fbpx
Таг: Sergej Lavrov

таг: Sergej Lavrov

Лавров: Можна е голема коалиција против Исламска држава

Спогодбата за иранската нуклеарна програма, која е постигната меѓу Техеран и големите сили, овозможува да се отстранат „препреките“ за формирање „голема коалиција“ против групата Исламска држава, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Нормализирањето на ситуацијата со Иран овозможува да се решат „низа проблеми и судири во регионот“ и ќе има „позитивно влијание на ситуацијата во целина“, додаде Лавров. - Спогодбата...

Лавров: На руската црна листа има поддржувачи на ударот во Украина

На руската „црна листа“ се наоѓаат личности кои активно го поддржуваат минатогодишниот државен удар во Украина, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, отфрлајќи го тврдењето на ЕУ за неоснованост на листата и наведувајќи дека Русија одговорила во иста, па дури и во помала мера за разлика од едностраните санкции на ЕУ кон Русија. - Санкциите кои се воведени,...

Амбасада на САД: Тврдењата на Лавров се апсурдни

Апсурдни се обвинувањата дека Соединетите Американски Држави се вмешани во заговор за дестабилизација на Македонија, изјавиле од Амбасадата на САД во Скопје за „Нова ТВ“. Реакцијата на Амбасадата на САД е во врска со неодамнешната изјава на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој го обвини Западот дека стои зад актуелната политичка криза во земјата и врши притисок врз премиерот...

Реакција на МНР: Блокадите и заканите не придонесуваат за мирот и за стабилноста на регионот

Сите блокади, закани со блокади и изјави за нудење изговори против наше членство, не се во духот на европските вредности и не придонесуваат за мир и за стабилност во регионот, стои во реакцијата на македонското МНР издадена по изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можната блокада на Македонија при влезот во НАТО, како и по изјавата на шефот...

Лавров: Јагланд да ја посети Македонија

Поради зголемената тензичност во Македонија, Русија предложила во регионот да биде испратен генералниот секретар на Советот на Европа, Торборн Јагланд, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. – Имајќи го предвид порастот на тензиите во Македонија, руската страна предложи испраќање на генералниот секретар на Советот на Европа во регионот - се наведува во соопштението на руското МНР, по учеството на Сергеј Лавров...

Лавров: Поделба на Украина не е прифатлива

Украина треба да остане единствена и поделба на таа земја е неприфатлива, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. - Сакаме во Украина да завладее мир, а за тоа е потребно Украина да биде единствена и неутрална. Таа не може да се дели на парчиња. За Украина да остане единствена, треба да ги исполни обврските во врска со децентрализацијата –...

Лавров: Помина периодот на прекршување на договорот за прекин на огнот

Рускиот министер за надворешени работи, Сергеј Лавров, изјави дека верува дека периодот на зачстени прекршувања на прекинот на огнот во Источна Украина е поминат, додавајќи дека Москва ќе направи сè за да спречи повторна ескалација. Борбите помеѓу украинската војска и проруските сили се зачестија во послдните неколкју недели иако од февруари на сила е договорот за прекин на огнот. Најостри...

Лавров: Украина го има клучот на добрите односи меѓу ЕУ и Русија

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека украинските власти продолжуваат да го блокираат исполнувањето на договорот од Минск и на тој начин го попречуваат нормализирањето на односите меѓу Русија и Европската унија. - Договорот од Минск сега не само што не се исполнува, туку Украина веќе го блокира. Изгледа дека Украина сега го има клучот за нормализација на односите...

Кери и Лавров разговарале за убиството на Немцов и за Украина

Американскиот државен секретар, Џон Кери, се сретна со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во Женева, во момент кога се зголемуваат тензиите поради Украина, како и поради убиството на остриот критичар на Кремљ, Борис Немцов. По 20-минутната средба на маргините на состанокот на Советот за човекови права на Обединетите нации, Кери твитуваше дека имале „искрена дискусија“ за Украина, Сирија и...

Лавров: Киев сака да не успее договорот од Минск

Русија стравува дека многумина во Киев, но и некои надвор од Украина, сакаат мировниот договор на истокот на земјата да пропадне, рече во средата рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Шефот на руската дипломатија ги повика набљудувачите на ОБСЕ да го надгледуваат повлекувањето на тешкото оружје од истокот на Украина во согласност со мировниот договор постигнат на 12 февруари...

Лавров: Мировен договор за Украина е можен

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека мировен договор за прекин на конфликтот во Украина е можен. - Веруваме дека постојат шанси да се постигне договор според последните предлози - изјави Ларов. Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд вчера имаа средба со рускиот претседател Владимир Путин, со кој разговараа за план за прекин на воените дејства...

Лавров: Москва сака мирно решение на конфликтот

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во телефонски разговор со државниот секретар на САД, Џон Кери, изјавил дека Москва е подготвена да направи сè што може за да ја охрабри спротиставената страна на истокот на Украина да пронајдат мирно решение за конфликтот. „Лавров ја истакнал подготвеноста на Русија да напраи сè во своја моќ за да се пронајде мировно решение...

Лавров: Западот не крие дека сака да го сврти рускиот народ против власта

Западот не крие дека целта на санкции против Русија е да се нанесе штета на економија и го сврти народот против власта, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Според рускиот министер, поводите за зајакнување на санкциите се бираат многу валкано, потсетувајќи дека пример за тоа се санкциите во јули, воведени поради падот на малезискиот боинг. - Не е во ред...

Лавров: Новиот закон за санкции на САД ги влошува односите со Русија

Новиот закон на САД, кој предвидува дополнителни санкции кон Русија поради украинската криза, би можел долгорочно да ги влоши односите меѓу Вашингтон и Москва, изјави денеска рускиот министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров. Шефот на руската дипломатија, во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Џон Кери, истакна дека воведувањето нови санкции на подолг рок би можело да ја загрози шансата...

Лавров: Русија нема да го моли Западот да ги укине санкциите

Русија не планира да го моли Западот да ги укине санкциите кон Москва, соопшти во вторник рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. - Русија нема да го моли Западот да ги укине едностраните санкции. Санкциите не се наш избор. Москва понекогаш добива предлози од типот, ние ќе ви кажеме што треба да правите, а сега ќе ви воведеме санкции....

Лавров и Кери телефонски разговараа за кризата во Украина

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, и државниот секретар на САД, Џон Кери, синоќа телефонски разговараа за ситуацијата во Украина и за текот на преговорите за иранската нуклеарна програма, соопшти портпаролот на Стејт департментот, Џен Саки. За време на разговорот, Лавров и Кери ја истакнале неопходноста од почитување и од спроведување на договорот од Минск за прекин на огнот во...

САД и Русија се договориле да разменуваат информации за ситуацијата на руско-украинската граница

САД и Русија се договориле да разменуваат информации за ситуацијата на руско-украинската граница, рече американскиот државен секретар Џон Кери. Украинската армија вчера ја обвини Русија дека испратила конвој од 32 тенка и камиони со војници до проруските сили во Источна Украина, кои се во судир со украинските сили. - Доволно е да се каже дека имаме несогласувања за некои факти кои...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...