fbpx
Таг: протести

таг: протести

Тетовци протестираа против загадувањето од „Југохром“

Околу 200 граѓани, со заштитни маси на лицата и со пароли „Стоп за еколошкиот геноцид“, денеска протестираа пред комбинатот „Југохром“, објави „Нова ТВ“. Организатор на протестот е движењето „Еко герила“, чии членови уште еднаш побараа од раководството на комбинатот да постави филтри на оџаците. - Протестираме против загадувањето на воздухот во Тетово од страна на комбинатот „Југохром“, кој секојдневно ги труе...

Повеќе од 1.500 битолчани протестираа за чист воздух

Повеќе од 1.500 битолчани денеска, точно напладне, го почнаа вториот протест организиран од здружението „Битола сака чист воздух“, јави дописникот на „Мета“ од Битола. Придружувана од тропотот на неколку барабани и од постојани свирежи, колоната се протегаше од платото кај некогашниот Офицерски дом, преку Широк сокак до зградата на Општината. Со транспаренти на кои пишуваше „Воздухот е право, воздухот е живот“, „Има...

(ВИДЕО) Студентите маршираа со пароли и со свирежи (Обновено)

„Автономија, автономија“ ,Ние не сме клиенти, ние сме студенти“, „Заокружете нè“ се паролите што ги извикуваат студентите на студентскиот марш. Тие се упатуваат кон Собранието на Република Македонија, извести репортерот на новинската агенција „Мета“. Како што јави нашиот репортер, студентите масовно се приклучуваат на протестот, а за сè да помине во најдобар ред, имаат задолжено и редари. Се забележува и зголемено присуство...

Студентите масовно се собираат пред Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

Двојно повеќе студенти во споредба со минатиот протестен марш се собраа денеска пред Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје да го искажат својот револт против воведувањето екстерно тестирање, јави репортерот на новинската агенција „Мета“, кој е на местото на настанот. Како што нè информираше нашиот репортер, студентите сè уште се собираат, а за кратко време треба да тргнат и по...

Жерновски на средба со директорите на училиштата во Центар

Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар, утре ќе се сретне со седум директори на основните училишта за да разговара со нив за состанокот што вчера тие го имале во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Во соопштението од Општина Центар пишува дека Жерновски сака да ги праша директорите дали состанокот бил партиски и да им го соопшти неговиот став за тоа дека во неговата општина...

Обама: Мирољубивите протести се многу важни

Мирољубивите протести се многу важни и неопходни за да дојде до социјални промени, рече претседателот на САД, Барак Обама, на телевизиската мрежа БЕТ, која главно ја гледа афроамериканско население, додека насекаде во САД се одржуваат протести поради одлуката на големите пороти во Мисури и во Њујорк да не биде покренато обинение против полицајци-белци кои усмртиле невооружени Афроамериканци. - Кога тие ќе...

Се зголемува бројот на протести во САД

Демонстрантите во Њујорк и во другите американски градови трета ноќ по ред протестираат против полициското насилство над малцинствата, а обвинителите најавија дека ќе ја разгледаат пријавата против полицаецот кој во ноември уби невооружен Афроамериканец. Убиството на Акаи Герли (28) во Бруклин, е последно во серијата смртоносни полициски акции што предизвика згрозување кај јавноста поради расното насилство на силите на редот...

Хаос во Атина: 211 приведени во жестоките немири

Најмалку 211 луѓе се приведени за време на немирите во Атина, кои избија на протестот за одбележување на шестгодишнината од смртта на тинејџерот Алексис Григоропулос. 06/12/14 #Greece, #Athens: Protesters clashed with police in #Exarchia as thousands marched to mark the sixth-year pic.twitter.com/f4IeEMSGO1— Global Revolution TV (@GlobalRevLive) December 7, 2014 Како што јавуваат грчките медиуми, неколку илјади лица синоќа одржаа протестен...

САД: Полицаец од Феникс уби невооружен Афроамериканец

Полицаец од американскиот град Феникс, Аризона, застрела 34-годишен невооружен Афроамериканец, за кој се сомневал дека е наркодилер. Phoenix protesters demand name of cop who shot and killed unarmed black father of four http://t.co/MUfi5BSWgt pic.twitter.com/wpnTPQLJHw — NBC News (@NBCNews) December 5, 2014 Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил на 2 декември. Полицаецот (белец) побарал Ремејн Брисбен да ги испразни џеновите, а кога...

САД: Нова ослободителна пресуда и нови протести

Стотина демонстранти протестираа на улиците на американските градови поради ослободителната пресуда за полицаецот белец, осомничен дека во јули го задавил Афроамериканцот Ерик Гарнер, кој илегално продавал цигари. Тоа е втора ослободителна пресуда за бел полицаец за помалку од десет дена. "Die in" at Grand Central Terminal after #EricGarner decision in New York City — http://t.co/WN3TiHf6LC pic.twitter.com/Liujy7qfZY — Newsweek (@Newsweek) December 4,...

Груевски: Групата што ќе протестира е партиски мотивирана

Ако првиот пат студентите не беа информирани за концептот пред да протестираат, сега сè е доволно јасно, посочи премиерот Никола Груевски, како коментар на најавите за нови протести на студентите. - Сега се знае дека станува збор за државен испит, а не за екстерно тестирање и за тоа дека овие два концепти се сосема различни. Исто така, се знае дека државниот...

(ВИДЕО) САД: Протести поради убиство на Босанец

Две лица се уапсени, на возраст од 15 и од 16 години, поради убиството на 32-годишниот Босанец Замир Бегиќ, во американскиот град Сент Луис, соопшти полицијата. Околу 50 Босанци што живеат во градот протестираа поради убиството на својот сонародник. Бегиќ е убиен брутално, со удар со чекан, додека седел во својот автомобил. Босанецот е пронајден повреден со тешки повреди, на кои подоцна...

Полицаецот што го застрела момчето црнец поднесе оставка

Дарен Вилсон, полицаецот од Мисури, што уби црн тинејџер, поднесе оставка, а неговиот адокат изјави дека одлуката за заминување од полицијата стапува на сила веднаш. На 9 август Вилсон го застрела невооруженото 18-годишно момче Мајкл Браун, по што настанаа серија протести во Фергусон. Протестите минатата недела се проширија и низ 180 градови во САД.  

Полицијата во Фергусон уапси 15 демонстранти

Уште 15 демонстранти уапси полицијата во Фергусон за време на новите протести против одлуката да не му биде судено на полицаецот кој во август застрела младо афрамериканско невооружено момче. Откако насобраната група луѓе не ја послушала наредбата да се разотидат, полицијата привела дел од насилните демонтранти.  

Мирна ноќ во Фергусон

Средата вечер мина мирно во Фергусон, по дводневните немири што избија поради одлуката на големата порота да не покрене обвинение против полицаецот Дарен Вилсон, кој со 12 куршуми летоска го уби Афроамериканецот Мајкл Браун. Сепак, демонстрантите во Лос Анџелес, Окланд и во другите градови во САД продолжија да протестираат, блокирајќи ги патиштата и судирајќи се со полицијата. #Oakland sees violent protests...

(ВИДЕО) Полицијата ги уапси лидерите на протестите во Хонгконг

Полицијата во Хонгконг го отстрани барикадите во областа Монг Кок каде логоруваат демонстрантите кои веќе два месеци протестираат. Полицијата соопшти дека 116 лица се уапсени поради престапи меѓу кои и незаконско собирање и напади на полицијата, како и нејзино попречување во работата. Меѓу уапсените е и студентскиот лидер, 18-годишниот Сколаризам Џошуа Вонг, и заменикот на генералниот секретар на Хонгконшката федерација на студентите,Честер...

Насилни протести во Фергусон

Одлуката на поротата во американскиот град Фергусон, Мисури, да не го осуди полицаецот што уби едно црно момче на 9 август годинава, предизвика насилни протести во градот. Стотици граѓани се собраа на улиците на Фергусон, а во еден момент простестите излегоа од контрола, со што се создаде неред и хаос. Американскиот претседател Барак Обама ги повика демонстрантите да не предизвикуваат...

Груевски: Екстерно тестирање нема да има, се разгледува воведување државен испит

Екстерно тестирање во високото образование не се планира и нема да има, туку она што се разгледува е воведување државен испит, рече премиерот Никола Груевски во вчерашното интервју за дневникот на телевизија „Сител“. Како што појасни премиерот , државниот испит има цел да го унапреди квалитетот на високото образование и да се стави крај на давањето дипломи без студентот да...

Лутовски: Проблемите на студентите се многу, но екстерното ја прелеа чашата

„Екстерното тестирање, за жал, не е единствениот проблем на студентите и ние немаме некоја култура на протестирање. Но, ете, екстерното тестирање беше некоја точка на вриење за некоја плодна студентска мобилизација“, вели Дејан Лутовски од студентската неформална организација „Студентски пленум“ во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. Според Лутовски, воопшто не значи дека доколку се заврши целиот проблем со екстерното...

„Студентски пленум“: Груевски омекна за екстерното, но не се премисли

„Студентски пленум“ го потсетува Груевски дека каков и да е моделот на спроведување на екстерното оценување, тоа сепак ја крши автономијата на Универзитетот, реагираат оттаму на вчерашната изјава на премирот Никола Груевски. „Може да се забележи омекнување во ставот на премиерот, но, сепак, и понатаму се инсистира на екстерното оценување. Дали премиерот ги помилува сите што излегоа на маршот во...

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...