fbpx
Таг: Романија

таг: Романија

Романскиот претседател ќе ја оспори владината уредба за корупција

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, денеска соопшти дека од Уставниот суд ќе побара да ја прогласи за неуставна одлуката на владата за ублажување на прописите за борба против корупцијата, која предизвика масовни протести во земјата. Јоханис рече дека уредбата на владата ќе ја изнесе пред Уставниот суд, што е последна правна можност да се спречи измената на законот. Владата на социјалдемократите...

Пет повредени и 60 приведени за време на антивладините протестити во Романија

Најмалку пет лица се повредени и 60 се приведени по судирот на демонстранти и на припадници на безбедносните сили за време на протестите во Букурешт. Протести беа организирани и во други романски градови и се оценува дека се најмасовни од падот на комунизмот во 1989 година. Демонстрациите почнаа откако владата издаде указ за намалување на казните за корупција, со кој многу...

Протести во Романија поради намалување на казните за корупција

Илјадници Романци синоќа излегоа на улиците во знак на протест поради одлуката на владата да издаде декрет со кој се намалуваат казните за корупција. Новиот декрет, како што јавуваат романските медиуми, ќе поштеди многу политичари од кривично гонење. Во Букурешт демонстрантите спонтано се собираа пред седиштето на владата, извикувајќи „крадци“ и повикувајќи на оставка на социјалдемократската влада, која на власт дојде...

Пожар во ноќен клуб во Букурешт, 38 повредени

Во пожар кој ноќеска избувнал во ноќен клуб во Букурешт, повредени се 38 лица, од кои едно потешко. Како што јавуваат светските агенции, пожарот избувнал околу 4 часот, според средноевропско време, во популарниот ноќен клуб „Бамбу“, кој изгорел до темел. Повеќе лица имале труење со јаглерод моноксид, а дел се повредени откако, бегајќи од пламенот, скокнале од горното ниво на...

Земјотрес ја погоди Романија

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утринава ги затресе источните делови на Романија, а се почувствува и во престолнината Букурешт, соопштија сеизмолозите. Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени. Рускиот институт објави дека јачината на земјотресот бил 5,2 степени, додека американскиот геолошки завод наведува дека бил од 5,6 степени. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 100...

Социјалдемократите победија на изборите во Романија

Социјалдемократската партија на Романија (ПСД) победила на парламентарните избори во земјата, покажуваат резултатите објавени утрово, по преброени 99 осто од гласовите, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. На изборите што вчера се одржаа во Романија, социјадемократите освоиле 46 отсто од гласовите, а Националната либерална партија на десниот центар е на второ место со повеќе од 20 отсто освоени гласови. Во...

Земјотрес во Источна Романија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран на истокот на Романија. Засега нема информации за жртви и за причинета материјална штета. Според податоците на сеизмолозите, епицентарот на земјотресот бил на 149 километри северно од Букурешт, на длабочина од 91,25 километри.

„Медиумско-политичкиот циркус“ е секојдневие пред СЈО на Лаура Ковеси

Специјалното јавно обвинителство прави политички и медиумски циркус, изјави во понеделникот претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија (ДИК), Силвана Бонева, по излегувањето од зградата на СЈО. Бонева алудираше на новинарските екипи што ја чекаа, а кои, според нејзиното толкување, биле повикани од СЈО заради медиумско-политички циркус. „Телевизиски екипи се постојано пред канцелариите на Лаура Кодрута Ковеси (шефицата на романскиот национален директорат за...

Уапсен романскиот вицегувернер на Централна банка поради корупција

Романската полиција денеска го уапси вецегувернерот на Централната банка, Богдан Олтенау, во рамки на истрагата за корупција што ја спроведува Националната дирекција за борба против корупција. Како што јавуваат романските медиуми, Олтеану веќе се наоѓа во притвор, а дирекцијата бара да му биде одреден 30-дневен притвор. - Во тек е истрага, обвинителите сакаат тој да остане во притвор 30 дена - посочи претставник на...

Репортажа и стихови на македонски поети во романското списание „Хелис“

Романското книжевно списание „Хелис“ во своето последно издание, ударно на насловната страница објавува репортажа со наслов „Хелис во Струга“, чиј автор е угледниот новинар Василе Јордаке. Јордаке, по повод 14 годишнината од постоењето на „Хелис“, отстапува поголем простор, за заложбите и придонесот на „Хелис“ во унапредувањето на романско-македонските врски и градењето на книжевните релации. Јордаке пишува за добитниците...

Противракетниот штит во Романија од денеска во функција

Американскиот систем за противракетна одбрана во Романија, наменет да ја заштити Европа од балистички ракети, денеска ќе биде ставен во употреба. Тоа предизвика негодување кај Русија. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе го означи почетокот на дејствувањето на новиот систем во базата кај селото Девеселу, на југозападот на Романија, околу 180 километри од Букурешт. Воената база ја изгради...

Кимпеану именуван за привремен премиер на Романија

Романскиот министер за образование, Сорин Кимпеану, денеска е назначен за привремен премиер на Романија, јавуваат романските медиуми. Романскиот претседател Клаус Јоханес го именуваше Кимпеану на оваа позиција откако премиерот Виктор Понта вчера си поднесе оставка. - Ја прифатив оставката на премиерот Понта и решив да го именувам Сорин Кимпенау за привремен премиер. Веќе ги потпишав двете решенија - изјави Јоханес, додавајќи дека денеска...

Романскиот премиер си поднесе оставка поради пожарот во ноќниот клуб

Романскиот премиер, Виктор Понта, си поднесе оставка на функцијата еден ден по масовните протести поради пожарот што во петокот минатата недела избувна во ноќен клуб во Букурешт, јави „Би-Би-Си“. Во пожарот, во ноќниот клуб „Колектив“, животите ги загубија повеќе од 30 лица, а повеќе од 130 луѓе сè уште се наоѓаат на болничко лекување, од кои најголем дел се во...

Романија го повлече барањето за влез во Шенген-зоната

Романија вчера се откажа од барањето за пристапување кон Шенгенскиот договор, откако станало очигледно дека заедно со Бугарија не можат да ги задоволат критериумите, јавува „Балкан инсајт“. Европскиот совет за правда и за внатрешни работи нема да расправа по барањето, иако формалната одлука се очекува до крајот на годинава. Премиерот Виктор Понта вчера рече дека Романија сама побарала расправата да се...

Романскиот парламент не изгласа недоверба за премиерот

Романскиот парламент не ѝ изгласа недоверба на владата на Виктор Понта, кому му се суди за затајување данок, перење пари, судир на интереси и за давање лажни изјави во време кога работел како адвокат, во 2007 и во 2008 година. Опозицијата не успеа да присобере доволно поддршка за смена на владата. Неколку илјади луѓе се собраа во паркот пред парламентот во...

Романскиот парлaмент расправа за доверба на премиерот Понта

Во романскиот парламент денеска почна расправа за гласање доверба на премиерот Виктор Понта, кому му се суди за затајување данок, перење пари, судир на интереси и за давање лажни изјави додека работел како адвокат во 2007 и во 2008 година. Понта ги отфрли сите обвиненија. Неколку илјади лица се добраа во паркот пред парламентот во Букурешт, извикувајќи „Долу влада“ и „Срам...

Орбан најави ограда и на границата со Романија

Унгарија ќе подигне ограда и долж деловите на својата граница со Романија, соопшти денеска премиерот Виктор Орбан. - Донесена е одлука за подигнување ограда и на границата со Романија – рече Орбан. Романија денеска го повика унгарскиот амбасадор поради планот на Будимпешта да ја продолжи граничната ограда кон Романија за да го спречи приливот на мигранти што се обидуваат да стигнат до Северна...

Романија нема да ги прифати бегалските квоти

Романија нема да ги прифати новите квоти на Европската комисија за прием на бегалци, изјави романскиот претседател Клаус Јоханис. Романија веќе примила 1.785 бегалци, но според новиот предлог на Европската комисија, би требало да прими вкупно 6.351 лице, што во Букурешт се смета за неприфатливо. Јоханис рече дека романскиот министер за внатрешни работи в понеделник ќе отпатува за Брисел за да го...

Понта го преживеа гласањето доверба

Романскиот премиер Виктор Понта, кој е обвинет за корупција, перење пари и за судир на интереси, го преживеа гласањето доверба во парламентот. Против премиерот гласаа 194 пратеници, а 13 за него, но за скратување на довербата биле потребни 278 гласови, Пратениците на владејачката Социјалдемократска партија на Понта не гласаа. Обвинителството го осомничи Понта за затајување данок во 2007 и во 2008...

Романски министер поднесе оставка бидејќи ги навредил жените

Романскиот министер за транспорт, Јоан Рус, поднесе оставка по изјавата во која Романките, чии мажи работат во странство, ги нарече проститутки. Премиерот Виктор Понта ја прифати оставката на Рус, кој во телевизиско интервју изјави дека три милиони Романци работат во странство и им испраќаат пари на жените „курви“, за да ги издржуваат нивните деца кои „не се за ништо“.