fbpx
Таг: решение

таг: решение

Димитров: Со Коѕијас сакаме да го решиме спорот, но разликата е во тоа како да се реши

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за бугарската телевизија „Нова“ вели дека тој и неговиот грчки колега Никос Коѕиас сакаат да го решат спорот со името, но дека имаат и разлики околу тоа како треба да се реши проблемот. - Ние сме многу оптоварени со нашата историја. Ние сме многу горди нации. Сите на Балканот. Важно е да се...

Груби: Спорот со името е веќе решен, се договараат деталите

Спорот со името веќе е решен и во претстојните недели останува уште да се допрецизираат деталите вели во изјава за државната агенција МИА пратеникот од ДУИ и Член на националниот совет за евроинтеграци, Артан Груби, по средбата со конгресмените во Вашингтон. -Спорот со името е веќе решен. Во наредните недели треба само да се договорат деталите, за договорот со Грција...

Градоначалниците на Скопје и Атина повикуваат на остварливо решение за името

Kако градоначалници на главните градови на двете земји, ги здружуваме нашите гласови и го поддржуваме процесот (за решавање на спорот за името) што мора да води кон остварливо решение, а не кон ново разочарување, наведуваат градоначалниците на Скопје и на Атина, Петре Шилегов и Јоргос Каминис во заедничка колумна во пресрет на нивната официјална средба закажана за в петок...

Димитров: Искривено решение за името нема да биде решение

Ако има искривено решение за името, тоа нема да биде решение, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров по 14. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет „Република Македонија - Европска Унија“, во Стразбур, на кој шефот на македонската дипломатија имаше свое обраќање. - Зборував за реформите и за добрососедските односи. Кажав дека самиот европски проект е роден со цел да...

Заев: Сакаме решение за името, но не по секоја цена – Уставот еднаш го сменивме

Решението на спорот со името мора да го гарантира идентитетот и достоинството на двете страни. Ќе направиме се за да изнајдеме решение на овој горлив 25-годишен проблем, но не по секоја цена, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата. - Став на Владата е дека е прифатливо име со географска одредница. Тоа го темелам...

Билт: „Тешкашите“ од ЕУ треба да се вклучат во решавањето на спорот за името

Во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција треба да се вклучат силните членки на Европската Унија, за да се избегне колапс на стратегијата на ЕУ за Балканот, смета ко-претседавачот на Европскиот совет за надворешни работи и поранешен шеф на шведската дипломатија, Карл Билт. „Мислам дека ќе треба силна посветеност на силните земји-членки и на институциите на Европската...

Кумуцакос: Изјавите на Димитров го покажуваат патот кон утрешниот протест

Пратеникот на грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос изјави дека се неприфатливи изјавите на министерот за надворешни работи, Никола Димитров дека Скопје отфрла било какви преговори за наводна „македонска етничка припадност“, јавува дописникот на Македонската информативна агенција (МИА). Според Кумуцакос, „таквите изјави го покажуваат патот, односно утре на плоштадот Синтагма изразувањето на националната чувствителност станува сила на преговорите“. За утре, во...

Коѕиас оптимист дека до јуни може да има решение за името

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас во интервју за „Ројтерс“ изразува убеденост дека до јуни, оваа година ќе се реши прашањето за името и дека тоа е во интерес и на Грција и на регионот, пренесува македонската државна новинска агеција МИА. – Во животот, Александар Велики докажа дека треба да ги сечеме Гордиевите јазли. Во еден момент, треба да завршиме...

Нимиц: Секогаш добивам добри совети од лидерот на ДУИ

Медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц ја оцени како конструктивна средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од кого, како што рече секогаш добивал добри совети. - Го известив за моите активности во Атина и претходно денеска во Скопје во Владата , како и за напорите што ги правам во рамките на ОН за решавање...

Нимиц се сретна со Иванов и Заев, на ред се Димитров, Ахмети и Мицкоски

Посредникот во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција под покровителство на ОН, Метју Нимиц се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев. Потоа е предвидена средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, по што ќе следуваат изјави за медиумите. Попладне Нимиц ќе се сретне со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 15 часот и во 16 часот...

Нимиц денеска на средби во Атина, ОН сметаат на можно решение на проблемот со името

Обединетите нации (ОН) сметаат дека може да биде постигнат напредок во решавањето на 25-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија за името, ако има компромис кај раководствaта и народите на двете земји, изјави заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак. Хак додал дека ОН целосно ја дели оценката на медијаторот дека е создаден позитивен импулс во релациите меѓу двете земји и оти е можно решение...

Нимиц: Средбата меѓу Заев и Ципрас е од историско значење, има динамика за решение

Позитивна, важна и од историско значење е средбата на Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, вели медијаторот во преговорите за решавање на спорот за името, Метју Нимиц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, во пресрет на неговата посета на Атина и на Скопје, следната недела. Нимиц вели дека постои динамика за решение и оти е оптимист дека во...

Наскоро лидерска средба кај Иванов за името

Лидерите на политичките партии наскоро ќе се сретнат со претседателот Ѓорге Иванов за да разговараат за рамката за решението на спорот со името, кој нашата држава го има со Грција, информираше денеска портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски. - Владата го започна процесот на анализа и на координација околу најновата рамка на медијаторот Метју Нимиц. Очекуваме да изградиме широк национален консензус....

Ципрас: Не е неразумно терминот Македонија да е вклучен во името кое ќе важи за сите

Веќе 25 години соседите се признаени со името „Република Македонија“ од голем број земји, додека ние насекаде се бориме сите да ги нарекуваат ФИРОМ, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за „Етнос“. Ципрас вели дека македонска нација никогаш не постоела во античко време, како што не постоела и нација на Атињаните или Спартанците и дека „не е апсурдно терминот...

Нимиц: Со новиот пакет предлози за името идентитетот ви е безбеден

Посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, во интервју за „Сител“ вели дека, според него во новиот пакет предлози на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, идентитетот на државата и народот е безбеден и верува дека со неговите идеи тој е повеќе зајакнат отколку оштетен. - Сметам дека договорот е сеопфатен, се обидов да ги опфатам најголемите прашања,...

Нимиц: Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во името

Предлог решението за името ќе го вклучува терминот „Македонија“, изјави медијаторот на Обединетите нации, Метју Нимиц пред денешната нова рунда разговори во Њујорк со претставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. - Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во предлог решението за името бидејќи веќе го имаат признаено повеќе од 100 земји во светот - изјави Нимиц...

Лавров: Русија ќе го прифати името што ќе го договорат Скопје и Атина

Кое било решение (за спорот за името) што ќе го изнајдат Македонија и Грција и кое ќе биде поткрепено во македонскиот Устав, ние (Руската Федерација) најверојатно ќе го прифатиме, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, одговарајќи на прашање на грчки новинар на годишната прес-конференција на министерот за надворешни работи на Русија, што се одржува денеска. Лавров истакна дека спорот...

Вуцис: Сега постои голема шанса за решавање на спорот со името

Никос Вуцис, претседателот на грчкиот Парламент, е оптимист за решавање на спорот со името и смета дека сега постои голема шанса што не смее да се пропушти. - Ова прашање беше одложувано долги години. Ова е важна шанса за негово решавање што може да се искористи и јас сум оптимист -изјави Вуцис за државната грчка телевизија „ЕРТ“. Прашан дали постои интерес...

Ципрас: Доколку соседите имаат искрена намера, постои прозорец за решение на името

Постои прозорец за решение доколку навистина има искрена намера од соседите, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање пред министрите на денешната седница на грчката влада. Тој додаде дека во следните денови ќе се покаже колку е изводливо да се направат суштински чекори во таа насока. Грчкиот премиер истакна дека 2018 година, без сомнеж, ќе биде година полна со...

Заев за грчка „Алфа ТВ“: Решение за спорот со името до јули, црвените линии се пречка

Премиерот Зоран Заев, во интервју за грчката „Алфа ТВ“ рече дека постои можност за изнаоѓање на решение за спорот името до крајот на првата половина во 2018 година и вели дека тоа мора да биде прифатливо од двете страни. – Убеден сум дека постои решение и редот е секако тоа решение за граѓаните на Грција да го соопшти премиерот Алексис...

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...