fbpx

Анѓушев – Ликсиан: Најдовме компромис за проблемот со автопатиштата

-

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, имал средба со амбасадорката на Кина во земјава, Јин Ликсиан, на која било разговарано и за изградбата на двете делници на автопатиштата кои ги изведува кинеската компанија „Синохидро“ и се финансирани од заемот од кинеската „Ексим банка“.

Анѓушев на средбата рекол дека со измените на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид биле надминати проблемите и е најдено компромисно решение што ќе овозможи продолжување и комплетирање на почнатите работи.

„Делниците се важни за компаниите во источниот и западниот дел на Македонија заради поквалитетен, побрз и побезбеден транспорт на луѓе и на стоки. Компаниите ќе бидат поконкурентни, со што ќе се придонесе до локален и регионален економски развој, но и до пораст на економијата на државата“, рекол вицепремиерот, стои во соопштението за средбата.

Во врска со економската размена меѓу двете земји, Анѓушев истакнал дека земјава ќе продолжи со наоѓање решенија, производите и услугите на македонските компани да се пласираат на кинескиот пазар, кој е со неограничен потенцијал за соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...