fbpx

Почнаа да течат скратените предизборни рокови за 11 декември

-

Денеска пратениците со 110 гласа „за“ гласаа за распуштање на Собранието за предвремените парламентарни избори на 11 декември и веќе течат роковите за организација на изборите, која преминува во рацете на Државната изборна комисија.

Од ДИК велат дека тие се подготвени да ги спроведат изборите.

– За предвремени парламентарни избори, роковите што се пропишани со Изборниот законик се скратуваат за пет дена, освен за изборната кампања, која задолжително мора да трае 20 дена. Кај нас нема „дали можеме или сакаме“, ние мораме да ја завршиме целата работа што ни претстои – вели Адмир Шабани, портпарол на ДИК.

Од денеска по донесувањето на одлуката за распишување избори, политичките партии учесници во изборниот процес треба да потпишат кодекс за фер и демократски избори.

Еве какви се релативно кратките рокови до предвремените избори:

  • 18 октомври (утре) – МВР на магнетен медиум (хард диск) ги доставува бараните податоци за граѓаните до ДИК;
  • До 20 октомври ДИК треба да достави барање до Министерството за информатичко општество и администрација за доставување податоци за вработените во државната и во општинската администрација;
  • 27 октомври – ДИК мора да го стави на јавен увид избирачкиот список. Јавниот увид трае 15 дена, до  11 ноември;
  • 11 ноември – ДИК треба да ги објави описите на изборните единици;
  • 18 ноември – ДИК мора да ги објави во дневен печат листите со кандидати за пратеници;
  • 21 ноември – Почнува изборната кампања, а завршува на 9 декември 2016 година во 24 часот;
  • 22 ноември – ДИК ќе им го достави избирачкиот список на политичките партии, а тие, во рок од пет дена, до 27 ноември, мора да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци;
  • 27 ноември – ДИК го потпишува избирачкиот список;
  • 11 декември – Предвремени парламентарни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...