fbpx

Кривичниот суд ја отфрли жалбата на СЈО, притвор за Грујовски нема

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска на седница ја отфрлил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврди одлуката на судијката Александра Поп-Стефанија на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски, да му биде одземен само пасошот, соопштија попладнево од судот.

СЈО, инаку, бараше од Кривичниот суд на Грујовски да му биде одреден притвор.

На седницата, на која Кривичниот совет ја одбил и жалбата на одбраната на Грујовски за одземањето на пасошот, на нивно барање присустувале и обвинител од СЈО и адвокатите на осомничениот, кои ги образложиле своите аргументите по жалбите.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалбите поднесени од Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) и одбраната на Г.Г., осомничен во предметот на СЈО познат како „Тврдина“, против решението на судија на претходна постапка при овој суд, по барање на странките, денеска одржа седница во присуство на обвинител од СЈО и одбраната на осомничениот, на која ги образложија аргументите во поднесените жалби и дадениот одговор на жалба од одбраната. По разгледување и ценење на жалбите, советот донесе одлука со која двете жалби ги одби како неосновани и го потврди решението на судија на претходна постапка, со што на Г.Г. му се определува превентивна мерка – одземање на патна исправа“, стои во соопштението од судот.

Грујовски и уште четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, се товарат дека минатата година ги уништиле системите од незаконското прислушување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...