fbpx
Таг: Романија

таг: Романија

Најмалку 19 мигранти загинале во бродска несреќа во Црното Море

Рибарски брод кој превезувал мигранти денеска потонал во Црното Море во близина на турскиот брег. Во несреќата загинале најмалку 19 лица, а 11 се водат како исчезнати, соопштила турската крајбрежна стража, јавуваат агенциите. Како што е соопштено, најмалку 40 мигранти биле спасени од бродови на крајбрежната стража и од трговски бродови кои биле во близина. Од крајбрежната стража сооштиле дека...

Романија: Пресретнат брод со мигранти во Црното море

Романската крајбрежна стража во Црното море пресретнала брод со 69 мигранти со потекло од Ирак, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Крајбрежната стража го забележала бродот, кој пловел под турско знаме, на околу 16 километри од пристаништето Мангалија, кое се наоѓа во југоисточниот дел на Романија, во близина на границата со Бугарија. Во бродот, кој бил испратен до...

На романскиот брег на Црно Море починале 119 делфини

Романската група за заштита на животната средина „Маре нострум“ соопшти дека 119 делфини годинава загинале долж романскиот брег на Црно Море, како последица на вплеткување во рибарските мрежи. Во соопштението на невладината организација се наведува дека ова е најлошата година по 2012 година, кога 177 делфини починаа како последица на рибарските мрежи. Еден од трите видови делфини во Црно Море...

Два авиона принудно слетаа во Букурешт

Претставници на романскиот аеродром денеска соопштија дека авиони на компаниите „КЛМ“ и „Скандинавијан ерлајнс“ принудно слетале на меѓународниот аеродром во Букурешт. Летот на компанијата „КЛМ“ од Кувајт до Амстердам слетал рано утринава откако еден од моторите на авионот почнал да испушта поголемо количество бензин. Авионот на „Скандинавијан ерлајнс“ од Копенхаген до Родос побарал итно слетување затоа што еден од патниците имал...

Режисерот Илија Пиперкоски во Охрид го почна снимањето на својот прв игран филм

Македонскиот режисер, по потекло од Охрид, Илија Пиперкоски, кој живее и создава во Романија, во Охрид го почна снимањето на неговиот прв игран филм, „Дедо и внук“. Пиперкоски, истовремено, е и сценарист на филмот. Тој, досега има режирано голем број кратки и документарни филмови. Продуцент на филмот е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, сценографијата е на...

Епидемија на морбили во Романија одзеде најмалку 17 животи

Најмалку 17 луѓе починале од морбили, во големата епидемија што ја зафати Романија, јавуваат балканските медиуми. Поголемиот дел од заболените од морбили се регистрирани долж западната и југозападната граница, односно границите со Србија и со Бугарија. Романскиот министер за здравство, Флориан Бодог, соопшти дека од појавата на првите случаи на болеста во септември минатата година досега се регистрирани околу 3.400 заболени....

Романската Дирекција за борба со корупција испрати 1.300 функционери на суд

Романската Дирекција за борба со корупција минатата година поднела обвиненија против 1.300 функционери поради корупциски активности, со кои ја оштетиле државата со 260 милиони евра, соопшти денеска шефицата на комисијата, Лаура Кодруца Ковеси. Таа посочи дека меѓу лицата кои минатата година завршиле на суд има има тројца министри, 17 пратеници и други високи функционери. Во јануари годинава, владата се обиде да...

Продолжуваат антивладините протести во Романија

Неколку илјади Романци синоќа повторно протестираа во повеќе градови на Романија и бараа оставка на Владата, која не успеа да го измени Кривичниот законик, со што ќе се овозможеше ослободување од гонење на лица осомничени за корупција. Како што јавуваат локалните медиуми, околу 2.000 луѓе протестираа пред зградата на Владата во Букурешт извикувајќи „крадци“ и „оставка!“. - Владата ја...

Романскиот парламент го поддржа планот за референдум

Романскиот парламент едногласно го поддржа планот на претседателот на државата Клаус Јоханис да организира референдум за антикорупциските реформи. Гласањето во парламентот е вообичаена процедура, но неговото мислење за одржување на референдумот не е обврзувачко. Јоханис, некогашен член на десничарската опозиција, ја нападна владата поради уредбите со кои се штитат десетина јавни функционери од кривично гонење. Романскиот претседател сега мора да одлучи кога...

Министерот за правда на Романија си поднесе оставка по масовните протести

Министерот за правда на Романија, Флорин Jордаке, денеска си поднесе оставка на функцијата по масовните протести што избувнаа во земјата поради уредбата на владата за ублажување на антикорупциските прописи, јавуваат агенциите. Јордаке изјавил дека уредбата што тој ја подготвил била „легална и уставна“, но не наишла на поддршка од јавноста и не успеала да го смири јавното мислење. Романската влада ја повлече...

Романската влада го преживеа гласањето доверба

Романската влада, на чело со социјалдемократите, го преживеа гласањето доверба во парламентот. Барањето за смена на владата го поднесе опозицијата од редот на партиите од десниот центар, а за време на изјаснувањето, пратениците од владејачката коалиција се воздржале од гласање. Тоа било доволно барањето на опозицијата да не помине, затоа што социјалдемократите заедно со коалицискиот партнер држат околу 61 отсто од...

Закажано гласање доверба на владата во Романија

Романската влада на левиот центар денеска ќе се соочи со гласање доверба во парламентот поради усвојувањето на уредбата за декриминализација на одредени облици на корупција, поради кој стотина илјади лица протестираат на улиците. Се очекува владата на премиерот Сорин Гриндеану да добие доволна поддршка, бидејќи владејачката Социјалдемократска партија и нејзиниот помал коалициски партнер, Алијанса на демократски либерали, имаат мнозинство во собранието. Владата...

Премиерот на Романија размислува да го отпушти министерот за правда

Романскиот премиер Сорин Гриндеану изјави дека можеби ќе го смени министерот за правда на таа земја поради спорните уредби за декриминализацијата. Таа уредба предизвика најмасовни антивладини протести од падот на комунизмот. Според неговите зборови, уредбата, која требало да декриминализира одредени службени прекршоци, довела до поделба на Романците и додаде дека поради тоа министерот за правда, Флоријан Јордаке, би можел во наредните денови...

Романската влада нема да си поднесе оставка, соопшти Драгнеа

Лидерот на владејачката коалиција во Романија, Ливиу Драгнеа, изјави дека владата нема да поднесе оставка по масовните протести по падот на комунистичкиот режим. Откако стотина илјади лица со денови протестираат против уредбата која дозволува политичарите да избегнат судско гонење, владата утре ја повлече спорната уредба. Претседателот на социјалдемократите, Ливиу Драгнеа, по состанокот со партнерите во владата, рече дека „безрезервно им искажале поддршка...

Белгиски политичар побара Бугарија, Романија, Полска и Унгарија да ја напуштат ЕУ

Премиерот на белгискиот автономен регион Валониа, Пол Мание, порача дека Полска, Унгарија, Романија и Бугарија треба да ја напуштат Европската Унија, а притоа за секоја од нив дури даде и посебно име за процесот на напуштање, пишува францускиот весник „Ле Монд“. Мание, кој важи за најголем евроскептик меѓу социјалистите, рече дека е пожелно излегувањето на Велика Британија од ЕУ, односно Брексит,...

Романија денеска ќе објави детали од новиот кривичен предлог-закон

Романскиот министер за правда, Флорин Лордаче, соопшти дека денеска ќе објави детали од новиот кривичен предлог-закон, ден откако владата го укина претходно издадениот декрет кој овозможуваше ублажување на борбата против корупцијата и предизвика масовни протести и меѓународна критика. Стотина илјади Романци протестираа во Букурешт и во други градови во земјата против владината уредба која штити или целосно ослободува некои функционери од кривично гонење...

Романската влада ќе ја повлече спорната уредба за корупција

Владата на Романија ќе одржи седница на која би требало да ја повлече спорната уредба со која се ублажуваат антикорупциските мерки, јавува „Би-би-си“. Одлуката на официјален Букурешт предизвика повеќедневни протести во земјата, кои се сметаат за најмасовни по 1989 година. Романскиот премиер Сорин Гриндеану рече дека владата ќе ја повлече уредбата затоа што не сака „да ја подели Романија“. Повеќе десетици илјади...

Романците четврта вечер по ред протестираа против владиниот указ за корупција

Масовни протести синоќа, четврта вечер по ред, се одржаа во Романија. Романските медиуми јавуваат дека на улиците на Букурешт синоќа излегле околу 200.000 лице. Протестите се одржуваат поради ненадејната одлука на романската влада да декриминализира или да ја намали казната за корупција, злоупотреба на положбата или судирот на интереси, најчестите казнени дела за кои се гонат политичарите.Иако на дневниот ред...

И вечерва протести во Букурешт, се собраа десетици илјади Романци

Протестите поради одлуката на романската влада да ги ублажи прописите за сузбивање на корупцијата продолжија и вечерва пред седиштето на владата на Романија. На плоштадот Викторија се собраа десетици илјади граѓани. Сепак, таму и на улиците на Букурешт, генерално, е помирно отколку во претходните денови. Демонстрантите носат знамиња на Романија, а има и многу деца со своите родители или баби...

Продолжуваат протестите во Романија, а премиерот не ја повлекува уредбата

Десетина илјади демонстранти трета ноќ по ред протестираат во 20 градови во Романија поради одлуката на социјалдемократската влада да ги ублажи прописите за сузбивање на корупцијата. Романскиот премиер Сорин Гриндеану најави дека неговата влада, без разлика на масовните протести, нема да ја повлече спорната уредба, која декриминализира некои случаи на корупција, што предизвика политичка криза во земјата. Претседателот на Романија, Клаус Јоханис,...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...