fbpx

ФТ: Франција остро се спротивставила на давање датум за Македонија и Албанија

-

Според угледниот „Фајненшел Тајмс“ на денешниот состанок во Луксембург на министрите за надворешни работи и министрите за Европа од земјите-членки на ЕУ, Франција остро се спротивставила на идејата за давање датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија. Денешниот состанок е претходница на состанокот на Европскиот Совет, кој ќе се одржи во следните два дена

Според весникот, еден од ЕУ дипломатите што го поддржуваат давањето датум за двете земји, однесувањето на Франција е играње со оган.

-Ова може да ја загрози стабилноста на регионот. Работата е многу сериозна – вака „Фајненшел Тајмс“ ги пренесува зборовите на неименуваниот министер.

Весникот тврди дека Франција била единствената земја што се спротивставува на европерспективата на Северна Македонија, барајќи повеќе реформи како услов за доделување датум.

Што се однесува до Албанија, туку работата била многу покомплицирана, оти не само Франција, туку и Холандија и Данска изразиле песимизам за оваа земја и посочување на внатрешната политичка нестабилност, организираниот криминал и застојот во реформите во Албанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...