fbpx
Таг: протести

таг: протести

Грците со нови масовни протести за поддршка на Ципрас

Грчките граѓани масовно се мобилизираат за нов протест за поддршка на владата. На социјалните мрежи се шират голем број покани за повеќе протести и собири за спротиставување на барањата на европските институции и за силна поддршка на премиерот Алексис Ципрас. Под слоганот „Ги преземаме преговорите во наши раце - ја рушиме рецесијата“, илјадници граѓани утре ќе се соберат на главниот плоштад,...

Протести во Никарагва против изградбата на канал меѓу Тихиот и Атлантскиот Океан

Илјадници жители на централно-американската држава Никарагва излегле на протести против планираната изградба на вештачки канал, кој треба да ги поврзува Тихиот и Атлантскиот Океан, јавуваат светските медиуми. Каналот, кој ќе го гради кинеска фирма и ќе чини околу 50 милијарди долари, треба да биде подолг, подлабок и поширок од Панамскиот. Но, демонстрантите се плашат дека изградбата ќе има штетни последици по...

Почна протестот на движењето „Беса“

Неколку стотини граѓани попладнево во паркот во Чаир излегоа на протестот, организиран од движењето „Беса“. Според организаторите, станува збор за сеалбански протест на кој „се бара оставка од владата на Никола Груевски и на Али Ахмети, расветлување на сите албански вистини во Македонија и нов договор во државата“. Демонстрантите носат албански знамиња и извикуваат „Долу влада“, пренесува „Тетовасот“. Како што пренесува порталот...

Една затворска и три условни казни за последната група демонстранти од 5 мај

Една затворска и три условни казни им одреди Кривичниот суд во Скопје на обвинетите од последната група демонстранти што беа приведени по протестите пред Владата на 5 мај, пренесува „Утрински“. Тројца од демонстрантите ја признаа вината дека го сториле делото учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство. Ним судот им одреди условни казни од три месеци, кои нема...

Двојни протести во Феникс, едни против, други за исламот

Пред џамија во Феникс, во американската сојузна држава Аризона, околу 500 демонстранти се собраа при што половината од нив протестираа против исламот, додека другата половина им се спротивставуваа. Полицијата за време на протестот успеа да ги задржи одвоени двете групи, а демонстрациите завршија без насилства и апсења. Протестот против исламот го организираше жител на Феникс кој за себе вели дека е...

Осум условни и една затворска казна за демонстрантите од 5 мај

Осум од вкупно деветмината демонстранти што беа обвинети за насилство за време на протестите пред Владата, на 5 мај, денеска во Основниот суд Скопје 1 се осудени на условни затворски казни од три месеци. Условните казни нема да се изврашат доколку осудените во рок од една година не сторат ново кривично дело. Еден од обвинетите e осуден на ефективна казна затвор од...

Најава за целоноќни протести во Битола за оставка на градоначалникот Талески

Битолчани за идната недела најавуваат дека ќе започнат со целоноќни протести пред Општина Битола, кои ќе траат сè додека градоначалникот Владимир Талески не си поднесе оставка. Револтирани од неиполнетите ветувањата на Талески дека граѓаните ќе имаат точни и навремени информации каков воздух дишат и кој или кои се примарните загадувачи на амбиенталниот воздух во градот, членовите на здружението „За нас се...

Македонија, мирна: 48 часа, два митинга, 100.000 луѓе, ниту еден инцидент…

Најдобрата вест од двата митинга е дека поминаа без инциденти, иако за само 30 часа во Скопје, според различни процени, се собраа помеѓу 50.000 и 120.000 граѓани. Во високозапалива атмосфера, сето тоа помина без никаков инцидент, иако некои стравуваа, некои навиваа, а некои, дури, и се надеваа дека ќе има насилства. Иво Котевски, помошник-министерот за внатрешни работи,  за „Мета“ вели дека...

Река луѓе се слеваат низ Партизанска

Граѓани кои сакаат да дадат поддршка на денешниот митинг „Граѓаните за Македонија“ со автобуси пристигнаа од другите градови. Повеќе од дваесет автобуси од Куманово, Прилеп, Тетово, Гостивар се паркирани долж булеварот 8 Септември, како и на булулеварот Партизански одреди и спроти комплексот на „Ми-Да“. Граѓаните со транспаренти и со македонски и албански знамиња, се чекаа на крстосниците за сите заедно да продолжат да...

Движењето „Протестирам“ ќе се приклучи на утрешниот протест пред Влада

Граѓанското движење „Протестирам“ повикува на протестен собир на 17 мај, во 13 часот, пред Основниот суд 1, во Скопје и на заеднички марш до Владата на Република Македонија, што симболично ќе почне во пет до два. „На вечерниот собир пред Собранието, по протестите, граѓаните кои протестираат секој ден во 18 часот се согласија да излезат на протестот на 17 мај. Протестот ќе...

Поднесен обвинителен предлог против 12 демонстранти од 5 мај

Скопското обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднело обвинителен предлог против четворица демонстранти, кои беа приведени од полицијата за време на протестите против полициската бурталност, што се одржаа на 5 мај пред Владата, соопшти судот. Тие се товарат за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство. „Обвинителниот предлог е распределен кај надлежен судија кој ги ценеше...

Вечерашните собири не се пријавени, МВР ветува безбедност

Со вообичаено полициско обезбедување, денеска ќе се чува јавниот ред и мир во главниот град, каде две спротиставени групи треба да одржат собири. Од СВР Скопје велат дека ниту еден собир не е пријавен, но полицијата ќе ги преземе сите потребни мерки за нивно безбедно одржување. Едниот протестен собир ќе почне во 18 часот пред Владата. Активистите ќе бараат оставки и одговорност...

Маратонот, трибини, концерти и натпревари настрадаа поради Куманово

Поради актуелната безбедносна ситуација и случувањата во Куманово за време на викендот, откажани и презакажани се повеќе настани и манифестации. ВМРО-ДПМНЕ за недела, 10 мај, имаа закажано голем народен собир во Велес, но поради безбедносната ситуација, партијата го откажа собирот. Поради безбедносни причини откажан беше и Скопскиот маратон, што требаше да се одржи во недела со почетокот во 8.45 часот, а...

Кривични пријави за 11 учесници на протестите

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека примило две кривични пријави од МВР, поднесени против вкупно единаесет лица. По првата кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против девет лица, за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство. Осомничените делото го сториле во текот на протестите пред...

Почнаа контрите, ВМРО-ДПМНЕ не прави списоци на активисти, туку само ги „ажурира“?

Десетина автобуси од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска, како што соопштија оттаму, во знак на протест, се паркираа пред седиште на СДСМ. Од ЈСП велат дека се одлучиле на овој чекор поради демолирањето автобуси од поддржувачи на СДСМ на протестите против полициската бруталност. Речиси истовремено, новинарите од провладините медиуми, исто така, како што изјавија, го искажаа својот револт поради насилството врз...

Јанкулоска: Претстојат денови во кои полицијата повторно ќе биде на тест

„Македонија и нејзините институции се исправени пред еден од поголемите тестови во поновата историја и затоа од вас се очекува да бидете на висина на задачата. Да бидете истрајни и професионални и да ги почитувате Уставот и законите“, рече денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во своето обраќање по повод Денот на полицијата, осврнувајќи се на случувањата од...

Кривични пријави против четворица учесници во вчерашните протести

Полицијата подготвила кривични пријави против четворица скопјани, на возраст од 26 до 40 години, во врска со вчерашните протести за Мартин Нешковски што се одржаа пред зградата на Владата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Четворицата се товарат дека сториле кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување службени дејства“, стои во соопштение на МВР. Станува збор за...

Светските медиуми за антивладините протести во Македонија

„Македонските демонстранти бараат оставка на Владата, судири со полицијата“, „Најмалку 19 повредени на антивладините протести во Македонија“, „ Полицијата се судри со македонски демонстранти за време на антивладината криза“ се само дел од насловите што осамнаа во странските медиуми, кои пренесуваат информации на „Асошиејтед прес“, АФП и на „Ројтерс“. Странските медиуми наведуваат дека 19 лица се повредени во насилните протестите...

Варуфакис, ѕвезда на првомајските протести во Атина

Масовни граѓански протести се во тек во Атина во знак на одбележување на Први мај, Денот на трудот. Илјадници граѓани организирани од големите работнички синдикати, ги исполнија улиците на грчката претстолнина за да побараат подобри работнички права, крај на работничките притисоци и на финансиската криза и подобрување на општата економска ситуација во Грција. Покрај огромната маса граѓани, на протестот беа присутни бројни...

Нередите од Балтимор се проширија во Филаделфија

Протестите што се случија во Балтимор поради смртта на младиот Афроамериканец Фреди Греј, се проширија и во Филаделфија. Околу 600 лица протестираа во тој град, барајќи правда за Греј. Исто толку луѓе беа собрани и на протестниот марш во Балтимор. Немирите се случија по погребот на Греј кој почина во притвор, а тоа предизвика протести поради односот на полицијата. Во немирите беа...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...