fbpx
Таг: протести

таг: протести

Нередите од Балтимор се проширија во Филаделфија

Протестите што се случија во Балтимор поради смртта на младиот Афроамериканец Фреди Греј, се проширија и во Филаделфија. Околу 600 лица протестираа во тој град, барајќи правда за Греј. Исто толку луѓе беа собрани и на протестниот марш во Балтимор. Немирите се случија по погребот на Греј кој почина во притвор, а тоа предизвика протести поради односот на полицијата. Во немирите беа...

Протести во најголемите градови на источниот брег на САД

Повеќе илјади лица учествуваа во демонстрациите одржани во најголемите градови на источниот брег на САД, барајќи полицијата да има еднаков третман кон сите. Протестите почнаа откако 25-годишниот Фреди Греј почина од повредени добиени во полициски притвор во Балтимор. Најголем број демонстранти се забележани во Балтимор, каде е блокиран сообраќајот во централниот дел на градот. Повеќе илјади лица демонстрираа во знак на...

Нови протести и нови апсења во Балтимор

Триесет и четири лица се уапсени за време на вчерашните протести во Балтимор, кои избија поради смртта на еден млад Афроамериканец. За време на демонстрациите, шест полицајци се повредени. Претставникот на полицијата, Џереми Силберт, соопшти дека мал дел од учесниците на вчерашниот протест предизвикале насилство во центарот и во западниот дел од градот, но оти демонстрациите биле претежно мирни во текот...

Насилни протести во Етиoпија против исламскиот екстремизам

Повеќе од 100.000 лица денеска протестираа во етиопскиот главен град Адис Абеба поради убивањето на етиописки христијани во Либија, како и против етиопската влада и нејзината економска политика. Најмалку сто лица се уапсени откако демонстрантите се судрија со полицијата. Џихадистичката организација Исламска држава викендов објави видеоснимка на која е прикажана егзекуција на повеќе лица за кои се претпоставува дека се киднапирани Етиопијци.

Тито Петковски: Масовни протести за промена на власта

Преку посебен концепт и стратегија, НСДП предлага излез од кризата во која се наоѓа Македонија, рече пред присутните на јавната трибина во Тетово лидерот на НСДП, Тито Петковски. Тој вели дека како партија, чувствуваат потреба да партиципираат во решавање на политичката криза, а очекуваат вклучување и на други партии. - Сметаме дека опозицијата е дискриминирана од тој црн понеделник и е...

Индиската полиција ќе користи дронови со солзавец на протести

Полицијата од Лукнау, град во северниот дел на Индија, користи ново оружје за справување со насилните демонстранти – дронови со солзавец. Јашави Јадав, шеф на полицијата во Лукнау, соопшти дека неговите полицајци извршиле усшено пробно летање на дроновите, кои се обезбедени за поефикасно да се контролира масата. - Резултатите се брилијантни. Успеавме да научиме како прецизно да таргетираме лица во толпата, без разлика...

Саботиран маршот на штипските средношколци

Штипските средношколци денеска не го одржаа најавениот протест против екстерното тестирање и реформите во средното образование, бидејќи, според тврдењата на триесетината средношколци кои, сепак, се собраа, некој телефонски се јавил и кажал дека се одложуваат протестите во сите градови. Учениците беа збунети и не знаеја точно да кажат кој им ја протурил информацијата. Триесетината средношколци кои, сепак, се собраа, го искажаа...

Средношколци утре ќе маршираат против лошите реформи

Утре напладне ќе се одржи првиот средношколски марш поради, како што велат од „Средношколски пленум“, лошите реформи во образованието, кои го вклучуваат новиот начин на државна матура и екстерното тестирање. Маршот ќе почне во 12 часот, кај фонтаната во Градски парк, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука. Освен во Скопје, ќе се маршира и низ другите...

Франкфурт: Уапсени 350 демонстранти

Германската полиција уапси околу 350 лица поради немирите што избија на протестите против мерките за штедење, организирани на отворањето на главното седиште на Европската централна банка. Организаторите тврдат дека околу 10.000 демонстранти учествувале на протестите, за време на кои се повредени 88 полицајци, а запалени се десеттина полициски возила. Новата заграда на ЕЦБ е опколена со полициски барикади и со бодлива жица. Групата...

Жестоки немири во Франкфурт поради мерките за кризата во Европа

На улиците на Франкфурт утринава избија судири меѓу демонстранти и полицијата. Еден полицаец е повреден. Демонстрантите излегоа на улици поради отворање на зградата на Европската централна банка, а неа, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд ги обвинуваат за кризата во Европа. Блокиран е главниот мост преку реката Мајна, како и кружниот тек покрај зградата на Советот. Низ градот запалени се контејнери, гуми, хеликоптери го...

Само навидум мирни: Судентски акции 2007 – 2015 година

„Студентски пленум“, по протестите и по прогласувањето на автономија на универзитетите низ земјава, ја отвори дилемата дали во Македонија има студентски активизам и дали со последните случувања се разбудија студентите, кои, по правило, треба да се првата движечка сила во една држава. Дали по осум години (од кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ) ова е прва акција на студентите? Сепак, не. Студентите својата...

Протести во Будимпешта против посетата на Путин

Против посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Будимпешта, синоќа протестираа околу 2.000 демонстранти, со симболичен марш меѓу двете железнички станици, линија што ја дели метрополата на источен и на западен дел. Тие се движеа од источната кон западната страна, a според организаторите на протестот, билa уатена јасна порака дека Унгарците се приврзани на Западот. Тие сметаат дека Путин ќе се обиде...

Албанија: Косовските политичари преку дијалог да најдат решение

Официјална Тирана ги повика косовските политичари да се дистанцираат од протестите во Приштина и повика на дијалог за наоѓање решение за отворените прашања. „Воспоставувањето на редот и на мирот е значајно начело за да се отвори патот за решавање на проблемите и е во служба на демократската стабилност на Косово“, стои во соопштението на албанското МНР.

На протестите во Косово повредени 23 лица

На протестите во Приштина повредени се 23, а приведени се 20 лица, изјави портпаролот на косовската полиција, Баки Кељани. Неколку илјади граѓани учествуваа на маршот од зградата на владата до собранието на Косово за да го искажат своето незадоволство од положбата на металуршкиот комбинат „Трпеча“ и побарале оставки на министрите Александар Јаблановиќ и Хашим Тачи. Дел од учесниците во протестот фрлале...

Непал: 70 уапсени на протест на опозицијата

Повеќе од 70 демонстранти се уапсени за судирите што избија за време на протестите на 30 опозициски партии во Непал, кои се противат на плановите на владата да усвои нов устав без согласност од сите политички сили и од јавноста. Полицијата интервенираше откако дел од демонстрантите уништија седум автобуси и камиони. Поради протестите затворени се фабриките, училиштата и факултетите во Катманду. Непал во 2008...

„Солидарност“ ќе го оспори законот за хонорари на Уставен суд

Левичарското здружение „Солидарност“ најави дека пред Уставниот суд ќе се обиде да ги оспори дел од законите според кои се воведени измените за плаќање придонеси и за хонорарите. Освен претставката до Уставниот суд, од здружението најавуваат дека ќе продолжат и со организирање протести против овие законски измени кои стапија на сила на почетокот на оваа година. Досега повеќе организации, друштвата на...

Критичарот на Путин, Алексеј Нaвaлни, осуден на условна, а неговиот брат на затворска казна

Рускиот суд му одредил условна казна на Алексеј Навални, жесток критичар на Кремљ и на политиката на претседателот Владимир Путин, додека неговиот брат Олег Навални е осуден на три и пол години затвор, објави денеска лондонски „Гардијан“. Навални ги предводеше протестите против претседателот Владимир Путин пред три години, кога десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Москва и на Санкт...

Сент Луис: Полицијата со солзавец ги растерува разбеснетите демонстранти

Двајца полицајци се повредени, а четворица демонстранти се уапсени во немирите што избија во Сент Луис, откако полицаец, белец, застрела Афроамериканец, соопшти денеска полицијата. Allow me to revisit this pic to illustrate something else. The cop is holding the spray the same way. #AntonioMartin pic.twitter.com/ei4URmNGLZ — Dr. Cornel Fresh (@WyzeChef) December 25, 2014 Група демонстранти вчеравечер околу 45 минути го блокираа сообраќајот во предградието...

Студентите револтирани, најавуваат нов марш „наскоро“

Протестите продолжуваат, студентите нема да се откажат, ниту по отворената седница на Владата на која едногласно се донесе одлуката да се воведе државниот испит, односно предлог-законските измени за образованието. Од „Студентски пленум“ велат дека нема да отстапат од нивните барања да не се воведе државниот испит и дека најверојатно повторно ќе излезат на протест. - Револтирани сме од скандалозната одлука...

Најавен протест против измените на законот за хонорари

На социјалните мрежи се организира протест против измени во законот  за плаќање придонеси за хонорарите. Протестот е закажан за следниот понеделник на 22 декември, а ќе почне пред зградата на Собранието, по што ќе продолжи до Министерството за труд и социјална политика и до Владата. На социјалните мрежи е поставена објава „Повелба за солидарност на синдикатите и задруженијата за заштита на...

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...