fbpx
Таг: програма

таг: програма

СДСМ со митинзи во Тиквешијата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Полог

Во рамките на шестиот ден од предизборната кампања за локалните избори, денеска Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средба со граѓани во Прилеп и во Росоман и митинзи во Демир Капија, Неготино и Кавадарци. Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во Гостивар и Тетово. Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе има предизборни активности...

Груевски им го цитираше Ганди на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

„Бидете промената која сакате да ја видите“. Со овој цитат на Ганди, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им се обрати на кандидатите за градоначалници на опозициската партија на денешната политичка акадамија во хотелот „Мериот“, на тема „Јакнење на демократијата на локално ниво“, во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Германија и на Институтот „Павел Шатев“. Инаку, Мохандас Махатма Ганди, водачот на индиското движење...

Милошоски: На локалните избори очекуваме најмногу гласови, советници и градоначалници

Пратеникот Антонио Милошоски денеска на прес-конференција во партиското седиште соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија се целосно подготвени за настап на локалните избори. Милошоски истакна дека очекуваат со нивната програма и кадровска понуда да освојат најголем број гласови на локалните избори, најголем број советници во споредба со другите политички партии и најголем број градоначалници споредбено со другите политички...

Иселеничкиот Форум за демократска Македонија ја објави програмата

Форумот за демократска Македонија на група на иселеници од Република Македонија и нивните потомци од целиот свет ја објави програмата, на својата фејсбук-страница. „Форумот сака да ја види земјата како прогресивна, демократска, граѓанска, европска, просперитетна држава, која ќе создава подобар живот за сите свои граѓани. Држава што ќе биде пример за мултиетничко општество, засновано на заемна почит, толеранција и на...

Надлежните институции ќе изработат Програмa на економски реформи

Министерството за финансии го отвора процесот за изработка на Програма на економски реформи, за периодот од 2018 до 2020 година. „Овој документ ќе претставува основа за клучните реформски процеси на Владата кои дополнително ќе го интензивираат нашиот дијалог со ЕУ“, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски на иницијалниот состанок на кој учествуваа и претставници од Директоратот за соседска политика и...

На плоштадот Македонија се подготвува пречек на ракометарите на „Вардар“

На плоштадот Македонија се подготвува пречекот на ракометарите на РК „Вардар“, кои таму треба да пристигнат во 13 часот. Сцената, на која ќе се одвива предвидената програма, е поставена во близина на Камени мост. Ракометарите на „Вардар“, кои ја освоија европската шампионска титула, се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ во 11.15 часот, од каде ќе се упатат кон плоштадот...

Милошоски: Мандатарите секогаш давале по 12 дена за дебата за владата и за министрите

„Да се закаже седница за само еден ден, во најмала рака е срамен и недемократски чин кон јавноста и кон Собранието. Тоа покажува дека Зоран Заев се плаши од подетални анализи на нивниот леток што го нарекува програма. Но, се плаши и од подетални анализи што ќе покажат каков е кадровскиот потенцијал на новите предложени министри за владата, која...

ЕК: Македонија треба да развие конкретна фискална стратегија

На годишниот економски и финансиски дијалог на ЕУ со земјите на Западен Балкан и Турција во Брисел државите се согласиле да ги забрзаат економските и социјалните реформи, со цел зајакнување на макроекономската стабилност, зголемување на конкурентноста и инклузивен пораст. Како што е наведено во заедничките заклучоци, Македонија се согласила да развие конкретна стратегија за фискална консолидација, да ги заштити инвестициите, да...

СДСМ: Иванов да престане со неразумните оправдувања за да го заштити Груевски

Парламентарното мнозинство е подготвено да ја реафирмира пред јавноста и пред Ѓорге Иванов програмата на новата влада и тоа ќе го направи, велат од СДСМ во нивното утринско соопштение. Според нив, граѓаните, општините, институциите имаат потреба од итна стабилизација на државата. „Но, врвен интерес на граѓаните е Иванов да постапи во согласност со Уставот, да престане со сите неразумни оправдувања што имаат...

СДСМ: Нема повеќе никакви пречки за Иванов да го даде мандатот за нова влада

Не постојат повеќе никакви пречки мандатот за нова влада веднаш да биде доделен, а Ѓорге Иванов нема повеќе никакви изговори за да ја исполни својата уставна обврска кон граѓаните на Македонија, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Од партијата алудираат на одлуката за изборот на Талат Џафери за нов претседател на Собранието, која денеска е објавена во „Службен...

Богдановиќ бара од Жерновски запирање на градежните работи на Кејот 13 Ноември

Претседателот на општинската организација на СДСМ Центар, Саша Богдановиќ, денеска поднел барање до градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, за запирање на градежните работи на Кејот 13 Ноември. „Причината за поднесување на барањето е избегнување на сите евентуални штетни последици кои може да настанат, како за животната средина, така и за формално-правниот аспект од веќе почнатото спроведување на одлуките на...

Заев за БТВ: Ќе му докажеме на Иванов дека ја гарантираме унитарноста на Македонија

„Господинот Иванов го крши Уставот, ја штити владејачката гарнитура и сето тоа го прави за да нема трансфер на власта и да нема одговорност на врхушката на нашите политички опоненти. Јас сум убеден дека со овие чекори што ги преземаме, ќе дојде до доделување на мандатот од Ѓорге Иванов кај нас за да формираме влада и во македонското Собрание...

Заев – Жбогар: Избран е новиот собраниски претседател, треба да се избере и новата влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, информираат од партијата. Во соопштението се вели дека двајцата соговорници констатирале дека е заокружено формирањето на парламентот со изборот на новиот собраниски претседател и дека демократскиот процес мора да продолжи со формирање на новата реформска влада. Иако програмата на новата влада е позната за целата домашна и меѓународна јавност,...

СДСМ: Иванов да го прекине самоволието

„Иванов ќе добие и официјално известување од новиот собраниски претседател дека е демократски формирано легитимно парламентарно мнозинство и дека мора да постапи согласно Уставот и волјата на граѓаните и да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да ја формира новата влада“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да го...

Два филмски фестивали ќе се одржат во Штип неделава

Штип неделава ќе биде дoмаќин на два филмски фестивали. Вечерва во Домот на млади ќе гостува филмскиот планински фестивал „Ехо“, со програма која е селекција од најдобрите и наградувани филмови на фестивалот, што лани во октомври се одржа во Скопје. Филмовите изобилуваат со убавините на планината, зборуваат за планинарите, искачувањата и за слободата. Фестивалот го организираат Дом на млади од Штип и Форумот...

СДСМ: Груевски нема право да нуди 51 избран пратеник како да се негова лична своина

„Груевски нема право да нуди 51 избран пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како да се негова лична своина. Прво, парламентарно мнозинство веќе постои и тоа никој не го бара од него. А, и дали некои од опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе најдат здрав разум и ќе ги поддржат реформите по формирањето на новата реформска влада, исто така не зависи од Груевски“,...

СДСМ: Мора да проработи здравиот разум наместо нафтата на Мијалков

Ѓорге Иванов да овозможи мирен трансфер на власта, наместо да штити криминалци, стои во утринското соопштение на СДСМ, од каде велат дека се потврдило „сценариото на Иванов и Никола Груевски за блокада на демократските процеси, поради криминални интереси“. „Здравиот разум мора да проработи наместо нафтата на Мијалков. Слушнаа граѓаните дека шест милиони евра потрошил братучедот на Груевски, Сашо Мијалков во...

СДСМ: Документ веќе има, Груевски може да се подготви единствено за опозиција

Никола Груевски може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со правдата, ефектите од неговите документи граѓаните ги почувствуваа, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за „Канал 5“. - Сега, пред целата домашна и меѓународна јавност има конкретен документ зад кој стојат околу 700.000 граѓани на Македонија. Тоа е програмата на новата...

СДСМ: Груевски мора да се вразуми и да овозможи мирен трансфер на власта

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да се вразумат, да прифатат дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ нагласуваат дека мнозинството граѓани на 11 декември минатата година, со 700.000 гласови гласале за промени, а против „милионските криминали и злоупотреби и против системското уништување на судството, медиумите,...

Мицкоски: Гасификацијата ќе чини 150 милиони евра

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ досега ја изгради примарната гасоводна мрежа од Клечовце до Штип. Магистралниот гасовод  Штип – Неготино е во напредна фаза на изградба и се очекува да заврши до крајот на оваа година“, изјави денеска на прес-конференција членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека во фаза на изградба е магистралниот гасовод Скопје - Тетово...

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...