n)){var o=e.createElement("script");o.async=1,o.id=n,o.src="https://e.infogram.com/js/dist/embed-loader-min.js",d.parentNode.insertBefore(o,d)}}(document,0,"infogram-async"); Гласањето во Сенатот на САД заврши со 92 гласа „за“ и...

Француското „не“ ги стопи надежите на македонските граѓани

Француското категорично „НЕ“за проширувањето на ЕУ и недавањето датум за почеток на преговорите за Македонија и Албанија на Самитот на Европската Унија, ја одбележа оваа долга недела на неизвесност. Франција остана докрај доследна на ставот „Прво продлабочување на реформите во Унијата, а потоа проширување“, па и покрај тоа што мнозинството земји-членки го поддржаа отворањето пристапни преговори, нашата држава и...

ФТ: Франција остро се спротивставила на давање датум за Македонија и Албанија

Според угледниот „Фајненшел Тајмс“ на денешниот состанок во Луксембург на министрите за надворешни работи и министрите за Европа од земјите-членки на ЕУ, Франција остро се спротивставила на идејата за давање датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија. Денешниот состанок е претходница на состанокот на Европскиот Совет, кој ќе се одржи во следните два дена Според весникот, еден...

Заев: Франција не е против нас, очекувам одлука за преговори

Премиерот Зоран Заев e оптимист дека земјава ќе добие позитивна одлука од Европскиот совет на 17 и 18 октомври и ќе биде определен датум за преговори, јави МИА. – Останувам оптимист заради тоа што ги имаме сите аргументи на светот да добиеме позитивна одлука од Европскиот совет. Не сакам ни да размислувам дали ќе добиеме датум. Петнаесет години чекавме, донесовме...

Заев: Имаме обврска да ги воведеме четирите слободи на ЕУ во Западен Балкан

Северна Македонија, Србија и Албанија треба да ја зајакнат регионалната сорботка и да ги воведат европските принципи на соработка и функционирање и четирите слободи на ЕУ за проток на производи, мобилност на луѓе, услуги и капитал, порача македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Нови Сад. Тој заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама,...

Македонски интелектуалци ниту на сон не би побарале Софија да му поставува услови на Скопје

„Македонски учени настояват София да постави условия на Скопие преди подкрепата за ЕС“ (Македонски интелектуалци настојуваат Софија да постави услови на Скопје пред поддршката за ЕУ) беше насловот со кој во вторникот вечерта бугарскиот новински сајт „actualno.com“ го пласираше текстот за една од вестите на денот во Бугарија - дека „Македонскиот научен институт“ од Софија изнел осум задолжителни услови...

Манипулативни вести за бугарско вето шират тензии во регионот пред самитот на ЕУ

Наспроти недостатокот на официјално соопштение за евентуално бугарско вето кое би ја спречило Република Северна Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија, одредени медиуми шират алармантни и непотврдени наводи. „На Северна Македонија ѝ се случува неочекуваното, еве која земја кажа не за преговорите“, се вели во насловот на веста објавена од порталот „Без цензура“ (Pa censurë), која што...