fbpx
Таг: Северна Македонија

таг: Северна Македонија

Помпео: Чувајте се од руското влијание и кинеската технологија

Срцата и умовите на граѓаните на Северна Македонија треба да ја водат државата напред, а не руските ботови на социјалните медиуми. Би сакал да ве предупредам и за учеството на Кина во полето на чувствителните технологии и нивната стратегија на подмитување при обезбедувањето на зделките. Претседателот Трамп во Обединетите нации рече дека иднината им припаѓа на суверени и независни...

Можната блокада од Софија за Скопје за во ЕУ отстранета – заканите остануваат

Можноста од блокада за добивањето датум за преговори на Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија, што ја одбележа неделата, е отстранета, но заканите од Софија за целиот процес на интеграција на земјата остануваат.  Ова е епилогот на една краткотрајна тензична ситуација која се создаде, се чини, со ништо предизвикана, а која е врзана со работата на комисиите на...

Потпишан техничкиот аранжман за надзор на воздушниот простор на Македонија од страна на Грција

Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Грција денеска во Атина потпишаа технички аранжман за надзор на воздушниот простор, соопшти македонското Министерство за одбрана. Аранжманот кој го потпишаа началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и началникот на одбраната, генералот Христос Кристодулу претставува официјализирање на мисијата „Air– policing“, а ќе се реализира во координација...

Бугарското ВМРО ќе ја напушти владата ако Софија ја поддржи Македонија за членство во ЕУ

Бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана, истовремено и претседател на бугарската политичка партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, викендов порача дека тој и неговата партија нема да го поддржат членството на Северна Македонија во ЕУ. Тој побара истиот став да го усвои и владата на Бугарија, а во спротивно неговата партија ќе ја напушти владејачката коалиција. Каракачанов...

Македонија го доби првиот амбасадор на Грција – Јанакакис унапреден од шеф на Канцеларијата за врски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма од страна на Димитрис Јанакакис, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Грција во Република Северна Македонија. Јанакакис од 2016 година беше шеф на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, а со овој чин тој станува официјален дипломатски претставник, според Преспанскиот договор. „Изразувајќи задоволство од отворањето на ново...

Интерпретирајќи го претседателот Радев, бугарски портал ја промаши изјавата

Во навистина куса вест за средбата вчера на бугарскиот претседател Румен Радев со бугарските членови на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија, бугарскиот портал „Аларма“ си дозволи прекажување, односно слободна интерпретација на изјавата на Радев. И притоа сосема погрешно ја пренесе изјавата, односно ја прекрои изјавата и изнесе невистини за тоа што го...

Косово забрани увоз на компири и мед од земјава

Косовското Министерство за трговија и индустрија денеска воведе забрана за увоз на мед и компири од Северна Македонија, пренесува „Порталб.мк“. Забраната за овие два производа доаѓа како реципрочна мерка на косовските власти по одлуката на македонските власти да го забрани увозот на риба за порибување од Косово, а ќе трае до моментот на преразгледување на одлуката на македонските власти...

Македонија го почитува меѓународното право за случајот со Kосовецот Томор Морина

(Вежба на македонската и косовската полиција во касарната „Ѓорче Петров“)
Текстот објавен на порталот „Правда.рс“ со исклучително навредлив наслов: „Македонците повторно лижат шиптарска чизма: штитат ОВК терорист!“ („Македонци лижу шиптарску чизму поново: штите ОВК терористу!“), креира сосема погрешна слика за случајот со екстрадицискиот притвор  на Томор Морина, поранешен член на ОВК, кој е уапсен во земјава по потерница на Србија. Кога ќе се прочита насловот на српскиот портал се...

Асја Методиева: Западен Балкан пати од слаби медиумски системи и недостиг на транспарентност

Г-а Асја Методиева е докторанд на Централноевропскиот Универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта, а ги истражува радикалните движења, со фокус на регрутирањето на странски борци. Нејзиниот труд “Russian Narrative Proxies in the Western Balkans” (Преносителите на рускиот наратив во Западен Балкан), којшто неодамна беше објавен од Германскиот Маршалов фонд на САД, го истражува растежот на антизападните/проруските наративи во Западен Балкан, анализирајќи...

Заев предлага план за заедничка битка против дезинформациите

Премиерот Зоран Заев, објавувајќи предлог-план за борба со дезинформации и лажни вести, на денешната прес-конференција посочи дека дезинформациите за земјава, покрај од дел од домашните медиуми, се шират и од страна на други држави.  „Република Северна Македонија во изминативе две години на повеќе наврати се има соочено со масовно ширење на дезинформации, како на социјалните мрежи, така и на традиционалните медиуми. Дел...

Грчки медиуми дезинформираат: И Меркел и АДАК употребуваат „Северна Македонија“

И Германија и Ангела Меркел и германскиот автомобилистички клуб АДАК, една од најголемите такви асоцијации во светот, во сите ситуации го користат името Северна Македонија, а не само Македонија, и тврдењето дека тоа не е така е ноторна невистина, пишува грчкиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Еllinika Hoaxes“ во нов напис посветен на дезинформација за...

Само 38 отсто од граѓаните имаат доверба во правосудството (инфографик)

Само 38 отсто од граѓаните во земјава веруваат во правосудниот систем, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесува „Порталб“. Прашани колку доверба имаат во судството, само четири отсто од испитаниците во Северна Македонија и девет отсто од испитаниците во ЕУ рекле дека имаат целосна доверба, додека со „донекаде имам доверба“ одговориле 34 отсто од жителите на земјава и 41...

Пајат: САД нема зошто да се меша во спроведувањето Преспанскиот договор

Во однос на сите работи околу Преспанскиот договор, ќе оставам грчката влада да зборува за тоа. САД се фокусирани на зачленувањето на Северна Македонија во НАТО и на тоа ќе се насочиме и есенва, вели амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“. - Посебно во поглед на Преспанскиот договор, ќе оставам да зборува грчката...

Ситистас и Данилидис, „Ellinika Hoaxes“: Лажните вести се „бомба“ во темелите на демократијата

Фото: Nikos Kokalias, Kathimerini.gr
Теодорос Данилидис е основач, а Танос Ситистас уредник на „Ellinika Hoaxes“, најпознатата грчка веб-страница која се занимава со разоткривање на лажните вести и дезинформациите. Овој сервис функционира веќе шест години, од 2013 година. Во интервју за „Мета“ тие објаснуваат дека Грците за жал премногу лесно може да поверуваат во лажните вести, како и дека дезинформациите во нашиот јужен сосед...

Новата амбасадорка на САД му ги предаде акредитивите на Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнз, со што таа и официјално стапи на должност. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски, посакувајќи ѝ на новата амбасадорка успешно вршење на функцијата, порача дека нејзиното именување, како добар познавач на регионот и на земјава, е „уште една потврда на одличните...

Иван Георгиев: Во Бугарија речиси и нема борба против дезинформациите

Иван Георгиев е водител и репортер на една од најголемите телевизии во Бугарија, бТВ. Во последните неколку години известувал и имал емисии за некои од водечките настани во регионот, од тоа во значителен обем и во Македонија, како и во светот. Дипломирал новинарство на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и добитник е на бројни новинарски награди – меѓу нив...

Грчки сајт најде 200.000 хомосексуалци во земјава

Фото: Арбнора Мехмети
Грчкиот сајт „Валканико Перископо“, кој објавува различни вести од Балканот, но и за САД, Блискиот Исток, Русија, Ерменија и дури и Либија, два дена по одржување на првата Парада на гордоста во Скопје, објави вест, повикувајќи се на македонски сајт во кој тврди дека дури 200.000 лица во Македонија се хомосексуалци. Бројката што ја наведуваат и овој грчки онлајн медиум,...

Димитров: Со меѓусебна почит можат да се решат сите прашања со Бугарија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека нашата земја со Бугарија споделува заеднички цели и оти ќе се изнајде пат, со меѓусебно пријателство и почит, да се решат проблемите кои избија во последниот период. – Убеден сум дека со Бугарија споделуваме крупни заеднички цели. Како соседи што потпишаа Договор за пријателство, кој допира и до многу деликатни и емотивни...

Во БиХ се бараат рудари од Македонија за плата од 900 евра

Рајко Дукиќ, претседателот на компанијата „Боксит“ од Милиќи во Република Српска преку амбасадите на Северна Македонија и Кина упатил допис со кој известува дека итно се потребни за 30 рудари за потребите на компанијата, која освен со ископ на боксит, се занимава и со друго производство и со трговија. Тој вели дека условите се одлични, пишува босански „Капитал“. „За осумчасовно...

Стејт департментот со критика за борбата на Северна Македонија против трговијата со луѓе

Крупни забелешки за властите на Северна Македонија во поглед на борбата против трговијата со луѓе дава Стејт департментот на САД во својот најнов извештај за состојбата со трговијата со луѓе во светот за 2019 година. Извештајот почнува со забелешка дека власта не ги исполнува целосно минималните стандарди за сузбивање на трговијата со луѓе, но и дека прави значителни напори за...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...