fbpx
Таг: рокови

таг: рокови

Новиот Зврлевски ќе се избира на оглас: Какви се роковите, процедурата и условите

Штом заврши постапката за разрешување на актуелниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски, Владата веднаш ќе почне процедура за именување негов наследник, изјави премиерот Зоран Заев. Сепак, за разлика од процедурата за разрешуавање на Зврлевски, која може да заврши до крајот на оваа недела, а десетина дена откако Владата ја почна, постапката за именување нов државен јавен обвинител е покомплицирана и...

Мицкоски: Ветувањата кои ги даде новата влада мора да се реализираат со рокови

„Невработеноста падна на рекордно најниско ниво и сега изнесува 22,9 проценти. Тоа е разликата помеѓу напорното работење на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивните политики на СДС“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција. Според него, „ваквите резултати не се постигнуваат со манипулации и со креирање лажни вести, туку со посветеност, знаење и со работа“. - Напорната работа, активните мерки за...

Заев: Тешко дека денеска ќе го поднесам составот на владата во Собранието

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Зоран Заев денеска пред средбата со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами во Собранието на Република Македонија, изјави дека речиси нема никакви шанси денеска да го достави составот на новата влада до Собранието, а малку е веројатно тоа да се случи и пред утрешниот конгрес. - Не, не верувам дека денеска...

Арифи: Нови избори не се решение за кризата, туку избор на нов спикер и на влада

Градоначалничката на општина Тетово и потпретседателка на ДУИ, Теута Арифи, и денеска го повтори ставот на нејзината партија дека е потребно што поскоро парламентарното мнозинство да формира влада. Нови избори, според неа, не се решение на кризата, туку треба да се изберe претседател на Собрание и државата да почне да функционира нормално. Таа додаде дека секој има право да протестира...

Милошоски: Мандатот на СЈО истекува во јуни и ние им посакуваме сè најдобро – до јуни

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, во интервју за „Сител“, изјави дека став на меѓународната заедница е оти е потребно продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство (рокот за завршување на истрагите и за поднесување обвиненија, н.з.). Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пак, синоќа, во интервју за истата телевизија, рече дека рокот од 18...

Заев: Од ДУИ добивме документ со решенија за Законот за јазици, работна група го разгледува

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека доцна синоќа од ДУИ добиле документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците. Тој додаде дека лично не го видел документот што содржи, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот. - За нас е прифатливо се што е во рамките на Уставот и...

За да одлучи за претресите на СЈО, наместо 12 часа, на судот му биле потребни 5 до 10 дена!

Кривичниот суд во Скопје одлуките по барањата за претреси на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во зависност од случај до случај, ги носел во рок од 5 до 10 дена, наместо за 12 часа, односно за 24 часа, како што налага Законот за кривична постапка, потврдуваат за „Мета“ од СЈО. „По барањето за издавање наредба за претрес, судијата на претходната постапка...

УЈП ги продолжи роковите за поднесување даночни пријави и извештаи

Роковите за поднесување на даночните пријави и на годишните даночни извештаи се продолжуваат за пет работни дена, информираат од УЈП. Оттаму велат дека роковите се продолжени во согласност со Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување даночни пријави и извештаи преку системот „е-даноци“. За ДДВ-04 пријава, крајниот рок за поднесување, 25 јануари, се продолжува за пет работни дена, односно до 1...

Иванов му го даде мандатот на Груевски, тече рокот од 20 дена за формирање влада

Од денеска почнува да тече рокот од 20 дена во кој мандатарот за составување на новата влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, треба да поднесе програма и предлог-состав на Владата до Собранието. Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, како што беше најавено, попладнево, дваесетина минути по 13 часот, на кратка свеченост во вилата на Водно му го врачи мандатот на лидерот...

Претседателот Иванов ги посети припадниците на АРМ во Еребино

Традиционално, на првиот ден од Новата година, претседателот Ѓорге Иванов ги посети припадниците на АРМ. Денеска беше во армискиот објект во Еребино во Тетовско, каде што на војниците им ја честита Новата година. На новинарско прашање во врска со составот на новата влада, рече дека очекува сите институции и политичките партии да го почитуваат рокот за формирање на новата владина...

Кој го раководи и што е Управниот суд, кој ќе пресече за резултатот од изборите

Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера, пред истекот на рокот (ноќеска, на полноќ), соопштија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд за дел од одлучките на Државната изборна комисија по приговорите околу текот на гласањето на изборите на 11 декември. Управниот суд, пак, сега, според членот 150 од Изборниот законик, откако ќе ги прими тужбите, има рок од 48 часа...

Истече рокот за поднесување тужби на партиите до Управниот суд

Ноќеска на полноќ истече рокот за поднесување тужби од политичките партии до Управниот суд во врска со одлуките на Државната изборна комисија за приговорите за текот на гласањето на изборите на 11 декември. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на жрепка, во рок од 48 часа, на јавна седница треба да одлучат како ќе...

Собрание на 31 декември, влада во февруари ако се чекаат крајните рокови

Ако новоизбраните пратеници ги чекаат крајните рокови предвидени со Уставот на државата, тогаш новиот собраниски состав ќе биде конституиран најдоцна до 31 декември, а новата влада најдоцна до средината на февруари следната година. Вака изгледа календарот за конституирање на Собранието и за формирање на новата влада: 31 декември – избраните пратеници се состануваат на конститутивна седница, која во случајов треба да...

ДИК до недела на полноќ треба да ги потврди листите

Државната изборна комисија најдоцна до недела на полноќ треба да ги разгледа и да ги потврди листите за пратеници што партиите ги доставија за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, односно 48 часа од доставувањето на листите. Во случај членовите на ДИК да констатираат неправилности, учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Ждрепката за редоследот...

Кукан за „Мета“: СЈО независно да си ја врши работата во предвидениот мандат

Известувачите за Македонија, во изменет состав, со Кнут Флекенштајн на местото на Ричард Ховит, будно го следат развојот на настаните во земјата кои водат кон избори и засега нема никаков развој на други сценарија, оцени за „Мета“ известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Едвард Кукан. - Специјалното јавно обвинителство треба да биде независно во вршењето на својата работа. Имаше одредени...

„Еко-герила“: Истекува рокот на „Југохром“ за филтри, комбинатот поминува неказнето

Денеска истекува рокот што пред две години Владата на Република Македонија му го одреди на комбинатот „Југохром“ за да се прилагоди со еколошките стандарди и да набави филтри. Од еколошкото движење „Еко-герила“ велат дека „Југохром“ ги злоупотребил сите досегашни рокови и дека за тоа проаѓа неказнето. „Фактот што „Југохром“ ги злоупотреби сите досегашни рокови и проаѓа неказнето од Министерството за екологија и...

Ако успеат изборите, аирлија ново Собрание на Нова година и нова Влада на Св. Трифун

Доколу изборите на 11 декември поминат во најдобар ред и ги исполнат очекувањата на граѓаните, партиите и на гарантите на Договорот од Пржино, новиот собраниски состав ќе биде конституиран најдоцна до 31 декември, а новата Влада најдоцна до средината на февруари следната година. Ова произлегува од роковите за формирање на новиот состав на законодавниот дом и на владата по избори,...

Почнаа да течат скратените предизборни рокови за 11 декември

Денеска пратениците со 110 гласа „за“ гласаа за распуштање на Собранието за предвремените парламентарни избори на 11 декември и веќе течат роковите за организација на изборите, која преминува во рацете на Државната изборна комисија. Од ДИК велат дека тие се подготвени да ги спроведат изборите. – За предвремени парламентарни избори, роковите што се пропишани со Изборниот законик се скратуваат за пет...

Сигурни се само изборите на 11 декември, сè друго зависи од Вељаноски

Доколку политичките партии опстојат на датумот за избори на 11 декември, првиот датум кога Собранието треба да се распушти е 12 октомври за да може предвремените избори за пратеници, според Уставот, да се одржат во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Актот за распишување на изборите, пак, го донесува претседателот на Собранието и со него...

Продолжува расправата за предлог-буџетот за 2017 година во матичната собраниска комисија

На Комисијата за финансирање и буџет денеска е второто читање за предлог-буџетот за 2017 година, кој изнесува 3,3 милијарди евра. Предлог-буџетот за 2017 година на расправа во матичната собраниска комисија влезе на 28 септември и треба да се разгледува максимум десет дена. Со овој предлог-буџет, вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто...

Уставниот суд поведе постапка за уставноста на измените на Законот за облигациони односи

Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Изгласано е времено запирање од...