fbpx

Средношколци утре ќе маршираат против лошите реформи

-

Утре напладне ќе се одржи првиот средношколски марш поради, како што велат од „Средношколски пленум“, лошите реформи во образованието, кои го вклучуваат новиот начин на државна матура и екстерното тестирање. Маршот ќе почне во 12 часот, кај фонтаната во Градски парк, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука. Освен во Скопје, ќе се маршира и низ другите градови во Македонија.

„Да се собереме во што поголем број за да го искажеме нашиот револт кон лошите реформи. Бараме враќање на стариот концепт на матура и мирување на законот за екстерно тестирање. Време е да го отфрлиме туѓото влијание бидејќи образованието ни припаѓа нам. Време е да покажеме дека нема да дозволиме да го уништат образовниот систем за нас и за идните генерации. Затоа дојдете и придружете се“, се вели во фејсбук-најавата за настанот.

Вчера низ средните училишта се делеа контрафлаери и плакати на кои лажно е потпишан „Средношколски пленум“ со содржина: „Ако не ние, кој? Ако не сега, кога? Ако не за Заев, за Сорос“ и „За секој експеримент се потребни глувци! Не дозволувај да експериментираат на тебе! Како Сорос со мене“.

На 14 март „Средношколски пленум“ до Министерството за образование и наука и до Бирото за развој на образованието поднесе барање за мирување на законските одредби за екстерно тестирање, кое беше одбиено.
Во барањето, од средношколскиот пленум велат дека екстерното тестирање е спротивно на европските образовни стандарди.

„Континуираната проверка на знаењето и на способноста на ученикот низ целата школска година не може и не смее да се изедначи со проверката преку екстерното тестирање, која трае само неколку часа. Поради тоа, „Средношколски пленум“ бара одредбите од законите за основно и за средно образование, кои се однесуваат на екстерното тестирање, итно и неодложно да бидат ставени во мирување. Понатаму, повикуваме на влегување во сеопфатна дебата, заснована на аргументи поткрепени со податоци и со факти, со јасен концепт за очекуваните резултати и за начинот на кој истите ќе бидат спроведени. Дебата во која ќе бидеме вклучени ние, учениците, како и наставниците, кои го сочинуваат столбот на образовниот систем не само во нашата, туку во која било демократска држава“, стоеше во барањето на пленумот, кое Министерството за образование го одби.

Досега протестираа средношколците од повеќе средни училишта во Скопје, Тетово, Кавадарци, Велес, Штип, а се најавуваат протести и низ другите градови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...