fbpx

Лавров: Русија нема да го моли Западот да ги укине санкциите

-

Русија не планира да го моли Западот да ги укине санкциите кон Москва, соопшти во вторник рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

– Русија нема да го моли Западот да ги укине едностраните санкции. Санкциите не се наш избор. Москва понекогаш добива предлози од типот, ние ќе ви кажеме што треба да правите, а сега ќе ви воведеме санкции. Нема да учествуваме во тави игри – рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија додаде дека политиката на ЕУ кон сегашната украинска криза е обид да се префрли одговорноста.

– Се надеваме дека уште не сме ја минале точката д која нема враќање. Заинтересирани сме за прогресивен развој на односите со ЕУ – рече Лавров.

Изјавата на рускиот министер за надворешни работи следи откако Брисел воведе нови дополнителни санкции кон проруските сили во Украина, кои го поддржуваат Кремљ, а Москва одговори со воведување забрана за увоз на храна од земјите од ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...