fbpx

Шилегов: Милошоски врши злоупотреба со ставањето во мирување на нотарската позиција

-

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска го обвини ностителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, Антонио Милошоски, дека со ставањето во мирување на позицијата нотар, прави злоупотреба на штета на другите избрани нотари, но и на штета на граѓаните.

„Спротивно од сите норми, Милошоски ја ставил во мирување позицијата нотар иако истата воопшто не ни почнал да ја работи. Логично, во мирување не може да се стави нешто што не ни почнало. Милошоски се става во повластена позиција, поинаква од кој било друг нотар или пратеник во Собранието. Според Законот за нотаријат, бројот на нотари е ограничен. Со ваквата злоупотреба, Милошоски прави штета и кон нотарите кои се избрани, а не се именувани, но и кон граѓаните“, изјави денеска Шилегов.

Тој посочи дека доколку Милошоски не се откаже од решението за нотар, тогаш министерот за правда треба да го отповика и да го поништи решението, за Милошоски да не го држи местото на некој друг именуван нотар.

„Заврши времето на изигрување на законите и на обезбедување лична корист преку злоупотреби. И Милошоски и сите други граѓани мора да ги почитуваат законите“, нагласи портпаролот на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...