fbpx

Само навидум мирни: Судентски акции 2007 – 2015 година

-

„Студентски пленум“, по протестите и по прогласувањето на автономија на универзитетите низ земјава, ја отвори дилемата дали во Македонија има студентски активизам и дали со последните случувања се разбудија студентите, кои, по правило, треба да се првата движечка сила во една држава.

Дали по осум години (од кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ) ова е прва акција на студентите? Сепак, не. Студентите својата борбеност ја имале и ја покажувале речиси секоја година. Можеби не со толкава масовност, но кај нив чувството за акција било постојано присутно.

2007
Пред новогодишните празници во 2007 година, студентскиот непокор се запали во Тетово. Иако медиумите недоволно посветија внимание на овој настан, сепак во Тетово вриеше. Студентите на Државниот универзитет протестираа против насилството. Тие својот глас го кренаа поради бруталното претепување на нивните колеги-студенти што се случи на одбележувањето на дванаесетгодишнината од основањето на оваа високообразовна институција.

protest na studntite

2008
Четириесетгодишнината од масовните студентски протести низ светот во 1968 година не беше интересна за одбележување во Македонија. Иако низ целиот свет во 2008 година се одржуваа студентски протести во чест на студентите од 1968 година, тоа не се случи и кај нас.
Од САД и од Мексико, преку Франција и Германија, до Полска, Чехословачка, Србија, Хрватска и до Босна, пролетта 1968 година светот се тресеше под налетот на студентски протсети кои бараа поголема социјална еднаквост, слобода за поединецот, запирање на сиромаштијата и служење на интересите на крупниот капитал и на силните политички интереси.

studentski indeks

2009
Сепак, по преспаната 2008 година, октомври 2009 година значеше крај за студентскиот молк. Тогаш се појави ново движење наречено „Студентски индекс“, кое организираше протести под мотото „Доста беше молк“. На протестот учествуваа студенти од Државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, како и од Европски универзитет и од други приватни универзитети. Протестот беше поддржан и од студентите на државните универзитети во Битола и во Прилеп. Тој почна пред Ректоратот на УКИМ, а заврши пред Владата на Република Македонија. Студентите бараа зголемување на буџетот за високото образование заради укинување на партиципацијата за студентите во државна квота, намалување на цените за приватната квота, бесплатни учебници, одредување стандарден процент од буџетот годишно за стипендии за постдипломците, подобрување на хигиенските и на животните услови во студентските домови и ваучери за апсолвентите. Tие бараа и нов закон за студентско организирање, како и унапредување на автономијата на факултетите и подобрување на слободата на студентско изразување.

Есента 2009 година триесетина бруцоши на дисперзираните студии на програмата за производство и преработка на тутун при Земјоделскиот факултет во Скопје, кои таа година првпат се отворија во Прилеп, протестираа пред Институтот за тутун. Тие беа револтирани зашто им била побарана партиципација од 100 евра за еден семестар за државна квота. Тврдат дека долго време биле емитувани медиумски пропагандни пораки дека уписот на овие студии во државна квота е без партиципација. Потенцијалните бруцоши се чувствуваа изневерени и тврдеа дека се подготвени да ги повлечат документите и да паузираат една студиска година во знак на револт поради измамата.

arhibrigada

Таа 2009 година е значајна за студентското движење и поради формирањето на „Прва архибригада“- студенти од Градежен факултет кои се собраа на протест против градењето црква на централниот плоштад во Скопје. Целта на протестот, според организаторите, беше да се крене гласот и да се искаже незадоволството против изградбата на верски објект бидејќи плоштадот не е простор во којшто поединци, за сметка на своите мегаломански апетити, имаат право да ги реализираат своите популистички идеи.

todorov na protest profesori

2011
Во 2010 година студентите повторно направија пауза за во 2011 година да протестираат заедно со професорите. Професорите протестираа со образложение дека автономијата на Универзитетот е загрозена со предложените измени на Законот за високо образование. Студентите, пак, преку протест ги подржаа овие измени и бараа нивните професори да се вратат во предавалните, а не да протестираат.

protest vo fakultet

2012
Во октомври 2012 година, група студенти протестираа пред Студентскиот парламент поради мешањето на политиката во студентските избори.
Според нив, канидатот што ја има вистинската поддршка од студентите е избришан од списокот, а наместо него се канидираат луѓе кои се политички поддржани.
Само за потсетување, во април таа 2012 година, студентите од „Студентски индекс“ протестираа и во знак на солидарност и поддршка за откупувачите на старо железо.

студенти протест

2014/2015

По 2013 година, која повторно ја преспаа, студентите видно зајакнати и омасовени ја покажаа сета своја сила во 2014 година и на почетокот од годинава. „Студентски пленум“ излезе како цврста неформална организација.

Дали таа цврстина во еден дел ја црпеа и од претходните години, кога студентите биле единствени бунтувајќи се поради погрешните политики, можеби ќе остане непознато, но, сепак, едно е јасно: студентското дижење во Македонија отсекогаш било на вистинската задача.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...