Рускиот министер за надворешени работи, Сергеј Лавров, изјави дека верува дека периодот на зачстени прекршувања на прекинот на огнот во Источна Украина е поминат, додавајќи дека Москва ќе направи сè за да спречи повторна ескалација.
Борбите помеѓу украинската војска и проруските сили се зачестија во послдните неколкју недели иако од февруари на сила е договорот за прекин на огнот. Најостри беа борбите околу доњецкиот аеродром.
– Сега ситуацијата се смирува. Активно ќе го подржуваме зајакнувањето на оваа тенденција – истакна Лавров.
Украинскиот воен портпарол, Андреј Лисенко, денеска изјави дека ниеден украински војник не е убиен или ранет.
– Бројот на прекршувања на прекин на огнот од непријателите е значително опаднат – рекол Лисенко.