fbpx

Штипските средношколци повторно на протест

-

Штипските средношколци втор ден ја бојкотираат наставата. Попладнето излегоа на протест низ центарот на Штип, со барање да се укине математиката како трет предмет во полагањето на матура.
Протестот го започнаа учениците од гиманзијата „Славчо Стојменски“, а потоа им се придружија и учениците од останатите средни училишта.

– Протестираме бидејќи ја воведоа математиката како задолжителен предмет. Тоа учениците ги вознемирува бидејќи сепак има некој кој не учи во математчки клас и не сака да го изучува тој предмет. Тука најмногу има ученици од гиманзијата, но не поддржуваат и ученици од другите училишта – изјави еден средношколец.

-Не може да полагаме математика. Секој ученик треба да избира што ќе полага, а не да полагаме математика – е ставот на еден од штипските средношколци, кој протестираше во групата.

Нездоволните средношколци застана пред зградата на општината Штип, каде работи Секторот за образование. Средношколците извикуваа „Помогнете ни“, меѓутоа, никој не се појави од Секторот, по што продолжија понатаму.

Инаку, во некои од средните училишта, раководствата направија обид да ја одржат наставата. Во некои класови настава се одржа и за само неколку ученици кои не излегоа на протестот.

В.К

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...