fbpx

Опозицијата го повикува министерот Јанакиески да дојде во Охрид

-

Опозициските парти во Советот на Општина Охрид го бараат министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, да дојде во Охрид и да им ги образложи активностите што се преземаат на атрактивните локалитети во градот. Советниците од опозицијата велат дека станува збор за локации кои се мошне значајни за градот, а кои, како што велат, се раскрчмуваат од страна на Општината.
– Станува збор за археолошки наоѓалишта, значајни од културно-историски и верски аспект. Затоа бараме да се произнесе Заводот и Музеј, а бараме да се произнесе и да гостува на следната седница на Советот на Општина Охрид, министерот за транспорт и врски – вели Дејан Блажески, советник од Либерално-демократската партија.
Опозицинерите сметаат дека не е важно дали се почитуваат некои законски прописи, туку најважно е да се сочува основниот изглед на Охрид.
– Доколку биде одбиен нашиот предлог и доколку не забележиме слух кај одговорните, јас, како советник од ЛДП, со поддршка од опозицијата, ќе ги договориме формите за граѓанско дејствување со што нема да дозволиме да се расркчмува имотот на Охрид. И не е важно дали станува збор за законски или незаконски прописи, туку најважната поента е дека Охрид мора да го сочува својот основен лик и она за што во принцип граѓаните нè избираат – објаснува Блажески.
Од ВМРО –Народна партија дадоа максимална поддршка на предлогот на ЛДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...