fbpx

ДИК до недела на полноќ треба да ги потврди листите

-

Државната изборна комисија најдоцна до недела на полноќ треба да ги разгледа и да ги потврди листите за пратеници што партиите ги доставија за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, односно 48 часа од доставувањето на листите.

Во случај членовите на ДИК да констатираат неправилности, учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Ждрепката за редоследот на избирачкото ливче ќе се одржи на 20 ноември.

Покрај пријавувањето на листите, на полноќ истече и рокот за пријавување државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, но и за лицата со спорни записи и увидот во избирачкиот список.

Од Комисијата соопштија дека се поднесени 20.293 пријави од државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, од кои се прифатени 18.706. Најмногу пријави, како што соопштија од ДИК, има од Берн, Детроит и од Венеција, од каде е и носителот на листа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Рамазан Мифтароски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...