fbpx
Таг: решение

таг: решение

Министерството за локална самоуправа бара од Собранието итно решение за општините

Министерството за локална самоуправа денеска испратило писмо до новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со кое бара парламентот во најкус можен рок да направи измени на Изборниот законик за да може општините да продолжат да функционираат и по 15 мај, кога им истекува мандатот на градоначалниците и на советниците. „Со оглед на настаната состојба поради нераспишувањето на...

Захариев: Владини повереници се можно решение ако дојде до блокада на општините

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, во пресрет на утрешната седница на Уставниот суд на која треба да се одлучува по иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците, денеска изјави дека доколу уставните судии ја отфрлат иницијативата, решение на проблемот со функционирањето на општините по 15 мај, може да биде назначување на владини повереници, што, според него, би било...

Тилерсон и Лавров утре во Вашингтон ќе разговараат за состојбите во Украина и во Сирија

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, утре во Вашингтон ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Како што соопшти денеска американскиот Стејт департмент, двајцата ќе разговараат за ситуацијата во Украина и во Сирија, како и за билатерални прашања помеѓу САД и Русија. Во врска со ситуацијата во Украина, Тилерсон и Лавров, стои во соопштението, ќе разговараат...

„Протагон“: Нестабилноста може да доведе до притисоци врз Грција за прием на Македонија во НАТО

Дополнителна нестабилност и граѓански конфликт во Македонија не ѝ оди во прилог на Грција, пишуваат грчките медиуми, кои деновиве будно ги следат случувањата во државата и на Балканот. Грчкиот информативен портал „Протагон“ коментира дека на Атина ѝ е потребна стабилна Македонија за да може во одреден момент да се најде соодветно решение за името, но и за да се...

Груевски: Нови избори се решение – ако СДСМ победи, нека направи влада

Најдобар излез од оваа ситуација е да се оди веднаш на брзи предвремени избори, заедно со редовните планирани локални избори, кои, патем, заради чекорите на СДСМ се одложија, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општината Ѓорче Петров. Тој го повика СДСМ да прифати нови избори и, како што рече,...

Ахмети – Тимоние: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ без одложување да најдат решение за кризата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Тетово имал средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, на која, како што соопштуваат од партијата, било разговарано за политичката ситуација во Македонија, геополитичкитe околности и за можности за решавање на политичката и институционална криза. Ахмети на средбата ги образложил „сите конструктивни чекори што ДУИ ги презела за излез од кризата,...

Адеми – Бејли: Комплексноста на ситуацијата бара брзо решение за излез од кризата

Комплексноста на ситуацијата во Македонија, во регионот и пошироко, во Европската Унија, налага земјава што побргу да најде излез од политичката криза, „користејќи ги расположливите политички и институционални капацитети, за враќање кон реформскиот курс“. Ова го истакнал вицепремиерот за европски прашања, Арбер Адеми, на денешната средба со амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли. Околу актуелната политичка состојба во земјава, Адеми...

Туск до Иванов: Најдете решение засновано на демократски принципи и на здрав разум

„Кризата ја носи земјата наназад и ваша задача е да најдете решение што ќе биде засновано на демократски принципи, пристојност и на здрав разум. Само такво решение ќе биде одржливо. Кога ќе го најдете, можете да сметате на нашата поддршка“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на заедничката прес-конфренција со својот домаќин, претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Како што рече...

ВМРО-ДПМНЕ: Народот се чувствува навреден и изигран од СДСМ

Народот се чувствува навреден и изигран од страна на СДСМ, кој пред изборите најавуваше план за живот, а по изборите започна да реализира план за разнебитување на Македонија, базиран на неуставната тиранска платформа, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата уште еднаш го повторуваат ставот дека единствено решение за излез од политичката криза, за која го обвинуваат...

Тимоние: Се надевам дека Хан ќе најде добро и практично решение за кризата

Македонија треба да остане на патот кон Европската Унија и кон НАТО и за тоа е потребна одговорна влада што ќе биде способна да донесува одлуки и реформи, како и политичари со чувство за општ интерес на земјата, изјави денеска амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, по приемот по повод Денот на франкофонијата. Тимоние рече дека се очекува да се...

Додевски: Подготвени сме за правна битка пред домашните и меѓународните судови

Одбраната докажа дека две од вкупно три основи за притвор, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ги определил незаконски, што значи две третини од решението се незаконски, изјавил адвокатот Никола Додевски за „ТВ Нова“, по одлуката на Апелацискиот суд Скопје за притворот на бизнисменот Сеад Кочан. - Подготвени сме за правна битка пред домашните и меѓународни судови да докажеме...

Апелација го потврди притворот на Кочан поради опасност од бегство

Апелацискиот суд Скопје попладнево соопшти дека решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со кое му беше одредена мерка притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), е потврдено „по однос на околноста опасност од бегство“. Како што информираат од судот, по вчерашната јавна седница, Кривичниот совет на Апелацискиот суд...

Додевски: Кочан се бара за притвор бидејќи е сопственик на медиум

Целта на барањето за притворање на Сеад Кочан е затоа што тој е сопственик на медиум што треба да се замолчи и заради нарушување на неговиот углед како бизнисмен, рече на денешната седница на Апелацискиот суд адвокатот на Кочан, Никола Додевски, во образложението на неговата жалба на одлуката за притвор. Одговорот на Специјалното јавно обвинителство на наводите на одбраната беше дека...

Додевски: Ирелевантно е каде е Сеад Кочан и кога ќе се врати

Ирелевантно е каде е Сеад Кочан и кога ќе се врати, изјави денеска неговиот адвокат Никола Додевски, по завршувањето на рочиштето за случајот „Тврдина 2“, каде тој е бранител на првоообвинетиот Горан Грујовски. Додевски вели дека Кочан е слободен граѓани и дека тие бараат да се стави „надвор од сила решението за притвор, сите потерници и сите правни дејства“, бидејќи во...

СЈО: За определувањето притвор за Сеад Кочан дознавме од медиумите

Специјалното јавно обвинителство реагираше денеска на некои написи во медиумите поврзани со изјавата на специјалната обвинителка Катица Јанева и соопштува дека за притворот дознале од медиумите. „Со оглед дека во дел од медиумите се пројавија неточни толкувања на изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, дадена по повод новинарско прашање поврзано со определувањето притвор на еден од осомничените лица во...

Додевски: Судот незаконски издал наредба за притвор и потерница за Сеад Кочан

По 17.20 часот денеска, решението за притвор против Сеад Кочан ќе биде неважечко, ако не биде доставено до Апелациски суд. Судот незаконски, пред да стане правосилно решението за притвор против осомничениот Сеад Кочан, издал наредби за притворање и за издавање потерници, што претставува флагрантно прекршување на принципот на владеење на правото, вели адвокатот на Кочан, Никола Додевски, во соопштение...

Караџовски: Нова „Михајлова“ ќе бараме меѓу постојните кандидати или на нов конкурс

Судијката Татјана Михајлова, неотповикливата оставка на функцијата в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, ја даде без конкретно образложение за причините, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски. - За причините секој може да нагаѓа и да шпекулира кои се, како јас, така и вие - изјави Караџовски. Претседателот на Судскиот совет рече дека се бара најсоодветното решение по оставката...

СЈО ја обжали одлуката на судот за (не)притворот на Кочан

Специјалното јавно обвинителство денеска поднело жалба на решението на судијата на претходна постапка со која го отфрли барањето на СЈО да му биде определен притвор на првоосомничениот во предметот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, соопштија попладнево од канцеларијата на Катица Јанева. Според Законот за кривична постапка, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 има рок од 48 часа да одлучи по...

Ахмети до Могерини: Остануваме посветени на наоѓањето политичко решение

Институционалната и системска криза не смее да се претвори во етничка и ние ќе останеме посветени на тоа да се постигне политичко решение, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, во Собранието на Република Македонија. Ахмети рекол дека соработката со ЕУ, НАТО и со САД...

Продолжува штрајкот на вработените во МЖ, железничкиот сообраќај петти ден во прекин

Поради штрајкот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат целосна исплата на платата за јануари, железничкиот сообраќај во Македонија петти ден е во целосен прекин. Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат, а според организаторите на протестот, блокадата на железничкиот сообраќај ќе продолжи сè додека не се исполнат барањата на вработените во МЖ. Од „Македонски железници - Транспорт“ вчера информираа...