fbpx
Таг: протест

таг: протест

Граѓаните со бакнежи и со прегратки, се обидоа да ја ослободат МРТВ

Неколку стотини граѓани денеска напладне се обидоа, заедно со генерал Стојанче Ангелов, на ненасилен начин да упаднат во МРТВ за да ја ослободат телевизијата од контролата на власта и да ги достават снимките од прислушуваните разговори. Полицискиот кордон ги спречи насобраните граѓани, придружувани од актерите Синоличка Трпкова, Сашо Тасевски и Софија Куновска да влезат во МРТВ. Насобраните жени, по повикот...

Ибраимовски: Власта нема бел образ, а не Ромите

„Сакаме слобода“, „И јас сум Ром“, Доста е дискриминација“, „Правда за Ромите“, „Оставка за Јанкулоска“... Со овие извици Ромите од цела Македонија го почнаа маршот против дискриминацијата, што, како што велат, врз нив ја врши власта. Протестот почна од спортската сала „Кале“, каде се паркираа неколку автобуси, за кои, според Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР, биле преполовени поради притисоци од власта. Крајната дестинација...

„Наставнички пленум“ в недела на протест пред МОН

„Наставнички пленум“ за недела, 22 март, најавува мирен протест и обраќање пред Министреството за образование и наука (МОН), на кој ќе ги искажат своите ставови и барања против актуелните реформи во основното и во средното образование, стои во соопштението објавено на фејсбук-страницата на пленумот. „Под мотото „Подобро образование за сите“, „Наставнички пленум“ ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се...

Средношколци маршираа против екстерното тестирање

Средношколци од неколку училишта од Скопје, преку марш побараа да се запре екстерно тестирање и математиката да не биде задолжителен предмет на државната матура. „Средношколски пленум“ маршот го почна во Градски парк, а со извиците „Не за математика“, „Преку матурата“ и „Ние сме иднината“ средношколците се упатија кон Министерството за образование и наука, каде го завршија протестот. - Нашето присуство овде...

Средношколците денеска маршираат

Средношколци се собраа пред фонтаната во Градски парк во Скопје и го почнаа протестниот марш против задолжителното полагање математика за државна матура. Тие носат транспаренти на кои пишува „Шу матура“, „Шу прајте со нашето образование“, „Фати нè за уво, внеси нè на екстерно“.

Средношколски марш во 12 часот

Средношклоците денеска во 12 часот ќе протстираат во повеќе градови низ Македонија против, како што велат, лошите реформи во образованието. Маршот во Скопје ќе почне кај фонтаната во Градски парк, а ќе заврши пред Министерството за образование. „Да се собереме во што поголем број за да го искажеме нашиот револт кон лошите реформи. Бараме враќање на стариот концепт на матура и...

Стојанче Ангелов ги повика граѓаните на масовен протест в сабота

Актери, новинари и активисти вечерва го поддржаа генералот Стојанче Ангелов во протестот за ослободување на МРТВ. Генералот Ангелов смета дека кога ќе се ослободи телевизијата, тогаш граѓаните ќе можат да ја дознаат вистината за тоа како функционира актуелната власт. По собирот пред МРТВ, граѓаните се упатија кон Јавното обвинителство, каде Ангелов рече дека обвинителството е должно да ја тргне забраната кон медиумите да...

Притисоци за протестот на тетовските средношколци

„Стоп за екстерното тестирање“ и „Не за полагање математика“ порачаа попладнево тетовските средношколци на маршот кој „Средношколски пленум“ го организира поради новиот начин на полагање државна матура. На маршот поддршка му дадоа околу 200 ученици. Тие првин се собраа на градскиот плоштад, а потоа продолжија да маршираат по улиците Тодор Циповски-Мерџан и Иво Лола Рибар, сè до Работничкиот универзитет, каде се сместени...

Стојанче Ангелов и вечерва протестираше пред МРТВ

Стојанче Ангелов и неговите приврзаници вечерва повторно се собраа пред Македонската радио-телевизија, јави телевизија „24 Вести“. Тој уште еднаш побара јавниот сервис да ги објави снимките што ги презентира опозицијата и порача дека нема да поднесе кривична пријава за уредникот на информативната програма на МТВ, Горан Петрески, бидејќи, како што рече, му паднало жал зашто бил уплашен. Ангелов најави дека протестот освен...

Средношколците привремено ги прекинаа протестите

„Средношколски пленунм“ од Штип привремено ги прекина протестите и бојкотот на наставата, додека не добие одговор на барањата испратени до Министерството за образование и наука. Средношколците до МОН испратија неколку барања, меѓу кои главно е барањето истакнато на протестите – укинување на предметот математика како задолжителен во полагањето матура. Средношклците се децидни дека одвишок е иден студент да полага математика за...

Таксисти го блокираа Брисел

Неколку илјади таксисти денеска го блокираа центарот на Брисел поради владиниот план да се дозволи нарачување возила преку апликацијата „Убер“, со што се поевтинува овој вид на услуга. „Убер“ им овозможува на корисниците да нарачаат такси по цена која е трипати пониска од онаа на регуларното такси.

В сабота протест за Тамара во Велес

В сабота, во 12 часот, во Младинскиот парк во Велес ќе се одржи нов протест поради смртта на Тамара, на кој ќе се бара оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров. Протест требаше да се одржи во неделата, но организаторите го откажаа поради големиот медиумски притисок и обвинувањата кон семејството и кон мајката на Тамара. - Протестот ќе биде на едно...

Штипските средношколци повторно на протест

Штипските средношколци втор ден ја бојкотираат наставата. Попладнето излегоа на протест низ центарот на Штип, со барање да се укине математиката како трет предмет во полагањето на матура. Протестот го започнаа учениците од гиманзијата „Славчо Стојменски“, а потоа им се придружија и учениците од останатите средни училишта. - Протестираме бидејќи ја воведоа математиката како задолжителен предмет. Тоа учениците ги вознемирува бидејќи...

„Не за математиката“ и во Штип

На протест против полагањето математика на претстојната матура излегоа попладнево средношколците од Штип. Голем транспарент со испишана порака „Не за математиката на матура“, ја предводеше поворката во периодот меѓу двете училишни смени по центарот на Штип. Учениците, кое беа организирани од „Средношколски пленум“, по примерот на своите врсници од Куманово, Скопје и од неколку други градови, бараат да се исфрли...

„Ајде“ со протест побара МРТ да им се врати на граѓаните

Членовите на платформата за граѓанска политика „Ајде“, седнати на столчиња, одржаа протестен перформанс пред зградата на МРТ и ја побараа назад кај граѓаните. Тие јавно ѝ порачаа на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде јавен сервис на граѓаните, а не владин пропаганден мегафон. На овој настан, за слободата на изразување, за слободата на медиумите, за пропагандата и за улогата...

В недела во Велес, нов протест за Тамара

Протестот со кој се бараат оставки на одговорните за смртта на Тамара ќе продолжи во Велес, в недела, на 1 март. Вчера во Скопје неколку стотици граѓани бараа одговорност за смртта на девојчето, а пред протестот оставки си поднесоа директорите на ФЗО, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази.

Мајката на Тамара: Ќе продолжиме да бараме одговорност

Пред Министерството за здравство заврши протестот со кој се бараше оставка на министерот за здравство, Никола Тодоров. На присутните им се обрати мајката на Тамара, која рече дека нема да се откажат од тоа да бараат одговорност од оние кои се виновни за смртта на нејзината ќерка.  

Протестот продолжува кон Министерството за здравство

Граѓаните од протестот со кој се бара оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на Тамара, се упатија кон Министерството за здравство. Демонстрантите се опремени со црвени картони, а носат и транспаренти на кои пишува „Оставка“, „Тодоров, народот ти даде отказ“, „Вашиот термин дојде“, „Хорор во болниците“... Маршот почна пред Фондот за здравствено осигурување, а ќе заврши пред...

Граѓаните побараа оставка од Тодоров

Почна протестот со кој се бара оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на Тамара. Демонстрантите се опремени со црвени картони, а носат и транспаренти на кои пишува „Оставка“, „Тодоров народот ти даде отказ“, „Вашиот термин дојде“, „Хорор во болниците“... Маршот почна пред Фондот за здравствено осигурување, а ќе заврши пред Министерството за здравство. Веста за оставката на директорката на...

Протест на машките здолништа во Турција

На познатата трговска истанбулска улица Истиклал, една група млади мажи се облекоа во здолништа и излегоа  за да протестираат против сè позачестеното насилство врз жените во Турција. Директен мотив за протестот беше убиството што се случи пред една недела, на младата студентка Озгечан Аслан, на југот на Турција и желбата за се поддржи борбата на сите жени во борбата против насилството...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...