fbpx
Таг: решение

таг: решение

Коѕиас: Спорот за името може да биде решен оваа година

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас денеска изјави дека спорот за името може да биде решен оваа година, јавуваат светските агенции. - Мислам дека 2018 ќе биде годината во која ќе бидат решени надворешно-политичките прашања кои се заглавени со децении - изјавил Коѕиас по двочасовниот министерски состанок, кој според грчките медиуми вонредно го закажа премиерот Алексис Ципрас и на...

Ципрас е оптимист за спорот со името, но смета дека се потребни дела, а не зборови

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за грчкото радио „Real FM“ вели дека е оптимист за прашањето за името, но очекува и конкретни чекори од македонска страна. – Оптимист сум дека можеме ефикасно и одговорно да управуваме со прашањето кое го наследивме од претходните влади. Сѐ додека од другата страна навистина постои желба да се направат чекори, останува да го...

Заев: Вечерата со Бутарис е порака дека постои волја за решавање на спорот за името

Премиерот Зоран Заев бил на вечера со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис за Нова година во Солун за да испрати позитивна порака дека постои волја за решевање на спорот со името. Ова денеска го изјави Заев, во својот прв коментар пред македонските новинари по вечерата со Бутарис. Одговарајќи на прашања на новинарите во врска со посетата на Солун тој рече дека создадената...

Папандреу: Ако се тргне името настрана, Скопје е наш природен сојузник

Поранешниот грчки премиер, Јоргос Папандреу во интервју за грчкиот весник „Етнос“ вели оти се чини дека актуелната македонска Влада сфатила дека иредентизмот води во ќор-сокак и дека, според него, ако се тргне името настрана, тогаш „Скопје е природен сојузник на Атина“. - Доколку сегашните околности дозволат задоволително решение, пошироката геополитичка ситуација е уште една причина да одиме чекор понапред. Скопје,...

Заев: Ги разгледуваме можностите за трајно и системско решение на проблемите во МЖ

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставници на Синдикалната организација на вработените на подружницата влеча на возови во МЖ „Транспорт“, предводени од претседателот на синдикатот, Ѓоко Илиевски. Од прес-службата на владата информираат дека на средбата било разговарано за наталожените проблеми со кои се соочува претпријатието, за условите за работа во кои работат работниците, како и за новите перспективи кои...

ДИК ќе одлучува за прегласување на избирачко место во Чаир

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, закажана за 16 часот, треба да го разгледа и да го усвои решението на Управниот суд за повторување на гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир, од вториот круг на локалните избори, одржан на 29 октомври. Инаку, повтореното гласање на ова избирачко место во Чаир може да влијае на конечниот резултат од...

Спорот за името ќе биде решен наскоро и без референдум, тврди Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во интервју за емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат-М“, изјави дека разликите околу името со Грција ќе бидат решени наскоро. Тој тврди и дека Македонија може да избегне референдум за ова прашање, благодарение на решение што би произлегло од промената на името на аеродромот „Александар Велики“ и од другите стратешки точки кои досега Грција...

Столтенберг: САД и Турција треба да најдат решение за спорот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика САД и Турција да пронајдат решение за кризата во односите помеѓу двете клучни членки на Алијансата. Тој ја истакна важната улога на Турција во борбата против тероризмот. - Ги повикувам САД и Турција да најдат решение затоа што за Алијансата е важно да можеме блиску и меѓусебно да соработуваме, особено во тој регион и...

Владата ќе го разгледува решението на Уставен за прислушувањето преку телеком-операторите

Владата на денешната 31. седница, меѓу другите точки од дневниот ред, ќе го разгледува и решението на Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, донесено на седницата на судот на 21 јуни годинава. Инаку, членот 175 ѝ овозможува на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) директно да прислушува преку телекомуникациските...

Европската комисија ги повика Шпанија и Каталонија на дијалог

Европската комисија ги повика Шпанија и Каталонија на дијалог, дури и ако постои општ консензус дека Каталонците го прекршиле шпанскиот закон за распишување реферндум за независност. Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, изјавил дека каналите на комуникација помеѓу Шпанија и Каталонија мора да останат отворени. Тимерманс додал дека е време за разговор за да се најде решение за безизлезната ситуација, во...

Коѕиас оценил дека преку „пакет-преговори“ може да се реши спорот за името

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, по завршувањето на 72. Генерално собрание на Обединетите нации ги брифирал грчките новинари за решението за проблемот за името со Македонија. Според пишувањата на грчките медиуми, тој кажал дека прашањето за името има четири дела, односно името и употребата на името, две прашања кои биле во надлежност на преговорите на Метју Нимиц, и изведените...

Ќе нема референдуми за мигрантите на денот на локалните избори

Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе одлука да ги запре решенијата за организирање локални референдуми во општините против населување мигранти на денот кога се закажани и локалните избори - 15 октомври. Ова денеска на прес-конференција го соопшти државниот инспектор за локална самоуправа, Рахим Муслиу, кој додаде дека ќе поведе и постапка пред Уставниот суд за утвдување на законитоста на иницијативите...

Анѓушев: Владата ќе направи се „Фени“ да продолжи да работи

Владата ќе направи се што е во нејзина моќ за да се најде решение за финансиските проблеми на комбинатот „Фени“, за да може компанијата да продолжи со работа, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Тој, како невистинити ги отфрли тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека „Фени“ е пред затворање порад негови бизнис-интереси. - Вистината е дека „Фени“ има финансиски потешкотии....

Анѓушев – Ликсиан: Најдовме компромис за проблемот со автопатиштата

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, имал средба со амбасадорката на Кина во земјава, Јин Ликсиан, на која било разговарано и за изградбата на двете делници на автопатиштата кои ги изведува кинеската компанија „Синохидро“ и се финансирани од заемот од кинеската „Ексим банка“. Анѓушев на средбата рекол дека со измените на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на...

Ципрас, Вучиќ и Борисов: Стабилна Македонија со решено име е услов за целосна поддршка

Стабилизација во Македонија и суштински дијалог за наоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името се услов за целосна поддршка од Грција, Србија и од Бугарија за евроатлантските перспективи на Македонија. Ова е ставот околу кој се согласиле грчкиот премиер, Алексис Ципрас, неговиот бугарскиот колега, Бојко Борисов, и српскиот претседател, Александар Вучиќ, на денешната трилатерална средба во Солун. Заедничкиот став околу...

Мијалков не поднел жалба оти уште не го добил решението за одземениот пасош

Адвокатот Љупчо Шврговски, кој му е бранител на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, обвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ кои СЈО ги спои во едно обвинение, за „Мета“ изјави дека досега не ги поднеле жалбите бидејќи Мијалков сè уште не го добил решението на Кривичниот суд со кое му се одредени мерки за претпазливост,...

Путин разговарал со катарскиот емир за решавање на заливската криза

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговарал со катарскиот емир, Тамим бин Хамад ал Тани, околу решавањето на дипломатската криза во односите на Катар со заливиските земји, соопшти Кремљ. „Лидерите во текот на телефонскиот разговор долго зборуваа за кризата во односите на Катар со соседните земји. Путин го нагласи значењето на вложувањето дипломатски напори за решавање на кризата и за нормализација...

Јанева очекува продолжување на рокот и најави истраги за разговори на „разни јазици“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очекува за кратко време да се најде решение за продолжување на рокот за поднесување обвиненија и најави дека во периодот што следи СЈО ќе продолжи со отворање истраги за други прислушувани разговори од кои произлегуваат кривични дела. Ова Јанева го изјави од Охрид, каде учествува на првото издание на Охридската школа на природното право, на тема...

СЈО бара од Врховниот суд да пресече за замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Специјалното јавно обвинителство преку барање за заштита на законитоста испратено до Врховниот суд, ја оспори одлуката на Кривичниот суд, кој одби да замрзне дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, за кој, според СЈО, постојат сомневања дека е стекнат на криминален начин. Неофицијално, станува збор за зградата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од имотот што СЈО бара да биде привермено...

Димитров ја укина тајноста на податоците за службените патувања на дипломатите

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, донел решение со кое се укинува тајноста на сите документи што се однесуваат на службените патувања на шефот на дипломатијата и на сите вработени во МНР, соопшти денеска МНР. Ова значи дека документите поврзани со службени патувања на вработените во Министерството за надворешни работи повторно стануваат информации од јавен карактер, односно медиумите и јавноста ќе имаат...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...