fbpx

„Еко-герила“: Истекува рокот на „Југохром“ за филтри, комбинатот поминува неказнето

-

Денеска истекува рокот што пред две години Владата на Република Македонија му го одреди на комбинатот „Југохром“ за да се прилагоди со еколошките стандарди и да набави филтри.
Од еколошкото движење „Еко-герила“ велат дека „Југохром“ ги злоупотребил сите досегашни рокови и дека за тоа проаѓа неказнето.

„Фактот што „Југохром“ ги злоупотреби сите досегашни рокови и проаѓа неказнето од Министерството за екологија и од Владата, фактот што Јавното обвинителството на Тетово не прифатило да процесира ниту една кривична тужба против овој загадувач, како и молчењето на многу институции за овој проблем, ни ја убива надежта дека проблемот со згадувањето со кој се соочуваат граѓаните на Тетово ќе се реши“, велат од „Еко-герила“.

Оттаму посочуваат дека комбинатот воопшто не набавил филтри и дека секој обид да му се продолжи рокот на „Југохром“ дава сериозни сомнежи за корупциска афера на двете владејачки партии.

„Ние бараме само и само да се почитува Уставот на РМ, што многу јасно го одредува основното право за чиста животна средина. Ниту една владина одлука не треба да биде над Уставот. Нулта толеранција, здравјето на граѓаните пред сè“, додаваат од еколошкото движење.

Од раководството на комбинатот, велат дека интензивно работат на прилагодување на еколошките стандарди, односно на изградба на систем за отпрашување. Според генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски, филтер станицата не се изградила во предвидениот рок, затоа што била сложена процедурата за добивање на дозволата за градба.

– Ние повторно побаравме од владата да ни го продолжи рокот за поставување на филтер станицата. Побаравме рок од 18 месеци и во меѓувреме, интензивно работиме на изградбата на филтер станицата – изјави Скендеровски.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, пред две недели изјави дека ќе достави барање до Владата зимава да биде затворен  комбинатот „Југохром“ доколку не постави филтри. Таа рече дека ќе побара и да се запази социјалната димензија, односно граѓаните што работат во овој комбинат да имаат месечни примања додека комбинатот не работи и тие примања да ги обезбеди Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...