fbpx
Таг: решение

таг: решение

Шилегов: Иванов го крши Уставот, работиме на решение за брзо и ефикасно формирање на влада

Ѓорге Иванов ги крши Уставот и законите и јасно се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Ѓорге Иванов нема право политички да дискриминира. Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата. Оттука нема право тоа...

Вработените во „Југохром“ во вторник продолжуваат со блокади и со протести

Вработените во „Југохром“ во вторник од 11 до 13 часот ќе го блокираат автопатот Тетово - Скопје, кај наплатната рампа Желино. Блокадата, како што велат од синдикалната организација на фабриката, е поради неоправданото исклучување на печките во комбинатот. Од синдикатот на „Југохром“ велат дека во последните десет дена, оствариле средби со премиерот Емил Димитриев и со вицепремиерот Владимир Пешевски, кои...

Радев: ЕУ и НАТО се стратешки избор на Бугарија, кој не треба да се проблематизира

Членството во Европската Унија и во НАТО е стратешки избор на Бугарија кој не треба да се доведува во прашање, рече денеска новиот претседател на земјата, Румен Радев, во својот говор по положувањето заклетва во бугарскиот парламент. „Ефективното членство значи јасно разбирање и постајно бранење на националните интереси во двете семејства кои се вклучени во создавањето на заедничките вредности. Бугарската...

Шилегов: Милошоски врши злоупотреба со ставањето во мирување на нотарската позиција

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска го обвини ностителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, Антонио Милошоски, дека со ставањето во мирување на позицијата нотар, прави злоупотреба на штета на другите избрани нотари, но и на штета на граѓаните. „Спротивно од сите норми, Милошоски ја ставил во мирување позицијата нотар иако истата воопшто не ни почнал да...

Министерство за култура: Забраната на ЗАМП за емитување музика е противзаконска

Министерство за култура смета дека одлуката на Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) за забрана на емитување македонска музика по медиумите е противзаконска и донесе решение за нејзино запирање. - Министерството за култура донесе решение за запирање на извршувањето на одлуката на собранието на ЗАМП, со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување. Од надзорот...

Бугарија: Во Црно Море неопходно е присуство на НАТО, а не на одделни држави

Бугарија настoјува решението за дополнително воено присуство во Црно Море да биде на НАТО, а не на одделни држави. Министерот за одбрана на Бугарија, Николај Ненчев, соопшти дека очекува до декември Бугарија и Романија да ги дефинираат своите позиции околу ова прашање, јави агенцијата БТА. „Јас сум против да влегуваме во преговори со Романија и со Турција за ова прашање. И...

Инцидент во кабинетот на градоначалникот на Штип

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев. денеска во својот кабинет во Општината се скарал со поранешниот заменик-командир на противпожарната единица, Кирчо Патраклиев. До расправијата дошло зашто Патраклиев се обидел да дознае зошто е укинато неговото работно место, заменик-командир. Разговорот меѓу градоначалникот и поранешниот заменик-командир се одвивал на висок тон, а во еден момент Патраклиев го фатил градоначалникот Захариев за раме, по што...

Наместо денеска, Уставниот суд ќе одржи седница в понеделник да се прости со Гошева

Наместо во вообичаениот термин (секоја среда во 9 часот), Уставниот суд ја закажа следната седница за разгледување на иницијативи за понеделник, 31 октомври. Официјално не е познато зошто е оваа рокада во термините, но извесно е дека седницата е закажана за понеделник, на последниот ден од мандатот на актуелната претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева. Веќе од 1 ноември, на претседателското...

Вељаноски денеска ќе ги распише изборите

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска ќе го потпише решението за предвремените парламентарни избори на 11 декември. Вељаноски во 11 часот ќе се сретне со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, а во 12 часот ќе потпише решение за распишување предвремени парламентарни избори. Вчера со 110 гласа „за“ и ниту еден „против“, пратениците одлучија да се распушти Собранието на Република...

Не се постигна решение за тетовските гимназијалци

За тетовските гимназијалци кои следат настава на македонски јазик сè уште не се најде решение. И учениците и советот на родители и на професори од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, не прифаќаат да се следи настава во објектите на старото медицинско училиште, предлог кој денеска на состанок им го понуди градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. - И советот на родители...

Решение нема, тетовските гимназијалци и понатаму ќе држат настава на плоштадот

Општина Тетово на денешниот состанок со родителите и со професорите на гимназијалците Македонци од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, по којзнае кој пат го одби нивното барање децата да учат во централниот објект на училиштетото. - Вашето барање е противзаконско. Барате да се учи со скратени часови во објектот на гимназијата, но за овој предлог побаравме да даде мислење Министерството за образование,...

САД и Русија засега без договор за конфликтот во Сирија на Самитот на Г20

Соединетите Американски Држави (САД) и Русија не успеаја да постигнат договор за конфликтот во Сирија на преговорите на маргините на Самитот на Г20, кој се одржува во Хангџоу, Кина. Причината, како што јавуваат светските агенции, повикивајќи се на американски извори, се големите разлики во ставовите на двете земји околу ова прашање. Шефовите на дипломатиите на САД и на Русија, Џон...

Меркел: Потребно е да се најде паневропско решение за бегалците

Германија и другите земји членки на ЕУ предолго го игнорираа засилувањето на бегалската криза на надворешните граници на Унијата, оцени германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за весникот „Зидојче цајтунг“. - Во Германија предолго го игнориравме тој проблем и ја блокиравме потребата за пронаоѓање паневропско решение – рече Меркел. Канцеларката, која е соочена со критики во Германија поради политиката на отворени...

Чарлс Купчан „ги преслуша“ лидерите на четирите политички партии

Лидерите на четирите најголеми политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска во одвоени средби се сретнаа со Чарлс Купчан, директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД. На средбите се разговарало за излез од политичката криза, политичките предизвици со кои се соочува државата, евроатланските интеграции и членството на Македонија во НАТО. Од владејачката...

НАТО: Политичката криза ја оддалечува Македонија од членство во Алијансата

Политичката криза во Македонија ја оддалечува државата од членството во НАТО. Ова е еден од заклучоците во завршниот извештај на Самитот на НАТО, кој се одржува во Варшава. „Загрижени сме за развојот на политичките настани во поранешната југословенска Република Македонија, кои ја оддалечуваат земјата од вредностите на НАТО. Ги поттикнуваме политичките лидери во земјата целосно да ги исполнат своите обврски од...

Хајндл: Прво исполнување на условите, а потоа датум за избори

Парламентарните избори треба да се одржат пред 2018 година, а претходно мора да се создадат услови тој процес да биде фер и демократски, вели германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, во интервјуто за „Алсат М“. Хајндл, како што пренесува телевизијата, во дел од интервјуто, кое ќе биде емитувано утре во 22.30 часот во емисијата „360 степени“, вели дека, според него, поважно...

До почетокот на чии летни одмори мисли Хајндл да ја реши кризата?

Германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, денеска изјави дека договор за надминување на политичката криза мора да има што поскоро и тоа пред почетокот на летните одмори. На почетокот на чии летни одмори мисли Хајндл, дали на почетокот на летната ваканција во земјите од Европската Унија или на таа во Македонија, е прашањето чиј одговор отприлика би можел да го дефинира...

Кривичниот суд ја отфрли жалбата на СЈО, притвор за Грујовски нема

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска на седница ја отфрлил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврди одлуката на судијката Александра Поп-Стефанија на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски, да му биде одземен само пасошот, соопштија попладнево од судот. СЈО, инаку, бараше од Кривичниот суд на Грујовски да му биде одреден притвор. На седницата, на која Кривичниот совет...

Димитриев се надева дека партиите ќе најдат „оправданост“ за лидерска средба

Премиерот Емил Димитриев денеска од Штип упати апел до политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино, да покажат максимална конструктивност во наоѓањето решение за излез од политичката криза. Прашан за коментар на денешната заедничка изјава на амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Македонија, Димитриев рече оти се надева дека ќе дојде до лидерска средба и до епилог на...

Манчевски со Оер: Исполнувањето на условите за избори е решение за кризата

Исполнувањето на условите за фер и демократски избори е клучно за решавање на политичката криза, преку прочистување на избирачкиот список и реформа во медиумите, истакнал потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на денешната средба со амбасадорката на Франција во земјава, Лоренс Оер, претставникот на дирекцијата за стратешки прашања при француското министерство за одбрана, Рено Дорлиак, и со потполковник Александер Ноел,...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк...