fbpx
Таг: програма

таг: програма

Заев на средба зо Јазбец: Oчекувам да биде избран новиот претседател на Собранието

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец, при што разговарале за процесот за формирање нова влада во Македонија. Заев го информирал амбасадорот Јазбец за обидите од страна на Иванов и на Груевски за продлабочување на политичката криза во Македонија, како и за посветеноста на СДСМ за скорешна институцонална разврска на кризата. - Ја...

СДСМ: Ако е за унитарност, ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи програмата на новата влада и СЈО

Ги повикуваме Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ако се за унитарна, суверена Македонија во која функционира правдата, јасно да ја поддржат програмата на новата влада на Македонија и работата на Специјалното јавно обвинителство, да ја прифатат новата реалност дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека...

СДСМ: Програмата на новата влада ја гледаат сите, освен ВМРО-ДПМНЕ

Единствената реална платформа што ја гледа целата домашна и меѓународна јавност е програмата на новата реформска влада, која содржи мерки за основните потреби на граѓаните и ја гарантира унитарноста на државата, стои во реакцијата на СДСМ на изјавите од ВМРО-ДПМНЕ. „Единствено ВМРО-ДПМНЕ има потреба да се преправа дека не ја гледа програмата на новата влада, затоа што раководството на партијата...

Заев: Еве ја програмата, граѓаните нека се вратат дома, а Иванов нека ја оцени

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја претстави новата програма на идната влада, која, како што рече, произлегува од предизборната програма „План за живот“ на СДСМ, но и на програмите на партиите за кои гласале мнозинството граѓани. Тој ги повика партиите - партнери во коалицијата да ја оценат, опозицијата да ја искоментира, претседателот Иванов да ја преиспита одлуката за мандатот, а граѓаните...

Техада: Се надевам дека Собранието ќе го реши прашањето за локалните избори

„Се надевам дека Собранието ќе го реши наскоро ова прашање и се надевам дека наскоро ќе има избори, иако малку подоцна отколку што беше планирано. Сепак, најважно е изборите да се одржат“, одговори на новинарско прашање за пролонгирањето на локалните избори швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техада, на завршниот настан на програмата „Форуми во заедницата“. Министерката за локална самоуправа Ширет Елези,...

Заев: Иванов изврши државен удар со одлуката да не го даде мандатот

„Ѓорге Иванов, со одлуката да не го даде мандатот за состав на влада, за што е обврзан со Уставот, изврши државен удар. Државата ја внесе во длабока криза со несогледливи последици по граѓаните“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не му го даде мандатот. Со оваа одлука, како што рече Заев, тој прави уставно-државна...

СДСМ ги попречува проектите од програмата „Реално“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ веќе две и пол години преку вештачки креирана криза се обидува да ја заобиколи волјата на народот за да дојде на власт, а Македонија и нејзините граѓани плаќаат огромна цена за ваквото штетно и деструктивно однесување на СДСМ, изјави на прес-конференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. - Мнозинството граѓани на последните парламентарни избори ја дадоа поддршката за програмата „Реално“ и за...

СДСМ: Последните податоци за загадувањето се доказ за несериозноста на Владата

Последните податоци според кои Скопје, Тетово и Битола се во 10-те најзагадени градови во Европа уште еднаш ја докажа несериозноста на Владата во заминување, за решавање на проблемот со загадувањето, велат од СДСМ. „Власта во заминување која ги опустоши зеленилата во урбаните средини и на нивно место градеше згради заради остварување лични профити ја наруши циркулацијата на воздухот и ја...

Вработени во МВР на обука во Даблин за компјутерски криминал

Двајца вработени во Министерството за внатрешни работи ќе бидат дел од обуката за дигитална форензика и истрага на компјутерски криминал, на Универзитетот во Даблил, Република Ирска. Обуката, како што соопштуваат од МВР, е во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа за таргетирање на компјтерски криминал во Југоисточна Европа и Труција (iPROCEEDS). „Учеството во Програмата е финансирана...

Битолскиот музеј со проект за санација на Офицерскиот дом во Битола

Со проект за санација и за ревитализација на Офицерскиот дом, Завод и музеј Битола влезе во годишната програма на Министерството за култура за 2017 година. Засега не се знае колку средства ќе бидат издвоени за изработка на проектот, кој треба да понуди решение за обнова на еден од најмаркантните објекти на Широк сокак, кој последната деценија е претворен во руина. -...

„Фрајле“ и 1.500 василичари ќе ги забавуваат посетителите на Вевчанскиот карневал

Околу 1.500 василичари ќе учествуваат на годинешниот Вевчански карневал, на кој главна атракција ќе биде женскиот бенд од Нови Сад „Фрајле“, соопшти денеска на прес-конференција во Скопје градоначалникот на Општина Вевчани, Цветомир Угриновски. Според програмата на карневалот, од домашната сцена ќе настапат дуото „ДНК“ и групата „Нокаут“, додека од фолк-сцената, посетителите и туристите ќе ги забавуваат Анета Наковска и Ефто...

Европската комисија одобри 90 милиони евра како поддршка за влез на Албанија во ЕУ

Европската комисија одобри околу 90 милиони евра како поддршка на Албанија за нејзиниот пат кон членство во Европска Унија, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Програмата наменета за Албанија ја следи политиката на проширување со фокусирање на областите како владеење на правото, економски развој и конкурентност. Исто така, се поддржува и имплементацијата на албанската стратегија за борба против корупцијата и реформите во...

Тачи: Во идната влада ќе бараме да има само еден вицепремиер, но со право на вето

Лидерот на ДПА и носител на листа во изборната единица 6, Мендух Тачи, вечерва на митингот на партијата во Боговиње, Тетовско, порача дека ќе бараат во идната влада да има само еден вицепремиер, кој ќе има право на вето на одлуките на владата. Тој истакна дека на овие избори имаат програма која се разликува од таа на нивниот политички опонент,...

Груевски од Тетово: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи затоа што има квалитетна и реална програма

Победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 11 декември е јасна бидејќи произлегува од сиот минат труд и од квалитетот и од реалноста на новата програма на партијата и на коалицијата, порача лидерот на владејачката партија и носител на листа во изборната единица 4, Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Тетово. - Победата е изработена со сите проекти и дела кои...

Вељаноски: СДСМ предвидува реорганизација на локалната самоуправа

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ја обвини опозицијата дека во својата предизборна програма предвидува реорганизација на локалната самоуправа и формирање локални полиции. На денешната прес-конференција во центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Вељаноски истакна дека СДСМ во својата програма задира и во културата, образованието, децентрализирањето на социјалната заштита, управувањето со земјоделското земјиште, а сето тоа го оцени како скандалозно и опасно за иднината...

Левица најави забрана за отворање странски воени бази во Македонија

Партијата Левица, која самостојно ќе настапи на изборите на 11 декември под реден број 11, најави 15 ударни мерки во нејзината изборна програма. Раководството на партијата преку медиумите најави воведување на минимален гарантиран приход по семејство, враќање на можноста работникот да стекне право на пензија и врз основа на работен стаж, забрана на понатамошна приватизација на јавните претпријатија, запирање на...

„Твитер“ му порача на ВМРО-ДПМНЕ: Реално треба во затвор да одат и парите да ги вратат

Изборниот слоган на ВМРО-ДПМНЕ „Реално! Работа, сигурност, напредок!“ за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, на социјалните мрежи предизвика голем број коментари. Корисниците на „Твитер“ искажуваат недоверба во волјата на владејачката партија за реализација на проектите од програмата. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за 2017-2020 година која владејачката партија планира да ја реализира доколку победи на изборите, на 516 страници содржи стотици...

Николовски најави повисоки плати и помали трошоци за секое семејство

Носителот на кандидатска листа на коалицијата предводена од СДСМ во третата изборна единица, Љупчо Николовски, денеска пред граѓаните на Делчево соопшти дека врвен приоритет на нивната коалиција ќе биде парите да се вратат назад, кај граѓаните. Тој најави дека во првите четири месеци минималната плата ќе биде зголемена на 12.000 денари, а до крајот на мандатот на 16.000 денари. - Наш фокус...

Груевски: Подготвени сме за голема победа

Подготвени сме за силна и голема победа која ќе обезбеди стабилност на Република Македонија, победа која ќе обезбеди државата да излезе од оваа криза во која ја донесе опозицијата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по денешната средба со лидерите на политичките партии од коалицијата За подобра Македонија. Партијата и коалицијата, посочи Груевски, се подготвени за победа која ќе овозможи...

Министерот за образование Лутфиу се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп. На средбата била истакната досегашната успешна соработка на полето на образованието и на науката меѓу двете земји. Министерот Лутфиу го информирал амбасадорот Пломп дека МОН целосно стипендира тројца студенти на додипломски студии и двајца студенти на магистерски студии за академската 2016/2017 година на универзитетите „Гронинеген“, „Лајден“...

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...